2NOV_0332ПОУКИ КОН ОНИЕ КОИ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ

 По соединувањето, треба да просиме од Господа да го зачуваме Дарот достојно и да ни даде помош да не се враќаме назад, на претходните гревови.

Кога го запрашале старецот: „Зошто по соединувањето понекогаш чувствуваш утеха, а понекогаш – студенило?“ – тој одговорил: „Студенило се јавува кај оној, кој бара утеха од соединувањето, а кој се смета себе за недостоен, кај него останува благодатта“.

Прашање: „Зборуваат, кога се соединуваш, тогаш во тој ден потребно е да се јаде посна храна?“ Одговор: „Отецот Леонид зборувал дека треба да се пости тој ден и да не се јаде млеко, а старецот Макариј бил снисходлив кон немоќите и велел дека можно е да се јаде и мрсна храна“.

Кога се соединуваш, тогаш еден ден немој да ја плакнеш устата и не плукај. Ако ти е дадена поголема честичка од светите дарови, тогаш изџвакај ја во устата, а ако е мала веднаш голтни ја; и немој да обрнуваш внимание на хулните помисли, а укорувај се себе си за својата гордост и за осудувањата кон другите.

преподобен Амвросиј Оптински

&

Повеќе ...