Радувај се Илија, голем пророку, славен предходнику на Второто Христово доаѓање!

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходнику на Второто Христово доаѓање!

СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА – БОГОВИДЕЦ

Пророкот Илија живеел 900 години пред Исус Христос, роден е во 816. година пред новата ера, зборел со Господ Исус Христос, што е забележано во Светото Писмо, сведочел за Св. Троица и за постоењето на вечниот живот.

На втори Август Божјата Црква го прославува чесното и светото име на Божјиот пророк, чудотворец, боговидец и небоземниот граѓанин, силниот ревнител и сведок на Св. Троица и славата Божја, славниот Свети Илија.

„ Ангел во телото, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање – Илија Славен, откако одозгора му испрати благодет на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажани очистуваше“. Затоа на оние кои го почитуваат им дава исцеление, се вели во тропарот.

Потекнува од племето Ароново. Роден е во градот Тесвит, поради што е наречен Тесвитец. Уште кога се родил Илија, татко му Савах видел ангели околу него, „како со огин да го повиваат детето“, што било знак дека тоа дете ќе има подарено од Бога огнена сила и пламен карактер. Скоро целиот живот го поминал во молитва кон Бога, во пустина.

ЧУДАТА НА ПРОРОКОТ

Ахав подигнал идолски храм, посветен на лажниот Сириски Бог Ваал. Св. Илија со силна вера и чуда ја покажал пред луѓето Божјата сила, за да поверуваат во вистинскиот Бог.

Бог му испратил од небото огин и ја запалил жртвата, пред многу сведоци, за разлика од жреците на лажниот Бог Ваал кои не успеале да направат такво чудо. Кога меѓу народот владеел неморал и незнабожство, Св. Илија пред Ахава ја најавил Божјата казна и со молитва кон Бога „Он го затвори небото и не паднало дожд три години и шест месеци“.

На необичен начин го умножил брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта Сидонска, а и` го воскреснал нејзиниот син. „Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него“.

Со молитва го отворил затвореното небо и заврнал дожд. На Ахав и Језевија им ја прорекол страшната смрт. На планината Хорив разговарал со Бог. Св. Илија со својата наметка ја разделил водата на реката Јордан.

Пред својата смрт за наследник го одредил Елисеј. Кога настанало суша и глад, Бог го заштитил својот верен слуга „…сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан: од тој поток ќе пиеш на, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“.

Во Светата Земја, во манастирот „Св. Георги Хозевитски“ има пештера, во вдлабината висока карпа ( каде го хранеле гавраните ), посветена на Св. пророк Илија и икона со неговиот лик и гавранот кој му носи во клунот храна.

Поклониците му оддават почит на Бога и на Св. Илија на тоа свето место. Св. Илија се вознел на небото. Како што оделе по патот заедно со Елисеј „наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се понесе во виорот кон небото“.

Св. пророк Илија повторно ќе се појави пред крајот на светот,заедно со праведникот Божји Епох.

Тие ќе сведочат за Божјата вистина и за невистината на антихристот.