ПОСНО – ПАШТЕТА ОД КОМПИР! (Идеи пред Великиот пост)

ПОСНО – ПАШТЕТА ОД КОМПИР! (Идеи пред Великиот пост)

ПОСНО – ПАШТЕТА ОД КОМПИР! (Идеи пред Великиот пост)

Паштета од компир

Потребно ни се:

4-5 компири,

250 гр. мелени ореви или семки од сончоглед,

1-2 лажици доматно пире, сок од половина лимон, сол, бибер, ситно сецкан млад лук или кромид по желба.

Може да се додаде и оригано по желба, маслиново масло, власец.

Подготовка:

Компирите се варат (подобро е со лушпа).

Кога ќе се сварат компирите, водата не се фрла, бидејќи по потреба се додава во паштетата.

Компирот се лупи, се пасира и се додаваат другите состојки.

Се блендира со миксер или во мултипрактик.