ПЕТТИ НАСЛОВ

Непрестајно треба да се сеќаваме на смртта и идниот суд. Оние што не ги исчекуваат и не размислуваат за нив, лесно се совладани од страстите

ОД ЖИВОТОТ HA СВЕТИ АНТОНИЈ

СВЕТИ Антониј им говорел на своите ученици:

„За да не паѓаме во негрижа и за да не слабееме во подвигот, добро е постојано да се поучуваме од зборовите на апостол Павле: Секој ден умирам (I Кор. 15, 31).

Ако и ние живееме така, како секој ден дека ќе умреме, воопшто нема да згрешиме. Сакам да кажам дека при станувањето треба (да мислиме) дека повеќе нема да станеме, co оглед на тоа дека (должината) на нашиот живот по природа е непозната и дека секојдневно се мери co промислата.

Ако размислуваме како што е речено, нема да згрешиме, ниту, пак, за нешто ќе копнееме, ниту, пак, ќе злопамтиме, ниту ќе собираме богатства на земјата.

Напротив, бидејќи секој ден ја очекуваме смртта, ќе стекнеме нестекнување и на сите се’ ќе им простиме. Нема, исто така, да имаме желба за жена или за некое друго нечисто задоволство, туку ќе ги избегнуваме како минливи, постојано очекувајќи го и гледајќи кон денот на судот.

Зашто, големиот страв и очекувањето на казната секогаш ја уништуваат лагата на задоволствата и ја исправуваат душата кога ќе падне.

ОД ЖИВОТОТ HA СВЕТИ ЈОВАН МИЛОСТИВ

САКАЈЌИ во својот разум длабоко да го вреже сеќавањето на смртта и постојано да ја има пред очи, големиотЈован, патријархот на Александриската црква, го направил следново: тој заповедал да му ископаат гроб, но да не го завршат, туку да го остават полузавршен.

Потоа им заповедал на работниците да доаѓаат за секој голем празник и пред насобраниот народ, јавно да му говорат:

„Владико, твојот споменик до денешниов ден е незавршен. Дозволи ни да го завршиме co оглед на тоа дека е непознат часот во кој ќе дојде крадецот, т.е. смртта.”

ОД СТАРЕЧНИКОТ

1. АВА Агатон рекол: „Монахот секој час треба да внимава на Божјото судење”

2. BO областа околу реката Јордан живеел отшелник (пустиник) и се подвизувал многу години. Покриван од Бога, тој не трпел напади од непријателите, туку останал речиси ненападнат.

Поради тоа на сите што му доаѓале за (духовна) корист, тој co потценување и навредливо им зборувал за сатаната, т.е. дека е ништо и дека не може да им наштети на подвижниците. Напротив, тој може да го раздразнува само оној што му е сличен, т.е. нечист и поробен од гревовите. Тој, всушност, зборувал не чувствувајќи дека поради благодатта одозгора не му е дозволено на сатаната да го напаѓа.

Бидејќи му се приближил крајот, Бог допуштил ѓаволот видливо да се појави пред него и да му рече:

„Што ти направив, аво? Дали некогаш те вознемирив?”

Авата почнал да го плука и да го зборува вообичаеното:

Бегај од Мене, сатано. (Мт. four,10) Ништо не можеш да им направиш на Христовите слуги”.

А тој му рекол:

„Да, да, ќе живееш уште четириесет години. И за толку години нема ли да најдам еден час во кој ќе те совладам.”

После овие зборови тој исчезнал, а монахот веднаш почнал да се бори co помислите, говорејќи во себе:

„Толку години се мачам овде, а Бог сака да живеам и други четириесет? Ќе отидам, значи, во светот да ги видам оние што се интересираат за мене. Ќе поживеам co нив неколку години, па повторно ќе се вратам и ќе го продолжам својот подвиг.”

Помислувајќи го реченово, тој одлучил и да го направи. Излегол од својата ќелија и тргнал на пат. И не стигнал многу далеку кога човекољубивиот Бог се смилувал над него, не сакајќи да пропаднат сите негови напори, па му испратил ангел да му помогне. Ангелот го сретнал и го прашал:

„Каде одиш, аво?” Тој одговорил: „В град.”

Ангелот повторно му рекол: „Врати се во својата ќелија и немој да имаш ништо co сатаната. Знај дека те прелажа.”

Монахот дошол при себе, се вратил во својата ќелија и по три дена умрел.

three. ЕДЕН старец рекол:

„Додека работам, го спуштам вретеното надолу. И пред да го подигнам, си ја предочувам смртта.” Повторно рекол: „Човек што постојано пред своите очи ја има смртта, ја победува малодушноста.”

four. ЕДЕН старец рекол:

“Подготвувајќи се да направиш некое дело секогаш вели си:

‘Што ќе биде ако сега ме посети Бог?’ И види што ќе ти одговорат помислите. Ако те осудат, веднаш остави го и прекини го делото што го правиш, па почни друго што ќе можеш co смелост да го завршиш.

Оној што прави, всушност, секој момент треба да биде подготвен да замине. Било да работиш, или да одиш или да јадеш, секогаш вели си:

‘Што ќе биде ако сега ме повика Бог?’ И види што ти одговара твојата совест и побрзај да го направиш она што ти вели.

Ако сакаш да дознаеш дали Бог ти направил милост, прашај ja својата совест. И немој да престануваш да ја прашуваш се’ додека не се осигура твоето срце и додека не ти рече совеста:

‘Веруваме во Божјата штедрост, која секогаш покажува милост на нас.’ Внимавај на своето срце за, можеби, да не ти зборува co притеснетост. Зашто, ако паѓаш во верата само за едно влакно, милоста ќе биде далеку од тебе.”

5. КОГА бил пред смртниотчас и кога веќе дошол (последниот) час, ава Арсениј почнал да плаче. Гледајќи го, браќата го прашале:

„Зарем и ти се плашиш, оче?”

А тој им рекол: „Навистина, стравот кој сега е со мене никогаш не ме остави од моментот кога се замонашив.”

И кога завршил, тој се упокоил.

Пренесено од книгата “Доброслов” Прв том