СИНАПОВО ЗРНО, КАКВИ СВОЈСТВА ПОСЕДУВА?  Преподобен авва Исаиј

СИНАПОВО ЗРНО, КАКВИ СВОЈСТВА ПОСЕДУВА? Преподобен авва Исаиј

СИНАПОВО ЗРНО, КАКВИ СВОЈСТВА ПОСЕДУВА?  Преподобен авва Исаиј

Слово единаесетто

ЗА СИНАПОВОТО ЗРНО

Има една тајна во параболата Господова за синаповото зрно.

Така велат оците и не’ поттикнуваат да ја истражуваме тајната што е скриена во зборовите на нашиот Господ Исус Христос:

“Царството небесно прилега на зрно синапово, кое човек го зема и посеа на нивата своја; тоа е најмало од сите семиња, но,кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија, па станува дури и дрво – така што птиците небесни долетуваат и застануваат на неговите гранки” (Матеј 13,3132).

Такво е синаповото зрно и такви се неговите својства. И Господ, кога ги истакнува, сака да се угледаме на него во се’ што ни кажал за него. Велејќи ни дека тоа е “најмало од сите семиња”, Он ни советува да бидеме смирени – да се сметаме за подолни од секој човек.

A co тоа што ни вели дека кога израсне тоа станува поголемо од сите други растенија, – ни говори за кротоста и за долготрпеливоста.

Тоа што ова растение има огнен цвет, – co тоа ни напомнува дека треба да бидеме чисти, да немаме никаква телесна нечистотија; co тоа што неговата внатрешност е горчлива – ни напомнува да имаме омраза спрема страстите, зашто тешко им и горко на оние што го сакаат светот; а тоа што неговиот пријатен вкус не се пројавува се’ додека не биде соџвакано и иситнето, тоа говори за ползата од телесните страдања; кога го триеме, тоа ги просолзува нашите очи, ова ни напомнува за тешкотијата на трудовите.

Го употребуваат за мачкање на умртвените делови на телото, за да не загнојат и да не се исполнат co црви. Тоа е смислата на овоплотувањето.

Треба да си Го замислуваме Господа Исуса Христа во себеси и да се грижиме за тоа; да се насочуваме кон Hero и за Hero – слично на синаповото зрно – дали сме и ние од тоа зрно или не: дали имаме и ние такво устројство и такво смирено срце, дали има и во нас од неговиот прав и од неговата горчевина и од неговиот вкус.

Божјата милост сака да не’ исполни co сила, за да можеме да го извршуваме она што My e угодно Нему. Нему нека My e слава – на Отецот и на Синот и на Светиот Дух во сите векови. Амин.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том 1, Преподобен авва Исаиј

Подготви: Мина Даниловска