Размислување за великиот пост - во современиот свет

Размислување за великиот пост - во современиот свет

Евидентно е дека во нашиот народ има се повеќе луѓе што постат, овој број е далеку поголем, отколку во периодот пред трииесет - четириесет години. Тој факт секако значи дека се повеќе луѓе сакаат духовно да го осмислат својот живот во рамките на Црквата. На телевизија, интернет ,весниците и останатите медии можат да се најдат практични совети, како да се подготвува посна трпеза ( дури и некои телевизии почнаа со емитување на посен кувар) ,многу произведители на посна хрна подготвуваат прехрамбени производи со јасна деклараација дека тој производ е посен. Тоа секако не е лошо, но меѓутоа на тој начин надворешната, физичка димензија на постот се става на прво место, така да целиот пост се сведува на воздржување на мрсна храна, без вдлабочување во значението на неговата вистинска смисла. Последица на таквиот однос кон постот е причестувањето на поголем број верници еднаш или два пати годишно. Кога ке дојде време за пост, тој се свеедува на телесната подготовка – пост од шест дена на вода, евентуално групна разрешна молитва во текот на Светата Литургија, така да постот се доживува како единствено време за Причестување. За жал, мнозина верници го заборавиле изгледот на нас свештениците , дека Црквата е Евхаристична односно дека нема Црква ни црквување без учество во евхаристичкиот живот. Непричестувањето е пад ( излегување) од црковното темпо на животот. Затоа, како што вели арх. Кипријан Керн” честото Причестување е идеално, а совршенство е редовното причестување “(13). Свети Игнатиј Брјанчанинов не учи :,, Насуштниот леб на христијаните е Христос. Непрестајното јадење на на тој леб – тоа е спасоносна наслада на која се повикани сите христијани.”Светата Литургија се служи да би верниците кои се дојдени на Христовата Тајна Вечера, учествуваат во неа. Господ ни кажува “Пијте од неа сите ...” , а верниците како тоа да не го слушаат. Свештеникот држејќи го путирот повикува “Со стрв Божји вера и љубов пристапете”. Сите слушаат а ретко кој да пристапува. Можеби никој и не посакал. Забораваме да постиме кога Црквата востановила пост, и да се причестуваме кога Црквата ја востановила Литургијата. Денешната пракса на (не) причестуввање – еднаш, или неколу пати во текот на годината - се оправдува со лична недостојност на христијаните. Меѓутоа оваа мисла се појавува дури кога овој обичај почнал да се *одомаќинува* и зазема (*маха*) сила, така во руската пракса дошол терминот “припрема “подготовка. Нас не упатува на тоа дека причестувањето е еден необичен момент во црковниот живот на верните, кој бара особена подготовка во вид на пост и усрдни молитви. На тој начин себе се смета како “исправен”ако 350 дена не се приближува кон светата Чаша поради “недостојност”, а одеднаш, бидејќи би исполнил некои мали правила, постел шест дена на вода, и дошол на исповед од пет минути ,постанал “достоен “. Вака поставеното прашање на лична недостојност потполно е погрешно. Ако е тоа препрека за евхаристиско општење, тогаш причестувањето е потполно недозволиво. Праската на раната Црква потврдува дека го немала овој “проблем”, го наоѓаме во зборовите на апостол Павле. Кога апостолот зборува за Евхаристијата, тогаш тој не зборува за личната недостојност на причесникот, туку за недостојното примање на евхаристиските Дарови,, за неразликувањето на Телото Господово од лебот (1.Кор.11, 27-29). Правилниот поим на Евхаристијата го изразува и одлуката на Елвирскиот собор, каде се вели дека оној кој три пати едноподруго не се причестува се исклучува јавно од Црквата, бидејќи тој со својата постапка самиот тоа го направил. Во спротивно тој морал да даде одговор која е неговата причина за непричестување. Причината за неучествување во Евхаристиската Трпеза можел да биде само конкретен грев кој човекот го исклучувал од Црковната заедница. Има многу вакви примери кој ни говорат дека ова не е академско прашање туку егзестицијално – да се биде или да не се биде. Сега нам ни се наметнува прашањето, како правилно да се расудува за овој проблем, кој евидентно е најголем проблем на недешниот христијанин. Каква е поврзаноста на причестувањето и постот, односно дали постот во смисла на нејадење на мрсна храна е мерило и главен услов за примање на Светите Дарови ?

Како што кажав, круна на црковното живеење е Светата Тајна Причест, Тајна на духовно соединување на човекот со Бога, кој единствено е возможно преку длабоко покајание, смирение и послушност кон својата Црква, Епископот и духовникот. Ако човекот не е *предан* на духовникот во полсушност и смирение, односно во барање совет за духовен живот, тогаш и неговото духовно соединување со Христа не е остварено (исполнето), туку само е на прагот на првото скалило ( лествица ) на спознанието на Бога. Спознанието на Бога е возможно да се оствари преку покајание (грч.метанија –духовната состојба ) а тоа е најголем услов за Светата Причест, за соединување со Христа. Бог се вооплотил на земјата, живеал со нас (на земјата), пострада и воскресна, земајќи гревовите на целото човештво со љубов, со послушност кон Својот Отец Небесен, во дух на смирение, а во него покајание, ја прифатил волјата Татковска, и го исполнил домостројот на нашето спасение. Христос во својата прва проповед после крштевањето на реката Јордан говорел да се покајеме бидејќи се приближи Царството Небесно. Говорел бидејќи знаел дека човекот доколку не се промени со умот и срцето преку сопственото покајание, нема ниту душата негова да биде подготвена да го прими Огнот Небесен, кој е Царство Небесно во Духот Свет. Нели и светиот Јован Крстител, Претеча Христов истото го благовестил? Он не говорел : Луѓе, постете шест дена на вода како би ја здогледале славата Божја, туку покајтесе...Вистинското помирување на човекот со Бога е во покајанието. Ако во тоа време силните проповеди на Божјиот Пророк Јован и самиот Христос Господ, биле вистински зборови на покајание, зборови кои го отворија Евангелието, па зар и ние свештениците Христови ( а не мирски=светски, световни) во време на сеопшта апостасија, не треба живот во Христа преку покајание и барање на Божјата волја преку својот духовник? Но ако ние не живееме во дух на покајание, и нашата проповед нема смисла. Вистинското соединување со Христа може да има ако со скрушен дух и покајно срце се припремиме за средба со Бога на Светата Литургија преку Евхаристијата, а претходно постанувајќи по благослов на црквата и својот уховник, кој нам ни ублажува или ми го прави постот построг. Духовното сиромаштво на нашето време најпрвин е затоа што ние патирите Христовото словесно стадо, не се определени за усрдна преданост и послушност на својот духовник – Епископот, како би со таква жртва Духот Божји силно би бил над нас и поверениот народ полесно и усрдно би се привел кон Христос. Кога ние се предаваме на духовникот, ние се смируваме, и е остваруваме тајната со слушање на Божјата волја преку духовникот и благодатта Божја нас не исполнува та и народот околу нас добива благодат со нашиот мир. Нашата најголема жртва е да се помириме и покаеме за своите гревови, што е и смислата на ова наше заеднички собор во Духот Свет,барање совет од духовникот. Не можеме да ја следиме Божјата волја ако немаме послушност кон својот Епископ-духовник (бидејќи eпископот треба да има ум на светител), не можеме да постиме и да се молиме, а послушноста да ја оставиме, бидејќи таа е над се. Послушноста нам не смирува и со постот и молитвата не вознесува кон Бога. Строгиот пост од шест дена на вода, како единствен услов за Света Причест е погрешен и не не води кон познание на длабоката Божанска љубов, тоа не го скрушува духот и срцето. Најпрвин треба да проповедаме покајание, бидејќи така ќе се почуствува Духот Божји. Постот точно дека е важен но како средтсво кој нам ни помага полесно да милиме и правиме дела за Христа, а никако како услов за соединување со Него. Оттука и тезата да постот од шест дена на вода како услов за причестување ван постот се побива, бидејчи тоа бреме и не го носиме, и не смееме да им го наметнуваме на другите.

На крајот ,важно е да се каже да нема Воскресение без страдание. Великиот пост е тука да и нам тоа ни го покаже. Тајната на Воскресението Христово е длабока страдална љубов за сите. Времето на Великиот пост е време на христовата страдална љубов за нас, која нас не осветува, воскреснува, и преобразува и со тоа нас не води невечерната Божја светлост. Тоа е и најдлабоката тајна на Великиот пост.

И на крајот да направиме еден краток осврт што е Великиот пост,говорејќи со зборови од Светото Писмо:

“Дојдете сите кон мене кои се трудите и сте обременети”…. Ете го почетокот на постот. Неговото делување е :“и јас вас ке ве помирам”. Философија е Великиот пост: ”Земете го мојот јарем на себе “, а неговата психологија : “и ке се научите од Мене “….Намената на Великиот пост е:“ и ке најдете мир меѓу вашите души “. Општо обележје за Великиот пост е : “ бидејќи јаремот мој е благ и бремето мое е лесно “.

Божјата сила ,мир и радост и страдалната љубов Христоова нека биде со нам во овие денови на великиот Воскресенски пост.Амин.

Превел и обработил од српски јазик

Протоереј Ненад Ѓорѓески

Наслов на оргиналот “Размишљања о Великом посту у савременом свету”

Автор Отац Иван Цветковиќ

Линк кон изворот на оригиналниот текст

http://www.pouke.org/news.php?cid=0&id=6986&do=view