ШТО (КОЈ) Е ВИСТИНАТА? – Игумен Гаврил

ШТО (КОЈ) Е ВИСТИНАТА? – Игумен Гаврил

Што(Кој) е вистината? – Игумен Гаврил

Пилат го праша Спасителот: Што е вистината? Но формулацијата на прашањето треба(ше) да биде следна:

Кој е вистината?

Вистината не е нешто субјективно. Не е нешто што нам би требaло и треба да ни одговара, па да можеме да ја моделираме и менуваме како ние сакаме. Во тој случај ќе имаме многу вистини, и спротивени на себе и на нашата природа.

Вистината е една и таа е оличноснета (персонифицирана) во Личноста на Словото Божјо, Богочовекот Исус Христос. Затоа и Пилат не знаеше правилно да го постави прашањето, и затоа, не доби одговор. Не ја имаше Вистината во себе, а со тоа и не беше спремен да ја чуе, односно да го прифати Богочовекот Исус Христос, Кој пред него стоеше, како единствен Бог и критериум на се’ и за се’.

Еврејските старешини уште пред него ја (Го) отфрлија вистината. Заблудeни од своето его, поставувајќи се себе си за вистина и критериум, тие дури ја распнаа (убија) Вистината, а со тоа и се лишија од вистинското познание на неа – вистината.

Паднати од помраченоста на умот и срцето, евреите, односно народот, постапуваат не како личности, туку како обезличена маса. Колебливи, безумни и без утврден критериум за вистината. Така и тие учествуваа во предавството и погубувањето на вистината, па и тие се лишија од единствениот Бог и Спасител.

Апостолите и учениците Христови, неспреми да се борат и да ја зачуваат вистината, а и исплашени од неа, ја (Го) напуштија и избегаа. Единствено Преблагословената наша Богородица (и нејзините придружнички) не и се помрачи умот, не се исплаши и не ја отфрли и напушти Вистината, Која всушност, уште од младоста ја (Го) прифати Вистината и се воплоти во Нејзината утроба.

Токму затоа, да го отвориме своето срце за Бог и да го Возљубиме Господа, Нашиот Бог, со сето свое битие, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси! (Лк 10:27).

Да се трудиме во исполнувањето на евангелието и на тој начин ќе ја запознаеме вистината и вистината ќе не ослободи.

Бидејќи Секој што прави грев, роб му е на гревот и во него нема Вистина. (Јов 8:32) Исус Христос е Патот, Вистината и Животот. (Јов 14:6)

(Ракописи, седми век)