ПРИСИЛИ СЕ НА МОЛИТВА, ЧЕДО МОЕ… (Старец Ефрем Филотејски)

ПРИСИЛИ СЕ НА МОЛИТВА, ЧЕДО МОЕ… (Старец Ефрем Филотејски)

Чедо мое, секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости.

Те боли ли нешто?

Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување.

Тажен си?

Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце.

Те надвладеало обесхрабрување?

He заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни co храброст и co сила.

Те мачат плотски помисли и те привлекуваат кон чувствени наслади?

Приграби го согорувачкиот оган на името Исусово и фрли го врз плевелот.

Да не те мачи некоја световна работа?

Речи:

„Просветли ме, Исусе, како да се соочам co проблемот што е пред мене. Нека се разреши согласно co Твојата Света волја”. И види, ќе бидеш мирен и ќе чекориш co надеж.

Bo cè и секогаш постави го името Исусово како темел, поддршка, украс и заштита и не плаши се од непријателот. Меѓутоа, кога низ нешто ќе поминуваш без Исусовото име, би требало да се плашиш.

He очекувај да се исцелиш, ако не ги користиш лековите; исход ќе биде распаѓањето.

Присили се на молитва, чедо мое. Тогаш во душата ќе почувствуваш голема корист, спокојство и одмор душевен.

Пренесено од книгата “Поуки за Исусовата молитва” од Старец Ефрем Филотејски