Ако имаме расипан заб, заболекарот најпрво мора да го исчисти заболениот дел, па потоа да стави лек, и откако ќе се излечи да го поправи.

Ако имаме рана на телото, лекарот најпрво мора да ја исчисти, па потоа да стави лек од кој ќе заздрави раната.

Секој наш грев е како рана, со исповедта се чисти болното место, а со Светата Причест се лекува.

Причестувањето без исповед, не само што нема да ни биде од полза, туку дури и ќе ни причини штета. Ова не е повик да не се причестуваме, туку да се причестуваме и почесто и помасовно, но со правилна подготовка.

(Оние кои се чувствуваат безгрешни, кои ништо не згрешиле во животот, кои немаат што да исповедаат, нема потреба ни да се причестуваат. Христос Господ дојде не поради праведниците, туку за да ги спаси грешниците.)

Свештеник Јани Мулев

Види: Чудесни исцеленија од исповедта и причестувањето