Поради нив светот сѐ уште и постои! – Потсетник за Богојавление (Митрополит Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 37 seconds


Потсетник за Богојавление (17.01.2021 16:58)

На две вистини да се потсетиме.

Прва, на Богојавление за првпат доаѓа до израз Тајната на новозаветното, царско и есхатолошко свештенство – во ликот и делото на свети Јован Крстител.

Свети Јован Крстител не е носител на официјалното и институционално свештенство, но сепак Го крштева Господ.

Токму преку Крштевањето на Христос, тој ја објави тајната и силата на новозаветното, царско и есхатолошко свештенство и крајот на старозаветното. Ова, ново свештенство, може секој крстен да го има.

Достигањето на вториот степен од духовниот развој – просветлувањето на умот со дарот на умно-срдечната молитва, е внатрешно духовно покритие на Светата Тајна Свештенство, но тоа е и личен дар за нас во Црквата, дар на новозаветното, царско и есхатолошко свештенство, т.е. дар кој ќе нѐ краси и во Царството Небесно.

Во суштина, Бог, Тајната на Домостројот на нашето Спасение во Црквата ја восовршува само преку оние кои се удостоиле да бидат носители на царското, новозаветно, внатрешно и есхатолошко свештенство, без оглед на тоа – дали го имаат и дарот на официјалното и формално свештенство.

Поради нив светот сѐ уште и постои.

И втора, Богочовекот Исус Христос е Оној што благословува и осветува; и Нему не Му треба никакво осветување или обрезание или крштевање, а сѐ што прави, прави заради нас и наше спасение.

Затоа Он се крсти од свети Јован во водите на реката Јордан, а на сите нас ни овозможи да се крстиме со вода и со Свет Дух, во Црквата.

Он се крсти во водата, а сѐ создадено благослови и освети, и тоа повторно стана погоден материјал за совршување на Светите Тајни.

Заради Него се отворија Небесата, а на нашето срце му се овозможи да стане влез и седиште на Царството Небесно.

„Гласот на Отецот од Небесата за Него сведочи: ’Тој е Мојот возљубен Син и на Него е Мојата милост‘“ (Матеј 3, 17), а на сите нас восиновување ни благовести.

Да, Бог се јави како Света Троица, а луѓето, возглавени од вистинскиот Човек – Богочовекот Христос, се јавија како Црква на Светиот Дух, како несоздадено-создадена икона на Света Троица и како автентични сведоци на Божествената љубов (види: Јован 17, 21).

Пресвета Богородице, преку Која секој Божји дар го добиваме, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/17/30468/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

 На рјеках Вавилонских... (12.09.2020 14:39)(Основни човечки дарови)Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за берење, тој ги испрати при лозарите своите с...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Митрополит Струмички Наум:Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 15:29) Евангелската случка со бурата на морето и одењето на Петар по водата е веќе толкувана, и ако добро се сеќавам, објаснувањето се сведува на тоа дека бродот ја симболизира Светата Црква, дека бурата ги симболизира искуше...

Image Description
2 years ago

БEСEДА за Рут

    …Твoјoт нарoд ќe бидe мoј нарoд и тoвјoт Бoг – мoј Бoг… самo смртта ќe мe раздeли oд тeбe (Рут. 1:16-17).Oвиe збoрoви сe убави и кoга ги кажува синoт на таткoтo, и ќeрката на мајката, и жeната на мажoт. Нo тиe трипати сe пoубави кoга снаата ги кажува на свoјата свeкрва. А нив ги и...