ПОСТОИ САМО ЕДНО СРЕДСТВО – НЕПРЕСТАЈНА МОЛИТВА (одговори од Старецот)

ПОСТОИ САМО ЕДНО СРЕДСТВО – НЕПРЕСТАЈНА МОЛИТВА (одговори од Старецот)

ПОСТОИ САМО ЕДНО СРЕДСТВО – НЕПРЕСТАЈНА МОЛИТВА (одговори од Старецот)

Христос помеѓу нас!

Bo врска co тебе, моја желба е да живееш co духовен живот и се’ што ти лежи на душа, се’ да искажеш заради Бога, за спасение на душата.

„Внимавајте ако одите во опасност („живеете”, вели апостолот. И сета наша внимателност без Божјата благодат се разбива на парчиња, бидејќи не е во наша власт да истраеме во добродетелта (доблеста), како што ти зборував и порано. Треба силно да се тежнее кон добродетелта и да се присилуваме себе на неа, а тоа зависи од нашата слободна волја.

Ти сега имаш претстава за внатрешниот живот и некои навики. Присилувај се почесто на внатрешна молитва онолку колку што имаш време и сила за неа.

Вежбај се во сеќавањето на смртта и моли Го Бога да ти го подари тоа сеќавање. Види каков е овој наш привремен живот: непостојан, променлив и брзо проаѓа и ги одвлекува во расеаност луѓето без духовно внимание.

А за да се стекне внатрешниот мир, постои само едно средство — непрестајна молитва. Очајот и тагата ќе поминат, стрпи се, не паѓај co духот! Бог нека ти помогне и нека те сочува!

He e добро да им се верува на луѓето отстрана. Луѓе како луѓе; понекогаш од комарецот прават магаре и гледаат само слабост, а не можат да ги разберат келијските солзи и не се способни да проникнат во внатрешниот живот на осамениот монах.

Сгепените на духовното напредување се различни и духовното може да го познае само (про)духовен човек. Најкорисно од се’ е да се сметаат сите луѓе за добри, а себе за полош од сите. Ако само се погледнеш себе си, тогаш ќе видиш дека навистина си полоша од сите, за што ти зборував и порано.

Секогаш те споменувам во своите недостојни молитви и според твојата вера, нека биде милоста Божја co тебе.

(Од книгата „Писмата на Валаамскиот Старец)