Самиот Господ ќе нè научи на молитва! (Поука од Старец Порфириј)

Самиот Господ ќе нè научи на молитва! (Поука од Старец Порфириј)

Самиот Господ ќе нè научи на молитва. Нема сами да се научиме, ниту пак, некој друг ќе нè научи.

Да не говориме: Направив толку и толку метании – според тоа, сега си обезбедив благодат, туку молитвено да бараме во нас да засветли неминливата светлина на богопознанието, и да се отворат нашите духовни очи, за да ги разбереме божествените зборови.

На овој начин Бога Го љубиме без самопринудување, без труд и напор, и без да го воочиме тоа. Она што за луѓето е тешко, за Бога е многу лесно.

Бога ќе Го возљубиме изненадно – кога ќе нè осени благодатта. Доколку многу Го возљубиме Христа, молитвата ќе се случува сама од себе. Христос трајно ќе пребива во нашиот ум и срце.

Меѓутоа, за да останеме во ваквата духовна состојба, и да не ја изгубиме, неопходна ни е божествена, пламена љубов кон Христа.

Нашата љубов е усмерена кон едно вишо Битие. Бог сецелосно го љуби човекот, а човекот од своја страна, посакува да дојде до Љубениот.

Бог го љуби човекот со божествена и совршена љубов. Љубејќи го човекот, Бог е несебичен.

Старец Порфириј