Title : Религија и наука (11): Инквизицијата и Џордано Бруно

Религија и наука (11): Инквизицијата и Џордано Бруно

Example User · 6 months ago

    0 minutes, 8 seconds


„Дали Бруно може да се нарече научник, макар според критериумите од крајот на 16 век? Бруно не бил толку пропагатор на учењето на Коперник, колку што бил гласник на окултните тајни на херметизмот, кои тој во него ги открил. Бруно толку не го популаризирал учењето на Коперник, колку што го компромитирал, вовлекувајќи го во контекст на магиски суеверија, во споредба со кои, не само системот на Птоломеј, туку и схоластичкиот аристотелизам, во целост биле стандард на научен рационализам. И само што Галилеј го вратил Коперник на науката, откако го протолкувал неговото учење во термините на вистинската, експериментално-математичка наука за природата, без никакви ’зодијачки знаци‘ и кабалистичка ѓаволштина“[1].

Не бивајќи астроном, туку обичен волшебник и шарлатан, како таков Бруно и бил осуден, пришто хелиоцентричните убедувања не биле поставени нему за вина. Језуитот Каспар Шопе, кој присуствувал на судот, вака ги предава обвинувањата против Бруно: „Во тие книги тој учел дека свеdownload (11)товите се безбројни, дека душата се преселува од едно тело во друго и дури во друг свет, дека една душа може да се наоѓа во две тела, дека магијата е добро и дозволено нешто, дека Духот Свет не ништо друго, туку душата на светот. Мојсеј своите чудеса ги правел со помош на магија и напреднал во неа повеќе од останатите Египќани, дека Мојсеј ги измислил своите закони, дека Свештеното Писание е привидно, дека ѓаволот ќе биде спасен. Од Адам и Ева тој го изведува само родословот на Евреите. Останатите луѓе происходат од оние двајцата, кои Бог ги создал еден ден порано. Христос не е Бог, тој бил знаменит волшебник и за тоа по заслуга бил обесен, а не распнат. Пророците и апостолите биле неподобни луѓе, волшебници, и многу од нив биле обесени“[2].

Исто така, треба да се спомне дека Бруно бил казнет во 1600 година, а осудата на учењето на Коперник, од страна на инквизицијата, се случило дури во 1613 година. Тоа значи дека кон времето на казната на Бруно, учењето на Коперник сè уште не се сметало за ерес и не можело да биде повод за толку сурова казна. Затоа, без магизмот на Бруно, неразбирлива е промената во односот на папството кон хелиоцентризмот, од наполно трпелив кон конфликтен.

Врвовите на католичкото духовенство, на почетокот, кон новото учење за системот на светот се однесувале, во целост, трпеливо и дури со некој интерес. Специјалистите-астрономи и најблиските пријатели на Коперник биле запознати со неговото истражување уште пред да излезе на свет неговиот основен труд, од него составениот (можеби, околу 1515 година) коментар – „Коментариолус“. Бидејќи тоа добило некакво распространување во ракописен вид, затоа уште во 1533 година папата Климент VII (внук на Лоренцо Медичи) ги собрал кардиналите и нему блиските лица во ватиканската градина, за да го ислуша извештајот на својот научен секретар кардиналот Видманштад зkopernikа учењето на Коперник за движењето на Земјата. Тој извештај бил сослушан со многу добра волја, пришто односот кон Коперник останал добар и при следниот папа, Павле III. Тоа се гледа од писмото (од 1536 година) кон Коперник од главата на доминиканскиот ред, кардиналот Шенберг. Во тоа писмо (коешто Коперник многу го ценел и потоа го ставил во својата книга), Шенберг желно барал „учен маж“, кој во никој случај „нема да го крие својот нов систем од пријателите на науката“, уверувајќи го Коперник дека тој „со сигурност сака да му оддаде признание за неговите големи заслуги“[3]. И токму коперниковите пресметки биле поставени во основата на „григоријанската реформа“ на календарот: „По објавувањето на календарската реформа од страна на папата Лав X на петтиот Латерански собор (1512-1517), Коперник бил вклучен во бројот на ’признати‘ астрономи, кои добиле официјална покана да земат учество во изработувањето на проектот на реформата“[4].

И одеднаш – по речиси сто години трпеливост, следела осудата на коперниковото учење. Што се променило? – Едноставно Џордано Бруно покажал какви магиски заклучоци можат да се направат од математичката хипотеза и со тоа ги настроил богословите против самата таа хипотеза.

Имено, Бруно ја искомпромитирал математичката хипотеза на Коперник, натоварувајќи ја со архаични окултни бајки. „Коперник е зората, која требаше да претходи на изгревот на сонцето на вистинската античка философија“ (Бруно, Пир на пепел, 1).

Бруно не е револуционер, туку банален реакционер, кој се обидувал да го отфрли двомилениумскиот развиток на културата и мислата, враќајќи се, не кон Платон и Аристотел, туку кон претсократовските натурфилософи. „Кутриот Аристотел“ Бруно го жали за неговата неспособност да ја достигне „длабоката магија“[5].

Бруно едноставно го презира Коперник (прашање: а кого, пак, овој „гениј“ не презирал?): „Ноланецот одговорил дека тој не гледа ниту со очите на Коперник, ни Птоломеј, туку со своите сопствени. Тие математичари, како посредници, ги преведуваат зборовите од еден на друг јазик; но затоа, пак, другите проникнуваат во смислата, а не тие самите. Тие се слични на оние прости луѓе, кои на отсутниот полководец му соопштуваат за тоа, во каква форма бил текот на битката и каков бил нејзиниот резултат, но самите не ги разбираат делата, причините и умешностите, благодарение на кои едните победиле… Коперник не избегал далеку од слепотијата“ (Бруно, Пир на пепел, 1).

Во научната астрономија, во физиката, математиката, не останала трага од Бруно. Освен негативности – компромитациите на Коперник.

Единствената „наука“, во која Бруно не бил профан, е магијата. Кога се обраќал на вице-канцеларот на Оксфордскиот универзитет, Бруно за себе говорел: „Доктор на најсовршената теологија, професор на најчистата и безопасна магија… На неговиот гениј ракоплескале најблагородните“[6].

Giordano-Bruno-Nola-610x235

Јас немам намера да ја оправдам мрскоста од човечкото палење, а уште повеќе, палењето заради неговите мисли.

Но, фактот е факт: не бил запален Бруно-астрономот; пресудата била донесена на Бруно-маѓепсникот. Тоа не било конфликт меѓу религијата и науката, туку на две религии: католицизмот и паганството. Неговото казнување со едно нешто ѝ помогнала на науката: станало јасно дека треба што поскоро да се ослободува од античкото окултно наследство.

[1] Киссель М.А., Христианская метафизика как фактор становления и прогресса науки Нового времени // Философско-религиозные истоки науки, М. 1997, 275-276.

[2] Цит. по: Рожицын В.С., Джордано Бруно и инквизиция, М. 1955, 369.

[3] Цит. по: Гурев Г.А., Учение Коперника и религия. Из истории борьбы за научную истину в астономии, М. 1961., 56.

[4] Фантоли А., Галилей, 30.

[5] Цит. по: Йейтс Ф.А., Джордано Бруно и герметическая традиция, М. 2000, 226.

[6] На истото место, 187.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел    Петти дел

Шести дел    Седми дел    Осми дел    Деветти дел    Десетти дел

Г.Г.

Source: http://mistagogia.mk/inkvizicijata-i-giordano-bruno/

Related Posts

Image Description
6 months ago

Религија и наука (9): За инквизицијата (6)

А тие митови, имено, теософите ги распространувале. Ќе приведам цитат од Е. Рерих: „Инквизицијата била востановена не за гонење само на кутрите вештерки и маѓепсници, поголем дел – медиуми, но и за уништување на неистомислениците. И помеѓу таквите непријател, пред сè, се вбројувале сите најпросветен...

Image Description
6 months ago

Религија и наука (8): За инквизицијата (5)

Инквизицијата функционирала како институција, којашто попрво заштитувала од гонење, отколку што запалувала. Црковните казни за оние кои правеле магии биле помеки од она што можела да им стори толпата. Таа забелешка особено е справедлива за Русија: за гревовите, за кои во Европа во тие векови гореле...

Image Description
3 months ago

Отворен Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први”

Отворен Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први”На отворањето, присутните ги поздрави и министерката за култура Ирена Стефоска, која истакна дека овој форум има бесценета задача – преку размена на академски аргументи да го покаже најдоброто од минатото и како поглед да ѝ го прене...