Title : Преподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)

Преподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)

Example Admin User · 1 month ago

Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се родил од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, Македонија.
Имал добра и кротка природа.

А кога наполнил тринаесет години, станал послушник на преподобниот старец Стефан. Старецот три години го поучувал на стравот Божји и го раководел во подвижништвото и во монашкиот живот.

Откако изминаале тие три години, бидејќи момчето добро се научило на монашките подвизи, Старец Стефан го повикал игуменот од лаврата и му го предал послушното, кротко и смирено момче за да го замонаши.

Игуменот го одвел во лаврата и го потстрижал во монаштво со името Теофил.

Теофил стана опитен монах, украсен со сите добродетели, живеел меѓу браќата како ангел, и им бил од полза на сите.

Откако светителот долги години поживеал испоснички, настапил иконоборниот период, во кој беззакониот цар Лав Исавријанин иконоборец ги подложувал на мачење и ги убивал сите што ги почитувале иконите.

Свети Теофил благоразумно поучувал молитвено да се почитуваат светите икони.

Поради тоа, царот наредил свети Теофил да биде подложен на ѕверски измачувања, но тој, не само што не попуштил, туку успеал еден од своите мачители, кнезот Ипатик, да го разубеди и да го врати во Православието.

На крај, кнезот Ипатик се заложил за да биде ослободен светителот.

На свети Тоефил му било многу жал што не го довршил подвигот на своето мачеништво.

Сепак, имајќи рани, тој се радувал, говорејќи со апостолот:

„Се радувам што со своето страдање го дополнувам недостатокот на неволјите Христови во моето тело за телото Негово, кое е Црквата“ (Кол. 1, 24).

Набргу потоа му било откриено дека за кратко време ќе замине кај Бог. Ги уредил сите манастирски работи, ги поучил браќата, ги благословил, ги целивал и заминал кај својот возљубен Господ.

Тропар, глас 1.

Исповедниче на вистината, истоимениче на Божјата мудрост, длабочино на познанието, тебе Теофиле, Христос Спасителот Ти го откри Својот Лик, во длабочината на твоето срце, и оттаму ти ги исповедаше Иконите свети.

Моли се за нас, оче свети, пред Божјиот Престол, душата наша како Икона чиста, да се претстави пред Неговото Лице.

Тропар, Глас 4:

Да го воспеваме Теофил вистинскиот Божји пријател кој посака од младост да оди по тесниот пат што води кон вечниот живот; зашто поддржувајќи ги светите икони храбро и трпеливо поднесе неподносливи мачења и беше топол молитвеник за сите пред Бог.

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/22/29696/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Свети Мало, првиот епископ на Сен-Мало

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ МАЛО, ПРВИОТ ЕПИСКОП НА СЕН-МАЛО И ЕДЕН ОД ЛЕГЕНДАРНИТЕ ОСНОВАЧИ НА БРЕТАНИЈА,[1] ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 15 НОЕМВРИ (487-565; велшки: Mach Lou; бретонски: Malou; латински: Maclovius) Свети Мало е келтски светител, еден од легендарните основачи на Бре...

Image Description
3 months ago

Успение на Пресвета Богородица! (Втора статија)

ВТОРА СТАТИЈА Глас 5. Достојно е, Животодавче да те славиме,Ти Кој го возвеличи успениетона Твојата Мајка Чиста. 73. Твоите раце ме создадоа и меизградија: вразуми ме, и ќе се научам наТвоите заповеди. Достојно е, да те величаме, Богородице,тебе која душата божествена и непорочнаво рацете на Бога ја...

Image Description
3 months ago

Свети Тејло, епископот на Ландаф

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ТЕЈЛО, ЕПИСКОПОТ НА ЛАНДАФ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 9 ФЕВРУАРИ (?-580; велшки: Teilo) Свети Тејло е роден во околината на Пенали кај Тенби (Penally by Tenby), во областа Пемброкшир. Своето образование го стекнал под раководство на светите Дифриг и Павлин, прек...