ПОНИЖУВАЊА! Свети Игнатиј Брјанчанинов

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 31 Views

ПОНИЖУВАЊА

На прашањето на преподобен Авва Доротеј:

„Што да правам: Се плашам од срамот – понижение“, Сверти Јован Пророк одговорил:

„Ако не се трпат пониженија тоа е дело на неверување.

Брате! Исус стана човек и претрпе понижение:

Зарем ти си поголем од Исуса? Тоа е неверување и демонска прелест“.

Понижувањата и другите неволји исто така го покажуваат притаениот грев во длабочината на душата.

Тагата предизвикана од тоа се нарекува искушение, бидејќи ја открива скриената состојба на срцето.

Природно е во човекот, кој се`уште се наоѓа под власт на гревот, таа да го разоткрива гревот кој живее во длабочината на душата , а се појавува преку огорченост на срцето, тага, помисли на негодување,самооправдување, осветољубивост и омраза.

Појавата на тие страсти во душата, особено притисокот на помислите и фантазиите, служи како сигурен показател на дејствување на паднатиот горд дух.

Не треба да тагуваш заради оние кои за тебе кажале некои неповолни зборови. Тоа е од незнаење и по дозвола на Божјата промисла, кои очигледно смета дека на тебе ти е потребно смирение и исчистување по пат на понижување од страна на луѓето.

Биди во љубов и во мир со сите, па и со оние кои те навредиле бидејќи без тоа нема духовно напредување. Вознесувај му слвословие на Бог за се што ке се случи и препушти се на волјата Божја.

Пиј ги потсмевите секој миг, како жива вода – вели Свети Јован Лествичник; а кој ке отфрли оправдан или неоправдам прекор, тој го отврлил сопственото спасение.

Што да очекуваме ние грешните кои заслужуваме секаква казна, кога и безгрешниот Господ пострадал?

Он рекол: „ Каде што сум јас, таму ќе биде и мојот слуга. “

Ако сме слуги Христови, тогаш заедно со Него треба и да пострадаме, за заедно со Него и да се прославиме.

Господ е на крстот и ние треба да се распнеме;

Господ Го понижуваат и Го плукаат – и ние треба да го очекуваме истото и да се подготвуваме мирно да го поднесеме секое понижување.

Енциклопедија на православниот духовен живот – Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви Мина Даниловска