Современиот живот и православното воспитување

Современиот живот и православното воспитување

Современиот живот и православното воспитување

Православието е живот. Ако не живееме Православно ние едноставно не сме Православни, без разлика на било кои формални верувања кои можеме да ги имаме.

Животот во нашиот современ свет стана многу вештачки, многу несигурен, многу збунувачки. Вистина е дека Православието има свој начин на живот, но исто така не е многу далеку од животот во светот и така, животот на православниот христијанин, иако кога тој е навистина Православен не може да сокрие, а да не го одразува тоа на некој начин. Некој вид на несигурност и збунетост исто така влезе и во православниот живот во нашите времиња. Во овој разговор ќе пробаме да погледнеме кон современиот живот и потоа кон православниот живот за да би виделе како подобро можеме да ја исполниме нашата христијанска должност за да водиме неовоземски живот, иако во овие доста ужасни времиња и да имаме православен христијански поглед кон целокупниот живот денеска кој ќе ни помогне да ги преживееме овие времиња и притоа нашата вера да остане недопрена.

Животот денес станува абнормален 

Секој кој гледа кон нашиот современ живот од перспективата на нормалниот живот кој луѓето го живееле во минатото време, да речеме во Русија или Америка или било која земја од Западна Европа во 19-от век не може да не биде шокиран од фактот колку абнормален станува животот денеска. Целиот концепт на авторитет и послушност, на пристојност и учтивост, на јавно и приватно однесување – сѐ се смена драстично, сѐ е превртено наопаку освен некои изолирани групи на луѓе кои се обично некој вид на христијани кои се обидуваат да го зачуваат таканаречениот „старомоден“ начин на живот.

Нашиот абнормален живот денеска може да биде карактеризиран како расипан, разгален. Од рано детство денешното дете се третира (како општо правило) како мал бог или богиња во фамилијата: му се служи на неговите желби и  тоа дете е опкружувано со играчки, возбудувања, удобности. Тоа дете не е тренирано и воспитувано според строгите принципи на христијанското воспитување, но оставено е да оди по било каков пат каков што неговите желби посакуваат. Обично доволно е за детето да каже: „Сакам!“ или „Не сакам!“, за неговите услужни родители да се поклонат пред него и да му допуштат да биде по негово. Можеби ова не се случува цело време и во секоја фамилија, но се случува доволно често за да биде општо познато правило на современото одгледување на детето, дури и најдобронамерните родители не можат целосно да го избегнат тоа влијание. Дури и ако родителите се обидуваат строго да го воспитуваат детето, соседите ќе се обидат да направат нешто друго. Тие мораат да го земат тоа во предвид кога ќе го воспитуваат детето.

Кога такво дете ќе стане возрасен човек, по природен пат тој повторно е опкружен со истите работи со кои бил навикнат во неговото детство: удобности, возбудувања, играчки за возрасни. Животот станува постојано трагање за „забава“. Во Русија во 19-от век немаше да разберат што значи овој збор или било која друга сериозна цивилизација. Животот е постојано трагање за „забава“ која е толку празна од секое сериозно значење така што посетител од било која 19-то вековна држава, гледајќи кон нашите популарни телевизиски програми, забавни паркови, реклами, филмови, музика и скоро во секој аспект од нашата популарна култура ќе мислеше дека се сопнал и се нашол во земја на идиоти кои имаат изгубено контакт со нормалната реалност. Често ова не го земаме во предвид затоа што живееме во ова општество и сѐ земаме здраво за готово.

Некои од последните набљудувачи на нашиот современ живот ги нарекоа младите луѓе на денешницата „генерација Јас“ и нашите времиња „времиња на нарцисизам“, карактеризирани со обожување и фасцинација со самиот себе кое што го спречува нормалниот човечки живот од развивање. Други кажуваат за „пластичен“ универзум или свет на фантазија во кој многу луѓе живеат денес кои се неспособни да се соочат со условите на реалниот свет околу нив или со нивните проблеми.

Кога „генерацијата Јас“ се претвори во религија – нешто кое се случува многу често во изминатите неколку децении – тоа е обично “пластичен” или фантазиски облик на религија: религија на „личен развој“ (каде што личноста станува предмет на обожување), перење на мозокот и контролата на умот, религија на обожените гуруа и свами, следењето на НЛО и вонземјански суштества, религија на абнормални духовни состојби и чувства. Нема да зборуваме за сите овие манифестации кои најверојатно ви се познати на повеќето од вас, но малку подоцна ќе разговараме за тоа какво влијание тие имаат на денешниот православен христијански духовен живот.

Важно е за нас да разбереме, ние кои што се обидуваме да живееме христијански живот во денешно време, дека светот кој е формиран од нашето расипано време прави побарувања врз душата, дали во религијата или во световниот живот. Тој свет треба да се нарекува: тоталитарен. Во световниот живот очигледно е дека човекот не се соочува само со повремени искушенија туку со постојана состојба на искушение која напаѓа, дали со музиката во позадина која е насекаде по продавниците, со јавните знаци и билборди по градските улици, со рок музиката која е насекаде, со телевизијата во самиот дом каде што таа често станува тајниот владетел во куќата диктирајќи модерни вредности, мислења и вкусови. Ако имате млади деца сигурно знаете дека ова е вистина. Кога имаат видено некое ново мислење на телевизија тоа станува многу тешко за да се борите со тоа мислење на кое му е дадено авторитет.

Пораката на ова универзално искушение што го напаѓа човекот денеска доста отворено во световни форми (често и во скриени религиски форми) е: живеј за сегашноста, уживај, опушти се. Всушност ние треба да сфатиме дека тоа што се случува денеска во светот е многу слично помеѓу себе, било позади сцената или во слободниот свет и постои многу сличен напад за да ни ја земе душата. Во комунистичките земји каде што имаат официјална доктрина на атеизам, тие ќе кажат доста отворено дека ти ќе: заборавиш за Бога и за кој било друг живот освен сегашниот, ќе го отфрлиш од својот живот стравот Божји и почитувањето на светите работи, во однос на оние кои што сѐ уште веруваат во Бога на „старомодниот“ начин ќе ги третираш како непријатели кои мораат да бидат истребени. Како симбол на нашите безгрижни, „забавни“, себе-обожувачки времиња може да се земе нашиот Амерички Дизниленд. Ако е така, ние треба да го видиме злото кое покажува каде оваа „генерација Јас“ навистина оди: Советскиот Гулаг, ланецот на концентрационите логори кој веќе владее со животот на скоро половина луѓе од светската популација.

блажен Серафим (Роуз) Платински