Што претставува Божјиот Суд?

Што претставува Божјиот Суд?

”Бог е вистина и светлина. Божјиот суд не е ништо друго, туку доаѓање во допир со вистината и светлината.

Во денот на Страшниот суд сите луѓе ќе се појават голи пред проникнувачката светлина на вистината. ”Книгите” ќе се отворат.

Кои се тие ”книги”? Тоа се нашите срца. Нашите срца ќе се отворат пред проникнувачката светлина Божја, и она што е во тие срца ќе биде откриено.

Ако во тие срца има љубов кон Бог, тие срца ќе се радуваат гледајќи ја Божјата светлина. Во спротивен случај, ако има омраза кон Бог во тие срца, тие луѓе ќе страдаат примајќи ја во своите отворени срца оваа проникнувачка светлина и вистина што тие ја презирале целиот свој живот.

Така, она што ќе прави разлика меѓу еден и друг човек нема да биде Божјата одлука, награда или казна од Него, но она што е во сечие срце; она што било таму за време на целиот наш живот ќе биде откриено на Страшниот суд.

Ако има награда или казна во ова откровение – а навистина има – тоа не доаѓа од Бог, туку од љубовта или омразата што владее во нашето срце.

Љубовта во себе има блаженство, омразата – очај, горчина, огорченост, несреќа, злоба, вознемиреност, збунетост, темнина, и сите други внатрешни услови што го сочинуваат пеколот.“

Свети Симеон Нов Богослов