ПОУКА ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ (Колку почесто толку подобро!)

ПОУКА ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ (Колку почесто толку подобро!)

СВЕТА ПРИЧЕСТ

Свети Серафим Саровски вели:

Исклучително значајно и неопходно за спасението на душите на сите христијани е причестувањето со Светите Христови Тајни.

Колку почесто толку подобро.

Да се возмутуваме поради својата недостојност оддалечувајќи се од причестувањето со Светите Тајни е грев.

Кога со своите солзи би исполниле и океан, ни тогаш не би можеле да Му се оддолжиме на Господа за даровите што врз нас бесплатно Ги излева.

Благодатта што ни се дава преку Светата Причест е толку голема што човекот, кога би бил уште толку недостоен и грешен, би се очистил и би се обновил, ако само со смирение и со свест за својата грешност пристапува кон Господа.

Кој се причестува тој секаде ќе се спаси, а оној кој не се причестува – не верувам!

И кога на колена би морал да се влечам до црквата, јас би го сторил тоа – само да не останам без Светата Причест!“