Религија и наука (10): Инквизицијата и творците на науката

Example User · 3 years ago

    5 minutes, 30 seconds


И воопшто не треба да се смета за случајност фактот, дека раѓањето на науката се случило во времето на процветот на инквизицијата…

Јас знам дека човек, којшто бил воспитан во советска школа, ќе одговори: „Да, толпата во тоа време била опседната со религиозен мрак. Но, оние светли гении, кои ја создале науката, го напреднале своето време и веќе ја прекинале врската со оковите на ортодоксијата“.

Но, овде прашањата веќе нема да ги поставува толку логиката, колку историјата. Се работи за тоа, дека токму творците на новата слика на светот биле многу религиозни луѓе.

Scientific_Revolution_-_Thinkers

Така, Никола Коперник бил каноник, кој управувал со економијата на Вармиската епархија, член на Епархискиот совет.

Јохан Кеплер три години учел на Богословскиот факултет на Тибингенскиот универзитет, но, него, и против негова волја, го избрале за професор по математика во Грац: „За Кеплер таквото решение значело распад на сите негови многугодишни надежи. Не можел да си претстави дека патот кон кариера на свештеник за него се затвора, но сепак бил принуден да се потчини. Но, длабоката религиозност и стремеж да ја ’усогласува‘ науката со сопствената истрадана и искрена претстава за Бога останале карактерни за целиот негов живот“[1]. „Јас сакав да бидам служител на Бога и многу се трудев околу тоа да станам таков; и, еве, на крајот на краиштата, јас почнав да Го славам Бога со моите работи по астрономија… Јас им ја прикажав на луѓето, кои ќе ја читаат мојата книга, славата на Твоите дела; во секој случај, во таа мера, во која мојот ограничен ум можеше да постигне нешто од Твоето безгранично величие“ (Јохан Кеплер)[2].

Галилео Галилеј на 14 години станал послушник во редот на језуитите, „сепак, таткото на Галилеј воопшто не сакал да го види својот син како монах и го земал дома со оправдание, дека тој има потреба од лекување на очите“[3].

Лајбниц (ако некој заборавил, тоа е создавачот на системот за диференцијално пресметување) својот главен труд го посветил на „теодицејата“ – „на оправданието Божјо“[4].

Њутн пишувал толкувања на библиските книги на пророкот Даниил и на апостолот Јован Богослов[5].

Декарт (ако некој повторно заборавил, тоа е создавачот на т.н. „Декартов систем на координати“) добил образование „во језуитскиот колеџ, тврдината на антиокултизмот“[6]. Во преписките со шведската кралица Христина[7] и бохемската принцеза Елизабета, тој го заштитувал католицизмот[8] и поучувал на благочестие: „Првото и најважно познание се состои во сфаќањето дека постои Бог, од Кого зависат сите твари: тоа ќе нè научи да восприемаме како добро сè што со нас се случува, зашто сето тоа откриено ни е пратено од Бога“[9]. Ќе напоменам дека Декарт ова го пишува на тешко болна жена, и ѝ пишува, спомнувајќи го и својот опит на болести, и тие негови зборови не може, а да не се споредат со сведоштвото на светителот Јован Златоуст (кој, исто така, не се одликувал со крепко здравје): „Оној кој се научил да Му благодари на Бога за своите болести, не е далеку од светоста“.

И тие луѓе создаваат нова наука не во противоположност со христијанската Црква. Во тоа време, Црквата уште е доволно силна да го „преградува кислородот“ на своите непријатели. И католиците, и протестантите не се смутувале од инквизициските клади. И научници не биле палени.

Не, токму Џордано Бруно не е умесно овде да се спомене. Тој во науката не оставил ни трага. Никој не може да наброи ниту една „теорема на Бруно“, ниту еден експеримент од него направен.

„Тој чувствувал одвратност и кон Giordano_Brunoдвата нему познати методи – схоластичкиот и мамематичкиот, заменувајќи ги со поетско изразување на своите убедувања… Во неговите дијалози нема ни трага од философска јасност, никаков признак на внатрешна сосредоточеност… Ние, на пример, не сме во состојба да утврдиме, што Бруно подразбирал под супстанција или атом… Бруно попрво се трудел да ја заштити својата вера, отколку логично неа да ја формулира. Затоа научните и дидактичките делови од неговите дијалози се толку ретки и толку нејасни. Тој ја презирал науката и чувствувал одвратност кон логиката, затоа што бил воодушевен од верата, која тој сакал да ја наметне, а не да ја докаже… Тој ги изгонувал силогистичката и математичката логика, некратко кажано, интелектуалната мисла, од областа на философијата и науката, за со поголема сила да се зафати со псевдонаучните фантоми… Тој сметал дека донел откровение и се однесувал како пророк… Сиот свој живот тој се борел со оружјето на насмевката против своите објавени непријатели – научниците, математичарите и лицата со духовно звање. Тој никогаш не можел да ги искаже своите погледи, без да ги спомне нив и без да ја пројави својата омраза кон нив… Бруно ги меша поимите перигеј и апогеј… Бруно сметал дека Меркур и Земјата се еднакво оддалечени од сонцето, но се наоѓаат на спротивни страни од него. Околу Земјата се движи месечината. Околу Меркур – Венера… Изложувањето на учењето на Коперник од страна на Бруно покажува, дека тој едвај бил запознат со најелементарните поими и проблеми на астрономијата. Се вреднува признанието на Бруно дека „нему не му е многу до Коперник и неговите коментатори“… „Не била кладата таа што го уништила делото на Бруно, туку упорната работа на оние, кои се обидувале да ја одгатнат тајната на природата по пат на мерења, пресметки и измерувања и кои нашиот философ ги напаѓал со омраза и насмевка. Неговата погибел и нивното торжество го означуваат настапувањето на нова епоха во човечката историја“[10].

galileo-H

Така што, фразата „инквизиторите го запалиле големиот научник Џордано Бруно“ фактички не е вистинита. Историјата на науката не познава научник по име Бруно. Тоа го разбирал дури и Галилеј: „Признавајќи ги блескавите интелектуални способности на Бруно, Галилеј, сепак, никогаш не го сметал за научник, а уште повеќе за астроном“[11]. И, во суштина, „Бруно немал научни резултати, а неговите аргументи во корист на системот на Коперник биле збир на бесмислици – хаотично натрупување на апсурни грешки и надмени сентенци, кои само го демонстрираат непознавањето на авторот“[12].

„Во неговите раце, учењето на Коперник станало дел од традицијата на херметизмот. Математичката синтеза на Коперник, Бруно ја претворил во религиозно учење“[13].

[1] Кирсанов В.С., Научная революция XVII века, М. 1987, 103.

[2] Цит. по: Философия эпохи ранних буржуазных революций, М. 1983, 85.

[3] Кирсанов В.С., Научная революция XVII века, М. 1987, 150.

[4] Види: Лейбниц Г.В., Олыти теодицеи о благости Божией, свободе человека и начале зла // Сочинения: В 4 т. Т. 4. М. 1989.

[5] Види: Дмитриев И.С., Неизвестный Ньютон. Силуэт на фоне эпохи, СПб. 1999.

[6] Гайденко П.П., Христианство и генезис новоевропейского естетствознания // Философско-религиозные истоки науки, М. 1997, 61.

[7] Во 1654 година, владетелката на лутеранска Шведска се разболела и дала завет, во случај ако оздрави, дека ќе прими католицизам. По исцелението, таа тајно ја променила верата, се одрекла од престолот во корист на својот братучед Карл X Густав и заминала за Рим (Цветков С.Э., Карл XII, М., 2000, 27).

[8] Види: Декарт Р., Сочинения: В 2 т. Т. 2. М. 1994, 489-541.

[9] Декарт Р., Сочинения: В 2 т. Т. 2. М. 1994, 517.

[10] Олышки Л., История научной литературы на новых языках: В 3 т. Т. 3. М. -Л. 1933, 13-45.

[11] Фантоли А. Галилей., стр. 38.

[12] Шрейдер Ю.А., Галилео Галилей и Римско-Католическая Церковь // Вестник истории естествознания и техники, 1993, N° 1, 57.

[13] Kearney H., Science and change. 1500-1700, New-York-Toronto 1971, 106.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел    Петти дел

Шести дел    Седми дел    Осми дел    Деветти дел

Г.Г.

Source: http://mistagogia.mk/inkvizicijata-i-tvorcite-na-naukata/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Познат научник тврди дека Бог постои

https://www.youtube.com/watch?v=jremlZvNDuk Мичио Каку е теоретски физичар и еден од најпочитуваните научници на денешнината. Тој тврди дека нашол доказ за активноста на силата „што владее со сé.“Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу...

Image Description
3 years ago

За „Акатистот низ слово и фреска“ од Д-р Софија Грандаковска

  За „Акатистот низ слово и фреска“ (Скопје: Менора, 2017) од Д-р Софија Грандаковска... или како се пишува софистициран книжевен прирачник за анатомска анализа на деликатниот византиски литерарен организам ...Елизабета Димитрова    Византија, именка едноставна по звучност, практична...

Image Description
2 years ago

Ѓо к о ЃОРЃЕВСКИ: СТРАВОПОЧИТТА ВО БИБЛИЈАТА И ВО ДЕЛАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

  Честопати може да се забележи тврдењето дека е Стариот Завет  заснован  врз  законот  на  стравот,  додека  Новиот Завет е закон на љубовта. Но, таквото генерализирање не остава простор за нијанси, кои секако постојат. Ако стравот во Стариот Завет и има посе...