Се обновува култот на свети Константин Кавасила

Example User · 3 years ago

    1 minute, 59 seconds


Почнувајќи од годинава, секој 31 октомври ќе се прославува споменот на овој светител. Официјалната прослава ќе се одбележи денеска во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, во организација на дебарско-кичевската епархија.Негови фрески има во црквите „Света Богородица Перивлепта“, „Свети Јован Канео“ и „Мали Свети Врачи“ во Охрид, најчесто на иста фреска со свети Климент Охридски ;

 


Црковниот календар на Македонската православна црква-ОА ќе добие нов светител, свети Константин Кавасила, кој бил на чело на Охридската архиепископија во средината на 13 век. Тоа значи дека почнувајќи од годинава, секој 31 октомври ќе се прославува споменот на овој светител, со што ќе се возобнови неговиот култ што постоел кај народот, како благодарност за добрините што им ги правел. Официјалната прослава ќе се одбележи денеска во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, во организација на дебарско-кичевската епархија. Со светата литургија е предвидено да чиноначалствува г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ, заедно со уште неколку митрополити.

- Со тоа ќе се возобнови споменот на овој нам близок охридски светител, достоен продолжувач на делото на свети Климент Охридски. Тој бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот по 1250 година до 1263 година - објаснуваат од МПЦ.

Теологот Виктор Недески вели дека оваа личност во минатото била многу прославувана, но денес верниците имаат многу мали сознанија за неговото житие.

- Затоа неговото значајно дело повторно ќе го презентираме пред јавноста, а со тоа ќе му го дадеме местото што го заслужува - објаснува теологот.

Според него, периодот во кој светителот бил на чело на Охридската катедра бил мошне сложен, зашто се менувале разни власти.

- Но тој наоѓал начини да го штити народот, да му помага и да ја унапредува црквата. Така станува пример за сите христијани - додава Недески.

Инаку, свети Кoнстантин Кавасила бил архиепископ на Охридската архиепископија и по потекло бил од Византија. Се смета дека бил роден во Илирија, најверојатно на територијата на Епирското деспотство. Пред да застане на охридскиот трон бил епископ во градот Струмица, поточно во Водочкиот манастир, и митрополит во Драч.

Поради одредени историски услови неговиот култ бил искоренет, но неговиот лик е застапен во повеќе цркви во Охрид, и тоа најчесто е на иста фреска со свети Климент Охридски.

Негови фрески има во црквите „Света Богородица Перивлепта“, „Свети Јован Канео“ и „Мали Свети Врачи“.
 Овој продолжувач на делото на свети Климент бил почитуван и славен не само во рамките на Охридската архиепископија туку неговиот култ се пренел дури и до Света Гора Атонска.      
       
Автор: Радмила Заревска / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/nastani/16886-se-obnovuva-kultot-na-sveti-konstantin-kavasila

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

д-р Ѓоко Ѓорѓевски - Слово кон книгата на епископ Тихон Шевкунов „Несвети, а свети“

  Епископ Тихон ШевкуновНесвети, а свети    Секој момент од нашиот живот го минуваме во сознанието за постојаното присуство на Господа: и дома, и на работа, и на улица, и кога работиме, и кога учиме, но никаде така непосредно како во Божјиот дом, во црквата. А таму, уште на самото в...

Image Description
3 years ago

ЕКСКЛУЗИВНО: Вселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство!

ЕКСКЛУЗИВНО: Вселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство (03.10.2020 11:39) Вселенската Патријаршија нема намера да отстапи од процесот за решавање на црковното прашање во Македонија, туку напротив, и покрај сите притисоци и закани од Руската Црква и нејзините поддржувачи во Грциј...

Image Description
3 years ago

Во Пакистан започна градбата на првиот православен храм

ВО ПАКИСТАН ЗАПОЧНА ГРАДБАТА НА ПРВИОТ ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ Како што соопштува  The Orthodox Church, во Пакистан започна градбата на првиот православен храм. Минатата недела беа осветени темелите за новиот храм и започна неговата градба. На чинот на осветувањето присуствувале и претставниците на му...