Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот нахранувајќи го и необлечениот облекувајќи го, одејќи со брзање во црквата Божја, пазејќи ]а со страв заповедта Божја, со вера барајќи го царството Божјо, како што рече Господ: „Не грижете се што ќе јадете или што ќе пиете, или во што ќе го облечете своето тело, зашто и неверниците ги бараат сите овие работи.