СПЕЦИЈАЛИТЕТ, А САМО  ОД БУКОВЕЦ – ПОСНА ТРПЕЗА (Едноставно и брзо)

СПЕЦИЈАЛИТЕТ, А САМО ОД БУКОВЕЦ – ПОСНА ТРПЕЗА (Едноставно и брзо)

1. Макало со буковец – едноставно и лесно за подготовка.

Состојки:

3 лажици буковец. Може да се помеша  благ и лут буковец.

Неколку чесниња лук.

Се преливаат со малку врел зејтин ( може и без зејтин, на вода, ако е ден на строг пост) и се додаваат:

2 лажици таан.

2 лажици доматен сос или кечап,

250 грама мелени ореви (јас го спремам без ореви),

Сол и црн бибер по вкус.

Доколку е многу густо може да се додаде уште малку врел зејтин или вода за да се добие саканата густина.

Доколку сакате поголема количина диплирајте ги состојките.

Брзо и превкусно!