СЕКТАШТВО ВО ПРАВОСЛАВИЕТО И ПРАВОСЛАВИЕ ВО СЕКТАШТВОТО

Example Admin User · 3 years ago

    2 minutes, 41 seconds


Аргирета Атева

СЕКТАШТВО ВО ПРАВОСЛАВИЕТО И ПРАВОСЛАВИЕ ВО СЕКТАШТВОТО – Архиепископ Јован Шаховској

Погрешно е да се мисли дека сите православни во суштина не можат да бидат секташи и дека сите секташи во суштина не можат да бидат православни.

Не секој што е по име православен, таков е и по дух, а особено во денешно време може да се сретне „православен“ – вистински секташ по својот дух:

фанатичен, без љубов, рационално ограничен, кој има упориште во човечката, а кој не е гладен и жеден за Божијата правда, туку е пресит со својата горделива правда, кој строго суди од врвот на таа своја умислена правда – надворешно догматски правилна, но лишена од раѓањето во Духот.

На секој православен му е јасно дека православните луѓе по своето умоисповедање често морално и духовно не ја унапредуваат заедницата, туку директно ја рушат.

Ни со споровите, ни со расправите, ни со препирките, нити со грубите разобличувања не е можно да се покаже таа апсолутна сила на Духот Божји, кој живее во Православието, кој е само во Православието.

Тој Дух може да се открие само во, за човекот, безумното одрекување од своите права по разумот и препуштање на Судот – на Духот.

Православието треба да победи само со својата светлост, како Самиот Господ, а не со пушка – челична или вербална, сеедно.

Православието не сјае во православната заедница во која царува гордоста заради своето Православие.

Тоа сјае во оној кој е во своето Православие смирен, кој чистотата на верата ја сфаќа не толку со својот мал разум, колку со духот и целиот свој живот.

… средството е невозможно да ја оправда целта. Не е возможно Православието да се заштитува на пагански или јудејски начин.

Да се фрли камен е прелесно. Нашиот стар човек само бара дозволен изговор за да земе камен. РЕВНОСТА ВО ВЕРАТА Е НАЈЛЕСНИОТ ИЗГОВОР.

Како православниот може некого да обрати во верата ако спрема тој човек нема љубов?

Како тој човек ќе ја спознае верата на љубовта, ако не ја види во оние кои ја проповедаат?

“Велиш: богат сум (православен!) – а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол“ (Откр. 3, 17) – му вели Господ на горделивиот православен човек кој нема љубов.

Православието е добар плод, и за дрвото треба да се суди само по плодовите, по резултатите на неговото цветање.

Ако цветот е и грд, листовите бодликави и суви, ако дрвото израснало ниско и неугледно, дури и прекршено…

Но, ако плодот е сладок, чист и хранлив – тоа дрво е православно во својата плодност.

И обратно, нека цветовите и листовите се раскошни, нека дрвото е огромно и убаво, но ако плодот не се јаде, горчлив е, отровен или безвреден – на поглед на тоа дрво ништо нема да ја пројави вистината на Православието.

А жалосно е доколку тоа почне само да се издвојува себеси и да се превознесува над другите дрва.

Но, во што се состои духот на секташтвото, против кој треба да се наоружаме со молитва и трезвеност?

Тој дух е дух на душевна (не духовна) ревност.

Тоа е – рационализација на верата, стражарење над чистината на верата и изгубената длабочина.

Тоа е губење на љубовта.

Поедини православни на секташки начин го штитат своето Православие, користејќи цитати од Светото Писмо или канони како стапови, спорејќи со секташите, та дури и со своите православни браќа (древни и нови расколи), штитејќи ја својата вера без надеж во Бога, без љубов кон човекот.

Сите се виновни. „Нема праведен – ниту еден“ (Рим. 3, 10) – тоа треба да го запаметиме.

И да не се осудуваме еден друг, туку да се помагаме еден друг, да се учиме на правда еден од друг.

Кога Господ би се ограничил Себеси со законите на спасението, кои се разбирливи со нашиот човечки ум, тогаш сите би погинале.

Прочитај повеќе на (избрешете го просторот измеѓу):
https:// maranata0. wordpress.com/2020/09/28/секташтво-во-православието-и-правосл/

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/30/29460/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – IV дел

Ваквите нешта не се дел од нашата логика… тие се нешто поинакво! (Можеби ве заморувам со овие нешта, но нашиот ум треба да избега од логиката). Дури и ние луѓето кои ја исповедаме верата имаме ,,мала вера‘‘ што лесно се разнишува.Имаме една фондација во Атина наречена ,,Галилеја‘‘ за пациенти неизле...

Image Description
3 years ago

Отечки изреки (2)

Не можеш самиот да ги уништиш страстите, туку помоли Го Бога и Он ќе ги уништи нив, ако тоа е полезно за тебе. свети Анатолиј Оптински Еден старец бил запрашан: „Како можам да Го најдам Бога?“ Тој одговорил: „Постејќи, бдеејќи, трудејќи се, посветувајќи се, а најмногу од сè, расудувајќи. Ти велам, м...

Image Description
3 years ago

Ава Антониј: Зошто велиме дека Бог се радува на добрите, а се одвратува од лошите?

Бог е добар, бестрастен и непроменлив. Ако некој мисли дека е разумно и вистинито да се потврди дека Бог не се менува, тогаш можеме да прашаме, зошто во таков случај е можно да се говори за Бога дека Он се радува над оние што се добри и милостив кон оние што Го почитуваат, а се одвратува од лошите...