Размислувања за Православното богослужење во современиот свет

Example User · 3 years ago

    7 minutes, 39 seconds


????????????????????????????????????РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ПРАВОСЛАВНОТО БОГОСЛУЖЕЊЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ

Самиот збор „богослужење“ едноставно и јасно ни говори сам за себе: тоа е служење на Бога. А служењето на Бога секогаш било доволно тешко дело. Да се потсетиме на Адам. Уште кога се наоѓал во рајот и кога сеуште не бил паднат под товарот на гревот, кој денес со себе го носи секој човек, дури и најмалото послушание кое го добил – невкусувањето на плодот од дрвото за познавање на доброто и злото, постанало камен на сопнување, на кој Адам се сопнал и паднал толку многу тешко и страшно, така што и ден-денес ние ги чувствуваме неговите последици во вид на првородниот грев. Но, човекот и човештвото отсекогаш тежнеело кон Бога. Адам веднаш по прогонувањето од рајот започнал да ги гради првите жртвеници, а подоцна истото го правеле и неговите деца, а самиот чин на жртвување кој го практикувал Адам, претставува служење на Бога – богослужение.

Наше главно богослужение е – Литургијата. Вистински да се сфати што претставува Литургијата, најпрво треба вистински да се сфати што означува Пасха.

Токму на Пасха совршено се чувствува Христовата близина. Во храмот за време на воскресенската богослужба слушаме: „Христос воскресе!“. На Пасха смртта е победена. Со Своето воскресение Христос покажал образец на воскресението за секој и за сè. И секој од нас должен е да воскресне и телесно, и духовно. Телесно, по второто и славно Христово доаѓање, а духовно – овде и сега! Токму богослужбите совршено ни помагаат да ја сфатиме својата одговорност за својата душа, која е во умирање… Достоевски прекрасно напишал: „Ѓаволот постојано се бори со Бога, а место на борбата е човечкото срце“. Според тоа, богослужењето не треба да биде сведено само на она кое се извршува во храмот, туку тоа треба да се одвива и во човечката душа. Служењето на Бога во човечката душа, тоа е вистинската морална состојба на секој човек…

Човекот Му служи на Бога, но службата ја извршува заради самиот себе, заради стекнување на сопственото спасение. Ние со никакви свои славословија не можеме да придодадеме слава на Бога, зашто Бог е славен и без нашето учество, но нашето славословие, нашето богослужение, пред сè, ни е неопходно токму нам. Богослужбата е насочена кон мојата душа, кон моето срце. Тоа во моето сознание поставува прашања и за нив бара одговори. А сакам ли јас ним да им одговорам или не, тоа зависи од мојата духовна состојба – или од бодроста, или од мрзливоста. Но, некако човекот сè почесто е мрзлив да служи на Бога, па оттука и различните ставови кон односот на Литургијата.

Да размислиме: Зарем ѓаволот се сомнева во Божјото постоење? Не! Ние веруваме, а тој точно знае дека Господ постои. Но, ѓаволскиот карактер од тоа негово знаење не се менува. Тоа значи дека самото признавање на постоењето на Божјото битие не претставува служење на Бога, зашто ѓаволот иако знае за Божјото постоење, сепак, не сака да служи на Бога. Значи, и покрај признавањето на постоење на Божјото битие, потребно е уште нешто друго. Токму кон тоа и го повикува православното богослужение секој човек. За да се започне веднаш да се служи на Бога, треба и веднаш да се присоединиме кон искуството на Црквата…

Многумина денес приговараат дека црковнословенскиот јазик треба да биде отфрлен од богослужбите, зашто е „неразбирлив и заостанат“. Дури и слушнав дека некои говорат дека светите Кирил и Методиј создале богослужбен јазик од постоечкиот, општоупотреблив јазик од нивното време! Тоа е апсолутно неточно! Тие создале јазик за богословието, кој на нивните современици не им бил познат така, како обичниот јазик од секојдневниот говор. Јазикот на богослужението не смее да биде јазик за секојдневна употреба. Јазикот на секојдневниот говор содржи многу зборови кои се неприфатливи за општењето со Бога преку богослужението…

Денес родителите трошат многу пари за своите деца да научат што повеќе странски јазици. Се прашувам: зошто никој не презема никакви активности барем малку да го запознаеме прекрасниот јазик на нашите претци? Тврдам дека со изучувањето на црковнословенскиот јазик секој православен верник духовно многу ќе се збогати. Ако човекот бара искрено општење со Бога, тогаш сложеноста на црковнословенскиот јазик за него не може да биде камен за сопнување. Единствено нешто што може да му пречи на човекот во своето служење на Бога е гревот. И кога човекот не сака да ја здогледа својата грешност и гревовна немоќ, тогаш најдува оправдувања за својата духовна мрзливост во надворешните причини – во неразбирањето на црковнословенскиот јазик!

Некои, пак, својата духовна мрзливост ја оправдуваат со изговор дека богослужбите кај православните се долги, а во храмовите не се дозволува седење како кај римокатолиците и протестантите! Ете, токму и тоа е проблем на нашата мрзливост и зачмаеност. Никакви аргументи од типот дека седењето во храмот треба да биде дозволено од хумани причини, не можат да ги оправдаат оние кои го застапуваат ова мислење. Ако сме изморени од работа, ако сме болни, ако не сме имале доволно време за одмор, зарем во храмот со седењето треба да ги задоволиме овие физички потреби? Токму во стоењето во храмот треба да се содржи нашето служење и жртвување за Бога. Невозможно би било нашето служење на Бога ако убаво се навалиме во фотелјата, па така ја слушаме светата богослужба, или да легнеме во кревет па да ги читаме молитвите, или, пак, да ги испружиме нозете пред домашниот телевизор и да ја следиме Литургијата, која е пренесувана со камери од храмот! Ни фали уште да запалиме една цигара и да пиеме кафе, па со своите домашни дури и да разговараме на богословски теми во „релаксирана атмосфера“. Тоа не е никакво служење и жртвување за Бога. Уште малку и ќе си помислиме дека токму така, од креветот право ќе заминеме во царството Божјо…

Сум слушнал и вакви приговори: Зарем не е подобро денес да се скуси богослужбата? Јас во шега би додал: Зарем не е доволно да влеземе во храмот, да запалиме најмала свеќа, да почекаме да изгори за пет минути и – право дома! Кога вака помислуваме забораваме на една многу важна работа. Во овие 2000 години светот нема ништо ново донесено и ѓаволот не е постанат повеќе злобен! Можеби постанал поитар и лукаво повнимателен, но неговата злоба е една и иста од почетокот на светот – да го погуби секој човек! За жал, резултатот од борбата со Црквата за него е успешен, зашто има погубено многу човечки души. И тука се поставува прашањето: Зошто имаме потреба од подолги богослужби во современиов свет? Најголема причина е психолошката страна: психата на човекот не е способна брзо да се престрои, да премине од светските грижи и проблеми во духовна состојба и молитвеност, кои се одлики на вистинското служење на Бога. Православната Литургија не смее да биде сведена на 15-минутна парада, како кај римокатолиците, кои на миса доаѓаат во 17.00 часот попладне и по 15-20 минути веќе пристапуваат кон нивната „причест“. Можеби за „технолошкиот“ човек, кој живее во современиот свет, таквата „скусена“ Литургија е многу удобна, но за нас, православните христијани, таа треба да биде неприфатлива. Во 15.00 часот да седнеш да ручаш, а по два часа да отидеш неподготвен во храмот за да се причестиш!?…

Денес на улица сè почесто ме сретнуваат парохијани и ме прашуваат дали можат да се исповедаат кај помладите свештеници, а во исто време забележале дека истите тие многу негрижливо и брзоплето ја извршуваат Божјата служба. На таквите парохијани им одговарам со следниве зборови: Секој свештеник во олтарот е подобен на огнените херувими. Всушност, ако ние искрено веруваме дека светата Литургија е толку многу спасителна за православните христијани, тогаш, се прашувам, зошто Господ не им ја доверил таа служба на ангелите, зашто со сигурност тврдам дека тие најдобро можат да ги научат луѓето како вистински да Му служат на Бога? Но, ете, во Црквата служат грешни луѓе! Еден од одговорите на ова прашање може да предизвика жална насмевка. Ако му се даде можност барем на еден ангел да исповеда обичен смртник и грешник, од она што ќе го слушне на исповедта, ангелот би паднал во несвест! Токму затоа Господ определил грешниците да бидат исповедани кај грешници, но грешници кои имаат од Бога дадена власт да „врзуваат и разрешуваат“ и кои се облечени во Божја благодат за извршување на една таква служба. Тука спаѓаат и младите свештеници, за кои тврдам дека исто така со љубов ја извршуваат својата служба, а нивната брзоплетост, исто така најодговорно тврдам, дека ќе исчезне со текот на времето, зашто кај нив сега преовладува мигот на докажување пред своите парохијани, па оттука произлегува и нивната ненамерна брзоплетост. Впрочем, токму вашите молитви за нив, како нивни парохијани, треба да бидат што поусилни, па верувајте дека ќе донесат добар плод.

Ме прашавте и тоа дали да се причестувате кај оние свештеници за кои, вие велите, дека се грешни? Секоја богослужба ја извршува Бог со Својата благодат, а не човекот. Се сеќавам на еден настан кој се случил во минатиот век, а за кој ми говореа моите професори во семинаријата: Некоја благочестива жена, која во староста ослепела, чувствувајќи го приближувањето на смртниот час, го замолила својот син да отиде во блиското село и да го повика свештеникот за исповед и причест, а за патот му дала и пари на синот. Синот излегол од дома и му кажал на својот другар каде ќе оди, но тој му рекол дека ќе биде подобро да ги испијат парите, а потоа двајцата ќе се вратат дома и тој ќе одигра улога на свештеник и ќе ја причести неговата мајка, зашто како мал одел во храмот и знаел кои молитви треба да ги кажат пред неа. Така и направиле. Откако ги испиле парите, во едно мало шишенце зеле малку црвено вино и едно парче леб и отишле во домот на старицата. Пијаниот другар добро ја одигрувал улогата на свештеник читајќи ги молитвите пред причестување, но кога дошол самиот момент да ѝ ја подаде лажичката со вино и леб, од аголот на собата, каде што стоеле домашните икони, се слушнало милозвучно пеење: „Тело Христово приимите…“ (Примете го Христовото Тело…)! Заради неа и заради нејзината вера Господ ѝ дал вистинска Причест, не обрнувајќи внимание на фактот дека извршувањето на ваквата тајна од почетокот, па с# до крајот, по својата суштина било вистинско богохулење! И што понатаму се случило? Двајцата другари паднале на колена, проселе прошка и од Бог и од старицата, па отишле кај свештеникот во соседното село на исповед. Подоцна едниот од нив навистина станал свештеник! Така значи, примањето на светата Причест е според вашата вера, а не според достојноста или недостојноста на свештеникот! Затоа свештеникот на секоја Литургија повикува: Со страв Божји, вера и љубов пристапете! Така и пристапувајте!

протојереј Валериј Захаров, старешина на соборниот храм „Свети Николај Чудотворец“ во Алма-Ата – Казахстан.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2013/08/07/razmisluvanja-za-pravoslavnoto-bogosluzenje-vo-sovremeniot-svet/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Осветување на нови антиминси во нашата епархија

ОСВЕТУВАЊЕ НОВИ АНТИМИНСИ ВО НАШАТА ЕПАРХИЈА Што е тоа антиминс? (Значење, историја и примена) Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на светиот Престол во Олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. Н...

Image Description
3 years ago

Задамвоните молитви

ЗАДАМВОНИТЕ МОЛИТВИ Во древната Црква чинот на отпустот на Литургијата бил премногу едноставен и се состоел од благословување и отпуштање на народот. Ѓаконот ги повикувал верниците да ги наведнат своите глави, заради полагање на рацете од епископот, кој од зад амвонот, сместен во централни...

Image Description
3 years ago

За значењето на молитвата: „За соединувањето на црквите“

ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ЦРКОВНАТА МОЛИТВА: „ЗА СОЕДИНУВАЊЕТО НА ЦРКВИТЕ“ Во почетокот на божествената Литургија, меѓу првите молитвени прозби кон Господа Бога, Православната Црква го произнесува следниов возглас: „За мир во целиот свет, благосостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се по...