Во Седмата Недела по Пасха, го славиме споменот на 318 Богоносни отци кои се собрале на Вселенскиот Собор во Никеја (325 г.). Светите Отци прогласија дека Синот Божји е едносуштен и совечен на Отецот, и со еднакво достоинство со Него. Овие отци го составија Символот на верата до осмиот член: „И во Светиот Дух…“ зашто вториот дел од „Символот“ беше редактиран на Вториот Вселенски Собор.

По молитвите на Светите триста и осумнаесет отци, Христе Боже наш, помилуј нè. Амин.

Символот на верата

  • Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
  • И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
  • Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
  • И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
  • И воскресна во третиот ден, според Писмото;
  • И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;
  • И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
  • И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;
  • Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
  • Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите;
  • Го чекам воскресението на мртвите;
  • И животот во идниот век. Амин.

Повеќе ...