Ретроспектива (2005-2020): „Зошто православните се крстат поинаку од римо-католиците? (4)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 46 seconds


лого

 

Прашање: Православните, додека се прекрстуваат, прво го допираат десното, па левото рамо. Римо-католиците, пак, прават обратно: се прекрстуваат од лево надесно. Дали редоследот и страната се важни? Дали воопшто има некаква разлика?

Одговор: Точно, православните се крстат оддесно налево. Најпрво, да објасниме како треба да се прекрстуваме, како православни христијани. Ги спојуваме палецот, показалецот и средниот прст, додека малиот и домалиот прст ги прилепуваме до дланката. Првите три прста ја симболизираат нашата вера во Бог Света Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух, а другите два прста на дланката – исповедањето дека Христос има две природи – дека е вистински Бог и вистински Човек. Потоа, со трите прста го допираме челото, па стомакот, изобразувајќи ја вертикалата на Крстот. Од стомакот, го допираме десното, па левото рамо, на тој начин изобразувајќи ја хоризонталата на Крстот.

Самиот чин на прекрстување, односно изобразување на Крстот е еден вид на прозба, молба за благослов Божји. Го следиме овој редослед, за да го одразиме давањето благослов од страна на свештеникот. Самиот свештеник, кога благословува, тоа го прави од лево надесно. Оттука, самите верници, за да го одразат свештеничкиот благослов, кој е благослов на Црквата, односно на Христа, истото го прават оддесно налево.

Бидејќи Господ во Библијата ги разделува овците од козите, поставувајќи го верното стадо од Неговата десна страна, а козите на левата, Црквата секогаш гледа на десната страна како на попосакувана. Затоа се крстиме само со десната рака. Оваа логика е отсликана и на други места: кога се кади Светиот престол во Олтарот, секогаш прво се кади десната страна; кадењето на иконостасот, но и на верниот народ, исто така секогаш почнува од десната страна. Свештеникот причестува со десната рака, дури и да е левак.

Католичката енциклопедија наведува дека и римо-католичката црква ја следела оваа практика до 16 век, кога своеволно ја променила. Непознати се причините зошто таа одлука била донесена токму тогаш.

На крај, дали е важно како се крстиме? Накратко: да. Ние немаме право своеволно да избираме кој дел од христијанското предание ќе го следиме. Нашите Отци, и многубројни светители се крстеле на овој начин. На древните икони се претставени Христос и светителите како благословуваат на овој начин. Зошто би сакале да го измениме ова?

Одговорот го напишал о. Александар Лебедев
Извор: Orthodoxi.net

Преземено од: Кумановско- осоговска епархија

TVITer270

п.п.2015-07-21 03:54:17

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/16529-zoshto-pravoslavnite-se-krstat-poinaku-od-rimo-katolicite-19-07-2015

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Арх.Тимотеј Каламберидис: Наоѓање на моштите на свети Нектариј Егински

(3 септември 1953)Архимандрит Тимотеј КаламберидисВо манастирот стигнав во октомври 1952 година, на возраст од 55 години. Следната година, конкретно на 2 септември 1953, се случи отворањето на светите мошти на свети Нектариј.Откопувањето, како што беше одлучено летото, започна откако се стемни. Беше...

Image Description
3 years ago

Од распаѓање кон Живот

  Од распаѓање кон ЖивотСекоја идеја или дело, колку и да се свети и благородни - како што се љубовта кон татковината, социјалниот стремеж или зачувувањето на традициите и обичаите - доколку не ги надминат границите на земниот живот, стануваат настани што го спречуваат човекот да ја достигне Ве...

Image Description
3 years ago

Постот кај Светите отци

Ранохристијанските списи, како и делата на Светите отци, потврдуваат дека постот во Црквата се запазувал уште од самиот почеток. Во учењето на Дванаесетте апостоли, од средината на II-от век, се зборува за веќе постоечкиот седмичен пост на христијаните, со наредба да не биде спроведуван заедно со Ј...