ПРИМАЈТЕ СЕ` СО ДОБРИ МИСЛИ, ПОИНАКУ НЕ БИДУВА!

ПРИМАЈТЕ СЕ` СО ДОБРИ МИСЛИ, ПОИНАКУ НЕ БИДУВА!

2. Старецот рече: „Примајте се co добри мисли. Поинаку не бидува”.

3. Старецот рече: „Секој нека се постави на местото на другиот. За жал, духот кој царува денес меѓу нас посакува човек да го преземе местото на другиот, а не да се постави на него за да сочувствува.

Затоа светот се претворил во лудница. Кога некој ќе се постави на местото на другиот, се’ се поправа.

Ќе ви дадам пример:

Ако младата сопруга беше влегла во положба на својата свекрва и би размислила дека и таа еден ден ќе стане свекрва и ќе сака снаата да и’ помага и да не се однесува грубо co неа – зарем не би се однесувала внимателно и љубезно кон својата свекрва?

Да знаете дека ако човек не постапува духовно, тогаш почнуваат да дејствуваат духовните закони и еве што ќе се случи: Бог ќе ја одземе Својата љубов од таков човек за да го натера уште во овој живот да го прави тоа што е должен”.

4. Интересно е кажувањето за добрите помисли со коишто треба да ги пресретнуваме животните тешкотии. И така, отец Пајсиј ни го раскажа следново:

„Еднаш еден мој познајник западна вo лоша положба. Тој имаше куќа во мирниот дел од градот во којшто и работеше. По извесно време блиску до неговата куќа изградија авторемонтна работилница, a подоцна направија и голем булевар, па така местото стана многу фреквентно.

Од постојаната бучава кутриот не можеше да спие.

Дојде кај мене и ми рече: ‘Оче, што да правам? Друга куќа ли да градам? Но, како да ја изградам, кога имаме пет деца? Што да правам? He можам да се успокојам’.

И така, положбата на тоа семејство беше многу тешка и тие беа принудени да земаат лекови за смирување.

Јас му реков дека оваа ситуација не ја прифаќа на духовен начин. ‘Ако, не дај Боже, беше станала војна и таа куќа ти го спасеше животот, како би гледал на неа?

Природно, како на голем Божји благослов за тебе и за твоето семејство. Надвор ќе убиваа, а твојот живот би бил во безопасност и ти тоа би го сметал за голем благослов.

A cera, додај уште една добра мисла и речи:

Слава на Тебе, Боже! He поминуваат колони тенкови и сл. Поминуваат само автомобили и луѓето брзаат на работа. Слава Ти, Боже! Нема војна. Колку голем благослов! И така, и за едното и за другото да Го славиме Бога’ “.

5. Старецот рече:

„Ако не внесуваме во својот ум добри помисли и не постигнеме безмолвие внатре во себеси, и во пустина да се наоѓаме нема да можеме да безмолствуваме. Зашто и таму ѓаволот во текот на ноќта ги собира сите чакали да завиваат.

А преку денот ќе ги собере сите чучулиги на дрвото во дворот и ако дење ги бркаме co прачка чучулигите, а ноќе фрламе co камења по чакалите, тогаш ѓаволот не’ воведува во прелест. Затоа, се’ пресретнувајте co добри помисли”.

Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја” (Поуки на светогорскиот старец Пајсиј) од отец Дионисиос Тацис