Сакаш ли да се збогатиш? Давај!

Сакаш ли да се збогатиш? Давај!

Сакаш ли да се збогатиш? Давај!

Сакам да ви кажам: Не бидете рамнодушни!

Правете милостиви дела. Давајте милостина.

О, кога би знаеле!…

Тоа е нешто најголемо, бидејќи тоа значи дека љубиш. Човеку, ако вели:

„Ќе примите сто пати по толку“, не се плаши дека ќе осиромашиш.

Сакаш ли да се збогатиш? Давај!

Но, зарем сакаме да се збогатиме?

Ме боли срцето за болниот.

Те боли ли срцето за него, воопшто?

Се најдов пред еден просјак, кој беше без нога, на улица. И тој очекуваше да извадам од џебовите. Но јас немав ништо, се случи да немам ништо.

Одев пешки, немав пари ниту за превоз.

И му реков:

„Брату, немој да ми се лутиш, но ти давам топла рака!“

– „О, отец, такво нешто никој не ми дал!“

И си реков: „Се снајдов! Победив!“

Ете, сакам да ви кажам: не бидете рамнодушни! И не чекајте да ги сретнете.

Барајте ги.

Барај ги, зашто кога ќе ги најдеш, си се пронашол себеси.

Си се запишал таму, горе. Нема да те заборави Спасителот, не може да те заборави кога правиш милостиво дело.

И откинувајте од себе по секоја цена. Сега, милостината не значи само да вадиш од торбата; имаш пријател кој страда, кој е тажен:

„Зошто си тажен?“ Утеши го.   И не го оставај!
Тоа значи дека си направил милостиво дело кон него…

Старец Арсениј Папaчок