Со доверба да се предадеме на Божјата љубов – Старец Порфириј Кавсокаливит

Кога ќе се предадеме на Христос, нашиот духовен организам ни се успокојува, и како резултат, сите органи и жлезди функционираат нормално. И да имаме рак, ако ги препуштиме работите на Бога и душата ни се успокои,Божјата благодат може да дејствува со тој мир за да се тргне и ракот и се’ останато.

Ако сакате да разберете и чирот во стомакот од каква нервоза се добива, ете: кога симпатикусовиот систем се напрегнува, стега и повредува, на тој начин се добива чирот. Еднаш, два пати, три пати стегање, стегање, стегање, грижење, грижење, грижење, стрес, стрес, стрес, оп! Чир. Чир или рак, зависи. Кога нашата душа е смутена, тоа влијае на телото и здравјето се влошува.

Совршеното е да не се молиме за нашето здравје.

Да не се молиме да ни биде добро, туку да станеме добри. И јас за себе за тоа се молам, ви велам. Но не добри во смисла на добродетелни, непорочни – „да станеме тоа и тоа…“, туку да стекнеме Божја усрдност, со доверба да се препуштаме на Неговата љубов, повеќе да се молиме за нашите души.

И кога говориме за нашата душа, ќе ја сметаме за вградена во Црквата и за сродна на нашите ближни и сите браќа во Христа.

И јас отворам раце и се молам за сите. Пред Светата Чаша, кога се причестувам, ја отворам својата душа за да Го примам Господа, ја свртувам главата и се молам за вас, за тој, за оној, за целата Црква. Тоа да го правите и вие.

Разбирате ли?

Не молете се за вашето здравје. Не велете:

„Господи, излекувај ме!“ Не! Туку велете:

„Господи Исусе Христе, помилуј ме“, непристрасно, со љубов, без ништо да очекувате.

„Господи, како што сака Твојата љубов…“… Само така од тука натаму ќе се трудите, љубејќи Го Христа и своите браќа. Возљубете Го Христос. Станете свети. Препуштете се само на Божјото пријателство, на Неговата љубов, само на Божјата љубов.

Зарем и за мене, кој ја чувствувам таа усрдност, тоа обожение, не се однесува тоа – да не се оддавам на болеста, ниту на ракот, иако своето тело го чувствувам гнило? Не треба да зборувам, но мојата љубов кон вас и за целиот свет не ме остава да молчам.

Говорејќи, моите бели дробови остануваат без кослород, и тоа е многу лошо, бидејќи срцето умира. Добив нешто многу полошо од инфаркт, но – живеам. Не е ли тоа Божја интервенција?

Да, и јас ќе се потчинам на Божјата волја, на болеста. Трпам без офкање и… со негодување кон самиот себеси, затоа што „никој не е чист“. Јас сум лошо, боледува и мојот дух. На еден пустиник, со кој општам, му велам:

– Помоли се за мене. Јас те љубам, возљуби ме и ти, сожали се на мене и помоли се Господ да ме помилува.

– А ти да се молиш?

– Јас – му велам – започнав да изостанувам во однос на сето тоа кое го правев толку години.

Како вели еден тропар: „Умот е ранет, телото ослабна, боледува духот, животот умира, крајот е блиску до вратата…“

За мене важи тој тропар, во него се гледам самиот себеси. Мислам дека ако не го направив тоа или она, сега немаше да имам болки, ќе бев поблиску до Христа. Тоа го велам за себеси, кој дејствувам непромислено…

Ако сакате да имате здравје и да живеете многу години, слушајте што вели мудриот Соломон:

„Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум; зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот“ (Соломонови Изреки 9:10-11).

Ете ја тајната. Да ја стекнеме таа мудрост, тоа познание, и тогаш се’ ќе функционира добро, сето ќе се уредува и ќе живееме со радост и здравје.

Светиот старец страдал од многу болести: инфаркт на миокардата (предно запушување со странична исхемична болест), хроничен бубрежен недостатск, чир на дванаесетпалечното црево (с постојани стомачни крвоизливи), оперирано перде (отфрлување на леќата и ослепување), херпес на лицето, стафилококов дерматит на раката, хернија (βουβωνοκήλη) со често влошување, хроничен бронхитис, аденом на хипофизата на черепот.

Констатацијата е извршена од асистентот кардиолог г-н Георгиос Папазахос († 2001). Списание „СРЕДБА“. Јануари – март 1992, стр. 93. Бидејќи и сам болен од толку тешки болести, старецот и за време на животот, и после својата смрт, измолил изцеленија од Бога за стотици луѓе.

Извор: Да се оставяме с доверие на Божията любов

&