ШТО Е ПОЛОШО – ШЕГАТА ИЛИ ПЦУЕЊЕТО  Архимандрит Рафаил Карелин (карикатура на човекот)

ШТО Е ПОЛОШО – ШЕГАТА ИЛИ ПЦУЕЊЕТО Архимандрит Рафаил Карелин (карикатура на човекот)

ШТО Е ПОЛОШО – ШЕГАТА ИЛИ ПЦУЕЊЕТО  Архимандрит Рафаил Карелин (карикатура на човекот)

ШТО Е ПОЛОШО – ШЕГАТА ИЛИ ПЦУЕЊЕТО

Два грева, надворешно како да се спротивставени еден на друг, – шегобијството и сквернословието – имаат нешто многу заедничко. Свети Јован Златоуст, кажувајќи за погубноста на тие гревови што ja повредуваат душата на човекот, го срамнува јазикот на шутот и на оној што псуе, кога тие ќе застанат на молитва, co рака, што е намачкана co шталско ѓубре, со која човек сака да се допре до хитонот на Бога.

Шегата и пцуењето претставуваат сами по себе карикатура на човекот.

Во секоја шега има – ругање (исмевање) на човечката личност, нејзино понижување, примитивизирање на човекот, стремеж да се замени неговото лице co наказна рилка, како во кривите огледала, што ги покажуваа во панаѓурите.

Bo шегата исчезнува уважувањето кон човекот како образ и подобие Божјо. А заедно co уважувањето пропаѓа и љубовта. Ако за време на плачот срцето на човекот омекнува, за време на шегата тоа станува тврдо како камен.

За време на шегите и смеата умот на човекот е помрачен, тој не може да мисли на ништо високо и свето, тој во другите бара наказност. Потсмевот – тоа е радост дека човекот, образот Божји, е облечен во одежда превртена наопаку.

Првиот шегобиец бил Хам, што се потсмеал на голотијата на својот татко, а порано од него – демонот, што се потсмеал на доверливоста на првосоздадените луѓе. He залудно демонот го нарекуваат шут и неретко го изобразуваат во облека на шегобиец – скомрах (патувачки музичар).

Шегата е краток настап на хистерија, при која човек се ослободува од некоја насобрана во неговата душа енергија. Тој како да ја исфрла таа енергија надвор, во лицето на другиот човек, како плуканица. Така како да ја симнува противречноста што се насобрала во неговата душа.

Тоа исфрлање на енергијата, поврзано co помрачување на свеста, донесува видливо олеснување, но во суштина тоа олеснување е од иста природа како и псуењето, односно благодарејќи на унижувањето на друг човек се јавува илузија за своето сопствено достоинство.

Велат дека од шегите човек добива добро расположение – ама тоа не е вистина. После долготрајни шеги и смеа човек чувствува опустошеност. Забележано е дека карикатуристите и кловновите во својот личен живот се одликуваат co мрачен и раздразителен карактер, а неретко имаат и напади на црна меланхолија, како да се шегите и смеата – темни пропасти на душата, во кои гасне светлоста на умот и исчезнуваат духовните сили.

Ако човек кој изнаслушал еден куп вицови и доволно се изнасмеал co нив, застане на молитва, тогаш тој воочи ќе го види безобразието на својата душа. Шегобиецот има психички комплекс, кој секаде и секогаш бара несоодветсвија и наказност; за него сиот живот е постојан парадокс.

Ако не се пошегува за време од еден час, тој чувствува некој внатрешен дискомфорт, како пијаница лишен од алкохол или наркоман останат без дрога, како некои сили да ја напрегнуваат однатре неговата душа.

Нему, во целосна смисла на зборот, му станува лошо. Тој почнува да се шегува co таква страст, co каква гладните се нафрлуваат на храна. Човек толку навикнува да се шегува, што се шегува речиси махинално. Во неговата потсвест се случува постојано барање и обработка на шеги.

Тој се шегува дури и неочекувано за самиот себеси. Кога таквиот човек почнува да се моли, неговата молитва веднаш се претвора во богохулење. Навиката го тера да бара наказни асоцијативни образи, како некое исмевање на молитвените зборови.

Ѓаволот е – љубител и уважувач на шегите. Тој е – невидлив режисер на таа кловнијада, што се случува во умот на човекот. Најстрашната последица на гревот е дека тој ja оддалечува од душата благодатта на Духот Свет.

Никаде на иконите не се изобразени светители што се смеат или се насмевнуваат, зашто смеата го лишува човекот од самоспознание, а шегите – од покајание. Затоа ѓаволот често се покажува co оклештени во насмевка заби.

За време на паганските прогони на Црквата скомрахите (шегаџиите) и кловновите ја претставувале антихристијанската сила; за толпата тие имале такво значење во своите улични пародии на христијанството, како паганските философи – за античката интелигенција.

Дури и повеќе: да се лиши човек од чувството на страв Божји – значи да му се одземе Бог. Понекогаш паганските владетели најмувале скомрахи и артисти за тие да ги пародираат и да ги исмеваат мачењата на христијаните за време на извршувањето на казната. Подлоста секогаш се стреми великото да го претвори во смешно.

Господ рекол: тешко на оние што се смеат (види: Лука 6,25), тешко, затоа што го изгонуваат Духот Свет од својата душа; тешко, зашто се потсмеваат на човекот образот и подобието Божјо, a преку творбата – над Творецот; тешко, затоа што губат скапоцено време во животот: тешко, затоа што се лишуваат себеси од длабочината на покајанието и чистотата на молитвата.

Го нарековме демонот шут, поточно, се сетивме на неговиот стар назив. Трагедијата на светската историја за демоните се претставува како светска комедија. Туркајќи ги луѓето во грев и престап, тој потоа се смее на нивната лековерност и глупост. За демонот – историјата е постојано насамарување на луѓето. Забележано е дека тираните и револуционерните водачи се – големи шегобијци.

Зборот на човекот носи во себе определена енергија. Тоа го соединува човекот co космичките сили на доброто или злото, co ангелите или демоните. Највисока пројава на човечкиот збор е – молитвата.

Дури и местото каде што се извршува молитва има особена духовна атмосфера. Имено, затоа, влегувајќи во дворот на манастирот, луѓето чувствуваат некоја особена чистота, ја чувствуваат речиси физички, тие сакаат да го дишат тој воздух co полни гради.

Еднаш кај една болна монахиња дошла една лекарка. Влегувајќи во одајата, таа прво плашливо погледнала на иконите, потоа, ислушувајќи ја болната, седнала покрај неа на табуретка и no неколку минути и’ рекла: „Колку смирувачко место. Пак ќе дојдам кај вас”.

Има такви зборови, но има и црни зборови, што носат во себе невидлива, би рекле, метафизичка нечистотија – тоа се отровните испарувања на пцостите, кои заседнуваат на ѕидовите на становите, се вовлекуваат во предметите, co својот лош мирис ја натопуваат облеката. Сметаме дека пцостите на метафизички план се често откажување од Бога и молитва за сатаната.

Ќе се обидеме да ја разбереме мистичката смисла на зборовите на пцостите и ќе видиме дека тие ни од далеку не се толку нештетни, како што се чини. Да го земеме зборот „гад” (ѓубре).

Тоа означува ѓубре што се собира (рус. сволакивает – довлекува) во купче и потоа се исфрла преку прагот на домот во кој што се живее. За христијанинот духовниот дом е – храмот, а вечното живеалиште е – Царството Небесно.

Затоа зборот „сволоч” е желба човек да биде лишен од својот дом, да го напушти вечното живеалиште, како ѓубрето и парталите, слично на тоа како што во евангелската приказна господарот им заповеда на своите слуги да го исфрлат недостојниот гостин надвор од домот во темнината на ноќта. Значи, во мистичкото значење „сволоч” значи недостоен за спасение, осуден, исфрлен, изгонет.

Да го земеме следниот збор, што често го слушаме, “мерзавец” (подлец, никаквец, расипан, неранимајко). Овој збор означува замрзнат, студен, безживотен.

Светите Отци кажувале дека Бог е оган, кој ги согрева срцата, а сатаната е – вечен студ, што ја замрзнува душата. „Мерзавец” е – човек во кого нема Бога, кој ја изгубил љубовта. Во телото на змијата нема топлина, затоа „мерзавец” е – истото што и оној што ја изгубил љубовта демон и гад, што ползи по земјата.

Овде желбата човек да го изгуби Бога и љубовта и да му се уподоби на демон, кој е студен, безжалосен и жесток. Зборот „стерва” означува мрша, месо што гние. Христијанството е учење за воскресение од мртвите. Зборот „стерва” во мистичка смисла значи: „остани гнилеж, не воскреснувај”.

Зборот никаквец, неранимајко (рус. негодјај) кој трајно влезе во човечкиот лексикон, означува некој што не е погоден, не е пригоден, не му соодветсвува на своето назначување, расипан е.

Назначувањето на човекот е – вечниот живот. Светителот Василиј Велики рекол:

„Човекот – тоа е нешто (творба), која добила заповест да стане бог”. Духовниот живот, вклучувајќи ја и аскезата, – тоа е работа над себеси, да се стане погоден за Небесното Царство.

Зборот „негодјај” на мистички план означува: „нека не се исполни неговиот живот, нека биде неспособен да го прими она за што e создаден човек – Божествената благодат”. Овде зборот „негодјај” настапува како синоним за „отфрлен”.

Зборот будала (рус. дурак) значи бурен, неспокоен, бесен.

Зборот „мир” бил поздрав на Стариот и на Новиот Завет: Мир ви оставам (Јован 14,27) – вели Господ; присуството Божјо на душата и’ принесува мир, дури и на починатите им сакаме вечен мир.

Демонот е – бунтовен дух, тој е во постојан немир и метеж; бидејќи дух на злото, тој нема мир ни на миг. Затоа зборот „дурак” означува: „биди лишен од мир во овој и оној живот”.

Зборот „подлец” означува низок, оној што ползи, што се наоѓа под нозете; тоа е лик на демон, кој е во ( pyc. преисподнја) – под дното – во пеколо, под сите и лик на змија, која им “се завлече” на нашите прародители. Овде се работи за мистичко обраќање кон ѓаволот и проколнувањето „биди како змија, биди под нозете на демонот, падни во длабочината на пеколот, под сите”.

Зборот шугав, лош, никаков, мизерија (рус. паршивиј, од парша – шуга) означува човек што се разболел од болест од која испаѓа косата на главата и се појавуваат струпје по телото.

Шугавата овца ја одделуваат од другите овци за да не ги зарази. Парша е – грев, кој како зараза, лесно го шири околу себе развратениот човек, што ја изгубил совеста. Шугавата овца не може да се излечи, нејзиното месо е одвратно за јадење, нејзе едноставно co стап ja изгонуваат од стадото.

А Господ христијаните ги нарекол Свое стадо (види: Лука 12,32)… Bo мистичка смисла зборот „паршивиј” значи желба за човек да биде напуштен од своите пријатели, оддалечен од своите блиски, а најважно – да умре нераскајан за своите гревови, како неизлечен од духовната шуга и затоа избркан од Христовото стадо.

Така, оној што сквернослови сесрдно го повикува демонот да ги уништува своите браќа, односно да станува едно co духот на сатаната.

Од лексиконот ги одбравме само најмалку „штетните” зборови, кои не особено параат уши, а за некои луѓе станале веќе навика. Но и овие зборови претставуваат сокриено обраќање кон сатаната.

Затоа, оној што пцуе после пцуењето и чувствува некое олеснување. Тоа е замка на сатаната, кој на грешникот му шепоти на уво:

„Напцуј се уште еднаш и ќе добиеш сила од мојата сила и ќе голтнеш напиток од таа чаша што ја држам во раката”.

Овде не ги ни допревме највалканите зборови – нивниот демонизам е уште поочигледен. Во сатанските оргии богохулењето и најфиното псуење влегуваат во ритуалот: за да може ѓаволот да им се јави на своите приврзаници, тие мораат да го осквернат местото каде што се собираат, заедно co другите направени гревови и сквернословија.

Оној што сквернослови (пцуе) личи на опседнат, се чини дека кај таквиот човек дебелото црево, губејќи го својот правец, доаѓа до грлото сосе сите произлезени од тоа последици.

Нападите на раздразливост, кои оној што псуе воопшто не може да ги задржи, слични се на незадржливите напади при говорна дизентерија…

Зборовите не исчезнуваат без трага, затоа станот во кој постојано cе слуша пцуење и непристојни зборови, во духовна смисла станува сличен на јавен тоалет, кој никогаш не се чисти.

Но најстрашно е тоа дека адаптацијата на лошиот мирис го прави своето и за непристојникот пцуењето звучи како ободрувачка музика.

Пренесено од книгата “Тајната на спасението” од Архимандрит Рафаил (Карелин)

подготви: Мина Даниловска