Религија и наука (13): Заклучок

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 59 seconds


Инквизицијата барала докази и јасно разликување на математичката хипотеза и физичкиот модел од тврдењата за структурата на самата реалност. Галилеј само ја докажал својата вера во она, што тој го сметал за вистина – но, вистинитоста на неговата вера сè уште не била докажана. И не е за чудење тоа, дека светот не бил освоен со неговиот ентузијазам. Потрезвен бил кардиналот Белармин. Неговиот совет во потполност е соодветен на современите стандарди на научно докажување.

Така што, дури и конфликтот со астрономите не го закочил толку развојот на науката, колку што му помогнал нему со барањето на поголема строгост и докажаност. Како и во случајот со ловот на вештерки, инквизицијата не го гонела толку неверието, колку лесноверието.

nauka

Повторно ќе кажам: Католичката црква ја примила теоријата на Коперник (објавена во 1542 година, но благонаклонето ислушана од папата уште во 1533 година) како математички модел (и на нејзина основа го изработила новиот календар во 1582 година). Но притоа, во 1616 година таа повикала на воздржание од нејзино прифаќање како физички модел до стекнувањето на докази (кои се појавиле дури во средината на 19 век) А во 1600 година таа го осудила Бруно, кој од коперниковата теорија направил колку антинаучни заклучоци, толку и антихристијански, зашто го помешал Коперник со окултизмот.

Конечно, верзијата на конфликт меѓу Црквата и науката не може да се објасни со самиот факт, што науката постанала социјален институт.

Тоа што научното општество се „институизирало“, т.е. станало почитуван и финансиран институт, значи дека општественото мислење – поточно, мислењето на елитите, кое во тоа време, без сомневање, било контролирано од Црквата – влијаело добро врз научниот начин на мислење.

Механицизмот, кој лежел во основата на првата научна парадигма, бил симпатичен на христијанскиот стил на мислата, затоа што тој ги објаснувал природните процеси без сомнителни апелации кон желбите на едни или други духови.

Механицизмот дал можност да се избега од аристотеловите објаснувања: „Природата не трпи празнина“. Зашто, ако природата нешто „трпи“, а нешто „не трпи“, тоа значи дека таа има душа. Но тоа, всушност, е базичната теза на паганството и окултизмот.

bojll

Како се разликувале меѓу себе архаичното и новоевропското научно сфаќање за едни или други феномени може да се појасни со примерот на училишните лабораториски (поврзани меѓу себе) садови. Зошто во тие садови водата се прелива од пополна во попразна? Аристотеловото објаснување (природата се плаши од празнина) во сфаќањето на Бојл е многу антропоморфно. Во самата материја, возвраќа Бојл, нема ни разумност, ниту извор на движење. Ако природата се бои од празнина, значи, таа има душа; значи, човекот не се разликува од природата. Но, ако човекот не се разликува од светот, тогаш зошто само тој на Судот одговара за себе? Едно од двете е – или водата треба да носи, не помала од човекот, одговорност за своите постапки, стравови и претпочитања; или човекот треба да биде исто неодговорен, како водата. Последното значи дека нема вознаградување (награда или казна), што значи нема основа ниту за моралноста. Бидејќи Бојл е убеден во неопходноста од морална одговорност кај човекот – тој бара нетелеолошки и неантропоморфни, т.е. неаристотеловски објаснувања за поведението на водата. Заклучок: водата се крева не поради страв од празнина, туку поради разликата во притисоците. Таа алка од аргументите на Бојл накратко може да се изрази во силогизмот: водата во затворена цевка се крева поради разликата во притисоците, а не поради стравот од празнина, значи, еретиците не можат да тврдат дека душата не е смртна.

Литература:

Олышки Л. История научной литературы на новых языках: В 3 т. Т. 3. М.-Л., 1933.

Гурев Г.А. Коперниканская ересь в прошлом и настоящем. М., 1933.

Выгодский М.Я. Галилей и инквизиция. М.; Л., 1934.

Рожицын В.С. Джордано Бруно и инквизиция. М., 1955.

Вопросы истории религии и атеизма. Сб. Статей. Вып. 1. М., 1950.

Гайденко П.П. Эволюция понятия науки: В 2 т. Т. 1. М., 1980; Т. 2. М., 1987.

Гайденко П.П. История новоевропейской философии в ее связи с наукой. М., 2000.

Яки С. Спаситель науки. М., 1992.

Яки С. Бог и космологи. М., 1993.

Косарева Л. М. Коперниканская революция: социокультурные истоки. М., 1991.

Косарева Л.М. Генезис научной картины мира. М., 1985.

Косарева Л.М. Социокультурный генезис науки Нового времени. Философский аспект проблемы. М., 1989.

Современные зарубежные исследования по философии и генезису науки (позднее Средновековье и Возрождение). Сб. Обзоров. М., 1980.

Социокультурные факторы развития науки (по материалам историко-научных исследований). Сб. Обзоров М., 1987.

Кирсанов В.С. Научная революция XVII века. М., 1987.

Кимелев Ю.А., Полякова Н.Л. Наука и религия: историко-культурный очерк. М., 1988.

Йейтс Ф.А. Джордано Бруно и герметическая традиция. М., 2000.

Философско-религиозные истоки науки. М., 1997.

Фантоли А. Галилей. В защиту учения Коперника и достоинства Святой Церкви. М., 1999.

Лернер Л., Госселин Э. Галилей и призрак Джордано Бруно // В мире науки. 1987, N 1. С. 80-88.

Шрейдер Ю.А. Галилео Галилей и Римско-Католическая Церковь // Вестник истории естествознания и техники. 1993, N° 1.

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трети дел    Четврти дел    Петти дел

Шести дел    Седми дел    Осми дел    Деветти дел    Десетти дел

Единаесетти дел    Дванаесетти дел

Извор: диакон Андрей Кураев, Неамериканский миссионер, Саратов 2006.

Подготвил: Георгиј Глигоров

Source: http://mistagogia.mk/gjakon-andrej-kuraev-religija-i-nauka-13-zakluchok/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Познат научник тврди дека Бог постои

https://www.youtube.com/watch?v=jremlZvNDuk Мичио Каку е теоретски физичар и еден од најпочитуваните научници на денешнината. Тој тврди дека нашол доказ за активноста на силата „што владее со сé.“Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу...

Image Description
3 years ago

Библиската археологија како аналитичка дисциплина

Од средината на 19 век, кога започнале систематски археолошки истражувања во Палестина и библиските земји на Блискиот исток, пред библиската археологија стоеле две задачи: прво, теренски експедиции и ископувања за откривање на нови артефакти; второ, осмислување на најдените артефакти во врска со рас...

Image Description
3 years ago

Религија и наука (9): За инквизицијата (6)

А тие митови, имено, теософите ги распространувале. Ќе приведам цитат од Е. Рерих: „Инквизицијата била востановена не за гонење само на кутрите вештерки и маѓепсници, поголем дел – медиуми, но и за уништување на неистомислениците. И помеѓу таквите непријател, пред сè, се вбројувале сите најпросветен...