СОВРШЕНО Е КОГА НЕ СЕ МОЛИМЕ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ (?)

СОВРШЕНО Е КОГА НЕ СЕ МОЛИМЕ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ (?)

СОВРШЕНО Е КОГА НЕ СЕ МОЛИМЕ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ (?)

ДА И’ СЕ ПРЕПУШТИМЕ СО ДОВЕРБА НА БОЖЈАТА ЉУБОВ

Кога ќе My ce предадеме на Христос, нашиот духовен организам се смирува, па како резултат на тоа го има нормалното природно функционирање на органите и на жлездите.

Тоа има влијание врз се’. Оздравуваме и веќе не страдаме. И рак да имаме, доколку My го препуштиме на Бога и при тоа се успокои нашата душа, Божјата благодат може преку тој спокој да продејствува за да исчезне и ракот и се’ друго.

Ако сакате да знаете, и стомачниот чир се создава од нервоза. Симпатичкиот систем, штом трпи притисок, се стега и страда, па така се создава чирот. Еднаш, двапати, трипати стегање, стегање, стегање, нажалување, нажалување, нажалување, стрес, стрес, стрес, и ете го чирот!

Чир или рак, зависи. Кога во нашата душа има конфузии, тогаш тие влијаат врз телото и имаме проблем co здравјето.

Совршено е кога не се молиме за нашето здравје. Да не се молиме да оздравиме, туку да станеме добри.

И јас, ви велам, за себеси тоа го посакувам и се молам.

Слушнавте ли? Кога велам добри, не мислам на добродетелни, „да бидеме вакви, онакви…”, туку да стекнеме божествена ревност; да и’ се препуштаме co доверба на Неговата љубов; да се молиме за нашата душа.

Нашата душа треба да ја сфатиме како инкорпорирана во Црквата, чијашто глава е Христос, заедно co сите наши ближни и браќа во Христа.

A jac ги ширам рацете и се молам за сите. Пред светиот путир, кога се причестувам, ја отворам мојата душа да Го прими Господ, ја приклонувам главата и се молам за вас и за други луѓе, за целата Црква.

Тоа правете го и вие. Сфативте ли? Немојте да се молите за вашето здравје. He велете:

„Господи, излечи ме”. He!

Туку, велете: „Господи Исусе Христе, помилуј ме”, несебично, co љубов, без нешто да очекувате.

„Господи, како што сака Твојата љубов…”; само така правете од сега па натаму, љубејќи ги Христос и нашите браќа. Возљубете Го Христос. Станете свети. Фрлете се само во пријателство co Христос, препуштете и’ се само на Неговата љубов, само на Божјата љубов.

Зарем co мене, што ја чувствувам таа ревност и тоа служење на Бога, не се случува поради тоа да не подлегнам ни на болеста ни на ракот, иако чувствувам дека телото ми е распаднато?

He треба да зборувам, но мојата љубов за вас и за целиот свет не ме остава да премолчам. Зборувајќи, белите дробови ми остануваат без кислород и тоа е многу лошо, зашто така страда срцето. Претрпев нешто пострашно од инфаркт. Меѓутоа, жив сум.

Зарем тоа не е Божја интервенција? Да, и јас сум послушен на Божјата волја за болеста. Без негодување трпам… co негодување кон себеси, бидејќи „никој не е чист од нечистотија”. Во лоша здравствена состојба сум, ми боледува и духот.

My велам на еден пустиник, co кого комуницирам:

– Помоли се за мене. Јас те љубам! Возљуби ме и ти, сожали се и помоли се за мене, Бог да ме помилува.

– To j ми вели: Ex, ти моли се.

– Jac – му велам – почнав да заостанувам зад сето она што co години го правев. Како што се кажува во еден тропар:

„Умот е ранет, телото изнемоштено, боледува духот; зборот ослабна, животот се умртви, крајот е пред врата; затоа, бедна моја душо, што ќе правиш кога ќе дојде Судијата да испита се’ што е твое?”

За мене важи овој тропар и во него се гледам себеси. Си мислам, ако не направев некои работи, сега немаше да имам болки и ќе бев поблиску до Христос. Тоа го велам за себеси, којшто сум непромислен…

Ако сакате да имате здравје и да живеете многу години, слушнете што вели мудриот Соломон:

„Почеток на мудроста е стравот од Господ, а знаењето на светото е разум; бидејќи така ке се умножат твоите денови и ќе ти се додадат години во животот” (Изреки 9,10-11).

Ете во што е тајната: да ја стекнеме таа мудрост и тоа знаење, па тогаш се’ ќе функционира добро, се’ ке се регулира и ќе живееме co радост и co здравје.

старец Порфириј Кавсокаливит