Пресветата Богомајка!

Пресветата Богомајка!

СЕ` ОД НЕА Е…

Сè од Неа е, од Пресветата Богомајка;

сè што Христос направи во овој свет, од Неа е.

Таа Му ја даде човечката природа, Таа Му ја даде нашата душа, Му го даде нашето срце.

Му го даде телото наше, за сето тоа Тој да го спаси, за сето тоа да го богоисполни, за сето тоа да го очисти, освети и обожи, и на тој начин да го исполни човекот со најголемата радост, со радоста бессмртна, серадоста.

А тоа, тоа е подвигот и делото на Пресветата Богомајка.

Сè во Господа Христа е од Неа, сиот Спасител, сиот Богочовек, сето Благовестие Негово,

сета Црква Негова,

сите Светители, сите христијани, сите праведници, вие и ние, денешните христијани.

Сето тоа е од Неа, од Пресветата Богомајка…

Преподобен Јустин Келиски