ПРАВОСЛАВНАТА ПСИХОТЕРАПИЈА (доктор Дмитриј Авдеев, православен психотерапевт)

ПРАВОСЛАВНАТА ПСИХОТЕРАПИЈА (доктор Дмитриј Авдеев, православен психотерапевт)

ПРАВОСЛАВНАТА ПСИХОТЕРАПИЈА (доктор Дмитриј Авдеев, православен психотерапевт)

Разговор co доктор Дмитриј Авдеев, православен психотерапевт од Москва

МОЖНОСТИТЕ HA ПРАВОСЛАВНАТА ПСИХОТЕРАПИЈА BO ЛЕКУВАЊЕТО
HA ДУШЕВНИТЕ БОЛЕСТИ

….

  1. Областа co која се занимавате се нарекува православна психотерапија. He звучи ли тој поим контрадикторно?

Имаше многу спрови и дискусии no прашање на терминот православна психотерапија”. Некои велеа:

“Зошто да се обединуваат науката и религијата? Утре ќе зборуваш за јудејска хирургија, исто е и со стоматологијата. Но суштината е во нешто друго!

Психотерапијата е област на грижа за душата. Тој терапевтски метод може да се спореди co лечење на душата co душа, co длабоко  психолошко влијание на душата и личноста на пациентот.

Убеден сум дека во основата на многу психички растројства и психички проблеми е гревот, поробувањето на душата од гревовни страсти. И ако се зборува за терапија на душата, тогаш вистинската терапија е поврзана co преобразување на душата на човекот, co очистување на неговото срце од гревовните страсти.

Вистинско исцелување може да се случи само пo благодат Божја. Bo светоотечкото учење има толку длабоко и убедливо откриени аспекти кои се однесуваат на лекувањето на душата, што да не им се обрати човек и да не ги исползува, би било не само неразумно туку и грешно.

Религиозното конфенсионално обележје на поимот психотерапија укажува дека таа не се ползува co секој религиозен опит, туку ја има предвид конкретно православната духовност. Ете затоа го користам терминот православна психотерапија.

2. Што мислите, може ли психијатријата, отфрлајќи ги религиозните аспекти на личноста, да ги открие вистинските проблеми на душата?

Психијатријата стекнала голем опит во лечењето на разни болни состојби. Има психички заболувања (околу 20-25% од општиот број психички растројства) кои во голем степен се развиваат „од природата” и се поврзани co неврофизиолошките, биохемиските, генетските и други нарушувања.

Иако е јасно дека телото на човекот не може да боледува изолирано од останатата негова природа. Секоја болест, нека е тоа психопатологија, заболување на стомакот, коските или очите, има и духовна природа, зашто сите болести на човекот се последица на гревопадот.

Значи, кога зборуваме дека една или Друга болест е природна, тоа значи дека во нејзината природа појасно и повидливо се пројавуваат психопатолошки или соматски симптоми.

Ho поголемиот број психички растројства, приближно околу 80%, е поврзан co личносните фактори, воспитанието, погледот на свет, co вредностите на човекот. Во таа група заболувања се – неврозите, многуте форми на депресија, болестите на зависност (наркоманија, коцкање, алкохолизам), суицидалното поведение и др.

Би сакал да ви наведам цитат од делото на Јунг, иако тој, секако, не е мој омилен автор. Ова се неговите зборови:

„Кај многу пациенти на возраст од триесет и пет години и постари немаше ниеден чиј проблем, во крајниот резултат, не се сведуваше на прашањето за религиозниот поглед на животот”. Така, ако не се земаат предвид религиозните аспекти, во најголемиот број случаи на човек не може да му се помогне.

3. Има ли човештвото денес духовни сили што се способни да ги изменат идејните основи на психијатријата?

Колку повеќе има верни православни луѓе, вбројувајќи лекари и научници, колку поблагочестив станува нашиот живот, толку и поголеми ќе бидат можностите за промена на идејните основи на науката. Радосно и утешно е дека во последните години и децении многу луѓе во Русија и во Македонија Го најдоа Христос, се воцрковија, го устројуваат својот живот според Заповедите Божји.

4. Чести се прашањата: Зошто човекот боледува? Која е причината за неговото страдание? Како, всушност, православната психотерапија може да му помогне на оној што страда?

Болеста и смртта влегоа во светот по падот на нашите прародители. Нема човек на Земјата што е лишен од болести и тага. Во многу случаи поведението на човекот го управуваат страстите. Токму тие во својата длабока основа го поттикнуваат човекот на гревовни постапки.

Оттука, впрочем, станува разбирливо зошто околу нас има толку конфликти, бесмисленост, непромисленост, злоба. Колку многу нешта во нашиот живот им противречат на елементарната логика и здравата смисла.

Една од најважните задачи на православната психотерапија е да му помогне на човекот (пациентот) во осознавањето на психолошките страстни механизми на болеста или на конфликтната ситуација.

5. Очигледно е дека психијатријата не успеа точно да одреди што е тоа целосен (полновреден) човек. Може ли науката воопшто да одреди што е целосен човек надвор од општењето co Бога?

Интелектуалната трагедија на современото човештво е во тоа дека тоа почнува да го разгледува осудениот, болниот и смртен човек како нормален човек, па изведува од поведението на таквиот човек философски, политички и научни системи, што често претендираат на улогата на апсолутни и целосни.

Тоа е голема заблуда. Тоа е како кога некој би зел од затвор болен човек, осуден на робија престапник, би го изучил како да е нормален човек и би извел од неговото однесување и физиолошките закони кои управуваат co него, заклучок за потеклото на човекот и за идеалните форми на личниот, семејниот и општествениот живот.

Само Православната Црква го разгледува човекот од Божествена гледна точка, во единството на неговото битие, почнувајќи од неговото создавање од страна на Бога, преку гревопадот, смртта, воскресението и бесмртноста и не се ограничува само на неговото несуштинско временско престојување на земјата во падната состојба на осуда и грев.

6. Се грижи ли современиот човек за сопствената душа?

Секогаш спомнуваниот Свет Патријарх Алексеј ми имаше напишано дека „ритамот и широко распространетиот начин на живеење на современиот човек, за жал, остава малку можности за грижа за сопствената душа, затоа често гревовните наклоности се вкоренуваат, стануваат извор и причина на многу сериозни заболувања”. Тешко дека можам да додадам нешто на овие зборови.

7. Каде е, според Вас, точката на допирање на психијатриските методи на лечење и на светоотечките методи на духовно раководство?

Такви точки на допир има многу. Ќе наведам само еден пример. Денес најраспространетиот во светот психопатолошки синдром е депресијата. Лекарите добро ги изучија клиничките манифестации на депресивните растројства.

Предложени се многу медицински средства. Ho, како што се покажа, само мал процент од општиот број депресии (до 5%) се развиваат од индивидуално-психолошки причини.

Многу голем број депресии е поврзан co духовната криза, поробеноста на душата од гревовните страсти униние и тага. Од друга страна, свештенослужителот не треба да заборави и за депресиите кои се “од природата”.

Во спротивно, болеста може да се квалификува како грев. А тоа ќе биде грешка. Co еден збор, потребна е заемна соработка меѓу лекарот и свештеникот.

8. Лечењето на православниот лекар неизбежно вклучува и „соработка” co Бога. Сакаат ли пациентите да соработуваат co Бога и подготвени ли се сите на таква соработка?

Консултативниот прием во правоспавната психотерапија е, пред се’, средба во Христос. Дури и ако пациентот не е христијанин, православниот лекар не може да ја смета таквата средба како случајност, туку, напротив, убеден е во промислителниот карактер на посетата. Приемот го одухотворуваат молитвата за пациентот, смирението, желбата да My ce служи на Бога преку примање на оние што страдаат.

Добро е познато дека ефектот на лечење зависи не само и толку од лекарствата, колку од личноста на лекарот и неговата професионална умешност.

Таа миспа прекрасно ја формулира уште свети Јован Златоуст:

„Лечењето зависи не само од својствата на лекарствата, туку и од уметноста на оној што ги препишува. Кога тоа го нема, се’ е бесполезно”.

Освен тоа, лекарот кој не е здрав во духот не може да ја лечи болната душа на другиот. На таквите лекари се однесуваат евангелските зборови:

„Лекаре, излекувај се сам!”

За жал, не е co сите пациенти можен разговор за верата и за исправувањето на сопствениот живот. Има луѓе кои не се само неверни туку се агресивно настроени кон верата.

Да се „фрла бисерот” пред таквите болни не вреди. Во исто време, често уште co првиот разговор може да се покаже причината за неприфаќањето на Христовата вера.

Најчесто во основата на таквото неверие лежи демонска гордост, антихристијански начин на живот. Процесот на психотерапевтски разговор, како што остроумно зборуваше еден православен лекар, може да се спореди co прогресивно движење. Мапата според која споредуваме дали е правилен нашиот курс на движење е Евангелието, а целта Самиот Господ наш Исус Христос. Почетокот на движењето е – местото и состојбата на болниот во која тој дошол на консултации.

9. Колку современиот човек е свесен што е тоа болест, особено што е душевна болест?

За жал, за духовните причини на болестите, вклучувајќи ги и психичките, современиот човек речиси и не е свесен. Пред пет години основав во Русија, во Москва, Институт за проблеми на формирањето на христијански однос кон психичките заболувања. Убеден сум дека тоа е потребно – човекот да ги разбере изворите на својата болест, на своите проблеми и да се обиде да го измени животот на подобро.

10. Ha сите им е познато по кои критериуми медицината го определува здравиот човек. Од гледна точка на православната психотерапија, што е критериум за вистинско здравје?

Важно е човек да го разбере спедното: “Јас сум длабоко оштетен. Мојот ум, моето срце и мојата волја одат во разни насоки. За да оздравам, потребен ми е Христос”.

Ете, тоа е, според мене, критериумот за вистинско здравје.

11. Современата медицина co сите свои технолошки постигнувања непосредно се меша во Божествената Волја за животот и смртга. Каков е животот на пациентите што се наоѓаат во коматозна состојба или под дејство на силни средства против болка? Возможно ли е за нив општење co Бога?

Ha тоа прашање е тешко да се одговори.  Работам како лекар веќе 22 години и сум видел во својата пракса многу чудесни нешта. Имам видено болен човек кој се освестуваше пред Светата Причест, кој климајќи co главата или испуштајќи солза, како да се каеше за своите гревови, се причестуваше, а потоа пак ја губеше свеста и не беше контактибилен.

Според сведоштва на луѓе што преживеале тешка кома и несвесна состојба, може да се изведе заклучок дека за нив е можно општење co Бога. Некои луѓе по своето оздравување кардинално го менувале својот живот, станувале длабоко верни христијани.

12. Евтаназија – има ли макар едно „за” ?

Нема никакво „за”. Бог му го дал животот на човекот и само Тој го знае нашиот последен час и ја определува мерата на маките на секој човек.

Православна традиција е да се молиме за тоа Господ да го разреши болниот што силно страда. Ho кога ќе се случи тоа, одлучува само Господ.

Секои обиди да се мешаме во Божествената Промисла за човекот се и грешни и престапнички. Ајде да претпоставиме дека човекот можел да се спаси, да се исцели? Во тој случај евтаназијата е криминално дело.

13. Дали се пациентите во голема мера причина за создавање на етичките проблеми во современата медицина (менување на полот no медицински пат, клонирање, фетална терапија, донирање клетки итн.)?

Се разбира. Се зависи од самиот човек.

Господ на секого од нас му доделил слободна волја. Задачата е нашата волја да ја соединиме co Божјата. Има еден специјален предмет – биоетика. Православната биоетика се обидува да го ориентира човекот во бурниот тек на најновите биотехнологии, форми и методи на лечење. Црквата зборува како е правилно да се постапува, како My e угодно на Бога. А другото е -личен избор на човекот.

Интервјуто го водеше Оливера Павловиќ

Пренесен извадок од списанието “Премин”, ноември/декември 2009, двоброј 61/62

Подготви: Мина Даниловска