СЕ` Е ПО ТВОЈАТА СВЕТА ВОЛЈА!   (Не допуштај да заборавам дека се` од Тебе доаѓа).

СЕ` Е ПО ТВОЈАТА СВЕТА ВОЛЈА! (Не допуштај да заборавам дека се` од Тебе доаѓа).

Господи, дај ми мирно да го примам

она што денов денешен ми го носи

и целосно да и се предадам на Твојата Света волја.

Упати ме и помогни ми во секој миг од денов:

каков било глас да добијам,

научи ме мирно и со цврста вера

да восприемам дека се е по Твојата Света волја.

Управувај со моите мисли, со моите сетила

и со сите мои дела и зборови.

Не допуштај во непредвиден случај

да заборавам дека се од Тебе доаѓа.

Научи ме добро да се однесувам

спрема родителите и спрема ближните,

никого да не го разгневам или да нажалостам.

Господи, дај ми сили да ја поднесам

Тежината на денот денешен

и се што во него ќе ми се случи.

Управувај со мојата волја и научи ме

да се молам, да верувам, да се надевам,

да поднесувам, да простувам и да љубам.

Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир,

та таму кај што има омраза да сеам љубов,

ај што има осуда – простување,

кај што има раздор – слога,

кај што има очај – надеж,

кај што има темнина – светлост,

кај што има жалост – радост.

0 Божествен Учителу,

нека не бидам утешуван, туку

јас други да тешам;

нека не ме трпат мене,

тукујас да имам трпение за сите;

не мене да ме љубат, туку

јас сите да ги љубам.

Зашто кога простуваме, тогаш

и нам ни се простува;

кога даваме, тогаш добиваме;

а кога умираме, тогаш се рагаме за живот вечен.

Свет Духу, помошник биди ми

денов денешен да Му Го посветам

на мојот Господ и Спасител.

Господи Исусе, Сине Божји,

поарно е да не се живее

одошто да се живее без Тебе или против Тебе.

Ти благодарам, Боже,

за дарот на овој ден и за секое добро

за коешто ќе ми помогнеш денеска да го сторам.

Избави ме, милостив Боже,

од желбата за самоугодување,

и удостој ме во секој миг да бидам подготвен

заради Тебе и заради ближниот свој

да се откажам од себеси,

зашто за таа служба и Си ми го дал животот.

Помогни ми од себе да го отфрлам

сето она што не е Твое,

а она што е Твое да го примам

во длабока вера, надеж и љубов.

Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам:

да ја поставам правдата над користа,

да го поставам чинењето на благочестиви дела

над минливите задоволства,

да ги поставам другите над себеси

за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.

Стори светлоста на Твојата убавина, добрина

и љубов да заблескаат во мојава душа.

Амин.

Преподобен Филарет Московски, Чудотворец