Title : Смилен Марков: Верата не треба да се упростува

Смилен Марков: Верата не треба да се упростува

Example User · 4 months ago

    1 minute, 57 seconds Read time


rsz_1smilen_markov

Денес многу често на христијаните им се укажува дека за верата треба да зборуваат на упростен начин, со што не би го обременувале без потреба современиот човек, кој веќе е прејаден од сложеноста на светот во кој живееме. Големиот христијански философ и богослов со руско потекло Сергеј Аверницев на ваквото расудување во една прилика одговорил на следниот начин: „Не бива да изгледа просто! Простите објаснувања се соодветни за другите вери. Во христијанството ништо не е просто и вештачкото упростување на учењето на верата претставува сурогат“.

Би можело да се рече дека утрешниот празник Педесетница е најсложениот и многуслоен христијански празник, од кој произлегуваат сите останати христијански празници. Овој празник е синтеза на буквално сите значења на Откровението, но е и радикална иновација во разбирањето на човечката улога во контекст на религијата и историјата. На Педесетница сите дотогашни религиозни практики се преобразуваат и добиваат потполно нова смисла. Сега човекот се преобразува во место во кое обитава Бог, човечкиот дух станува Божји дух, човечкиот јазик – Божјо слово. Низата од значењата на овој празник тргнува од аграрните култови поврзани со првите плодови од жетвата; минува преку Пасхата како исход од ропството, но и од смртта; и завршува со првиот плод на новата твар – раѓањето во Црквата.

На Педесетница Црквата, собрана на едно место, го вкусува првиот плод на новата твар, ја жнее победата посеана од Сејачот. Педесетницата е исполнувањето на дерзновените Христови зборови дека оние што веруваат во Него не само ќе ги прават Неговите дела, но ќе прават и „поголеми дела“ (Јован 14,12), а тоа значи – ќе се охристоват преку дарот на Духот. Тој дар не е едноставно харизма, еден или друг вид на служба во Црквата, туку е Тајната на Троица, во која постоењето е љубов. Во светлината на сето тоа не се апсурдни тврдењата на некои писатели дека собитието на Црквата го означува крајот на религијата и почетокот на Божјото Царство.

Д-р Смилен Марков (главен асистент на Православниот богословски факултет во Велико Трново)

Source: http://mistagogia.mk/smilen-markov-bogoslovieto-ne-treba-da-se-uporostuva/

Related Posts

Image Description
4 months ago

Појасот на Пресвета Богородица

   На 31 август/13 септември секоја година се празнува споменот на Појасот на Пресвета Богородица. Тоа е еден уникатен свештен предмет кој се поврзува со земниот живот на Богородица и до денес се чува во светогорскиот манастир Ватопед, во Градината на Пресвета Богородица. Самата Богородица...

Image Description
4 months ago

Свети Кед, епископот на Ластингем

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ КЕД, ЕПИСКОПОТ НА ЛАСТИНГЕМ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 7 ЈАНУАРИ (620-664; Cedd of Lastingham) Свети Кед[1] е роден во англиско семејство, кое живеело во Нортумбрија. Во служењето на Господ...