Title : Спомен на преподобниот Серафим Саровски -Спасувај нe нас по Твоите молитви, Серафиме, преподобен оче наш!

Спомен на преподобниот Серафим Саровски -Спасувај нe нас по Твоите молитви, Серафиме, преподобен оче наш!

Example Admin User · 2 weeks ago

    8 minutes, 20 seconds Read time


Спомен на преподобниот Серафим Саровски

Се родил како Прохор Мошњин, на 19 Јули 1754 г., во градот Курск, (родното место на Теодосиј Печерски).

Неговиот татко Исидор бил имотен и градел храм на св. Сергиј Радоњешки, а по неговата смрт, таа работа ја продолжила мајката Агатја. Таа и го одгледала идниот подвижник, давајќи му добар пример на постојана молитва, пост и милосрдие.

Два чудесни настана се случиле во детството на свети Серафим. Еднаш неговата мајка го одвела на врвот на недовршениот храм, од каде што тој паднал, но ни малку не се повредил.

Друг пат, додека бил болен, во сон му се јавила Пресвета Богородица и рекла да ќе дојде да го излечи. Неколку денови подоцна, литија со чудотворната икона на Коренската Мајка Божја минувала низ нивниот двор. Мајката го однела болниот Прохор до неа и тој набргу оздравел.

Кога одлучил да се замонаши, мајка му го благословила и му дарувала бакарен крст што го носел за време на целиот живот; со него и се упокоил.

Прозорливиот Доситеј, кој се подвизувал во Катајевската пустина, го советувал да оди во Саров, како што тој и направил во 1778 г., за време на игуменот Пахомиј.

Искушеник бил околу осум години. За тоа време имал големо искушение – три години страдал од водена болест и поголемиот дел од тоа време бил неподвижен.

Тогаш имал и видение на Пресвета Богородица со апостолите Петар и Јован Богослов. Таа рекла: «Овој е од нашиот род», го допрела со жезол и од таа вдлабнатинка истекла целата вода од телото (на тоа место му останал белег).

Замонашен е на 13. Август 1786 г. со името Серафим, што значи «пламенен», а во октомври истата година станал јероѓакон.

За време на Литургија ги гледал ангелите и еднаш го видел Господа Исуса Христа, облиен во светлина. Од тоа не се возгордеал, туку сè повеќе се смирувал и го зголемувал трудот.

За време на големиот глад, манастирските амбари − чудесно, преку ноќ − се наполниле со жито, по молитвите на старец Серафим и другите браќа.

Откако во 1793. го добил чинот јеромонах, ја исполнил својата дамнешна желба да замине во пустина. Пред упокојувањето на отец Пахомиј, му ветил дека ќе се грижи за Дивјеевскиот женски манастир.

Своето келијно молитвено правило, преподобниот Серафим го извршувал според уставот на древните пустиножители; од Светото Евангелие никогаш не се раздвојувал, прочитувајќи го во текот на седмицата целиот Нов Завет.

Ги читал, исто така, светоотечките и богослужбените книги. Во Недела одел во манастирот на света Литургија.

Во самотија ја обработувал градината и чувал пчели. Го гледале како храни мечка, кој била како припитомена. За да го победи ѓаволот, во текот на илјада денови постојано се молел на камен, стоејќи и коленичејќи, со кратки паузи за храна и одмор.

На 12. Септември 1804 г. во шума го нападнале три селани, барајќи пари од него. Тој им дозволил да го претепаат, бидејќи «кој се фаќа за нож, од нож ќе загине».

Едвај преживеал. А потоа, христијански им простил и се заложил да не бидат казнети.

Кога во 1807 г. умрел неговиот духовник, отец Исаија − игуменот на Саровскиот манастир, преподобен Серафим се предал на подвигот на молчелништвото (молитвено молчење).

По повеќе од две години, на заповед се вратил во манастирот, а потоа почнал да живее како затворник, не излегувајќи од келијата.

Никој не го видел пет години. Еднаш се удостоил да биде вознесен на Небото и да ги види рајските живеалишта. Молчел уште пет години и не излегувал од келијата, но другите можеле да дојдат да го видат.

Дури потоа почнал да им дава духовни совети на луѓето што доаѓале, по наредба на Пресвета Богородица, која му се јавила со преподобните Онуфриј Велики и Петар Атонски.

Во 1825 г. повторно почнал да оди во шумата. Во близина, Пресветата Дева удрила со жезол и направила извор со лековита вода.

На крајот од неговите подвизи било старештвото. Илјадници луѓе секој ден доаѓале за совет и помош, а тој однапред ги знаел сите нивни болки.

Безброј примери има за неговата прозорливост: знаел кому помошта му е најпотребна, одговарал и пред да му постават прашања, знаел сè за гревовите и минатото на соговорникот; претскажувал настани.

Бил во духовна врска со други подвижници кои никогаш не ги видел. На пример: му испратил порака на затворникот Георгиј; да не го остава местото на својот подвиг (тој две години бил искушуван од таа помисла).

На многу луѓе им претскажал што ќе им се случи: стапување во монаштво, брак, колку деца ќе имаат, болести, смрт на блиски…

Претскажал глад, колера, политичките немири во Русија. Конечно; ја претскажал и својата смрт.

Старец Серафим прво го излечил спахијата Мантуров, кој боледувал од тешка болест на нозете. Еден болен, кој оздравил, го видел старецот како лебдее во воздух и се моли за него.

Лечел со молитвата, со света вода и свет елеј.

Му помогнал да прооди и на спахијата Мотовилов, кој бил неподвижен (нему подоцна му ја открил и «целта на христијанскиот живот»).

И по смртта на старецот, луѓето наоѓале лек во изворот кој Богородица го направила и кој денес се вика; Серафимов извор.

Со силата на својата молитва светиот старец овозможувал бездетните да добијат дете, па дури и осудени покојници да бидат помилувани. Спахијата Мотовилов го удостојил заедно со него да се најде во Светиот Дух. Пред крајот на животот, веќе очигледно општел со ангелите, со Богородица, со небесните жители.

Старец Серафим преку целиот живот се грижел за Дивјеевскиот манастир, кого го основала големата подвижничка Агатја Семјоновна Мељгунова.

Таму сè се работело како што тој ќе кажел, иако во тој манастир никогаш не отишол. Многу девојки благословил таму да бидат монахињи.

Светиот старец помагал уште два манастира: Ардатовско-Покровскиот и Спасо- Зеленогорскиот манастир. Саровскиот подвижник во старештвото поминал 12 години. Небесната Царица последен пат му се јавила на Свето Благовештение, последната година од неговиот живот.

На тој настан присуствувала и дивјејевската сестра Евдокија Јефремовна. Видението траело четири часа, а биле присутни и ангели, св. Јован Крстител, св. Јован Богослов и 12 девици-маченички.

Старец Серафим, саровскиот чудотворец, се упокоил на 02. Јануари 1833 г., коленичејќи на молитва пред иконата на Мајката Божја «Умиление».

На земјата поживеал 73 години. Речиси сите негови предмети им припаднале на дивјеевските сестри.

Веднаш по неговата смрт многу народ започнал да доаѓа на неговиот гроб, да го умножува неговиот портрет, да зема предмети што му припаѓале.

По 70 години од блаженото упокоение на саровскиот старец, отец Серафим бил прогласен светител. Таа иста 1903 г. се откриени и неговите мошти.

Било присутно и царското семејство и неброено многу поклоници. Телото на отец Серафим не останало негнилежно, туку само коски.

Тоа многумина збунувало, но не се моштите доказ за светоста, туку безбројните чуда што се случиле. Така определила Божјата промисла.Тогашната власт во 1926. ги скрила моштите на светителот.

Тие се пронајдени во 1990 г., во подрумот на петроградскиот Музеј на религија и атеизам, а во 1991 г. се пренесени во Дивјеевскиот манастир.

Постои предание дека преподобен Серафим Саровски пред крајот на светот ќе воскресне и заедно со праведниците и Црквата ќе биде вознесен на Небото.

Изворː Свиток

Тропар на светиот
преподобен отец Серафим Саровски
Глас 4

Од младоста Христа си го засакал, Блажен, на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.

Си се подвизувал со непрестајна молитва и труд во пустината, со умилно срце си ја стекнал љубовта Христова, си бил сакан избраник на Божјата Мајка.

Поради тоа и ние Ти повикуваме: Спасувај нe нас по Твоите молитви, Серафиме, преподобен оче наш!

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/10/30417/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се роди од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, во Македонија. Го крстија кога имаше три години. Еднаш родителите го одведоа на гората Селентија (Еленица, над Струмица) за да земат благослов од светиот старец Стефан. Тој ги благослови родителите и ни...

Image Description
2 weeks ago

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО!

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО Спомен на светите праведни: Јосиф свршеникот, на цар Давид и на Јаков, брат Господов. Свети цар Давид Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет. Свети праведен Јосиф Обручник Праведниот Јосиф...

Image Description
4 months ago

Свети Сергиј Радоњешки (25 септември/8 октомври)

Во првата половина на 14 век изникнала знаменитата Троице-Сергиева Лавра. Нејзиниот основач Сергиј (во светот, Вартоломеј) бил син на ростовски болјари Кирил и Марија, коишто се преселиле близу Москва во населбата Радоњеж. На седумгодишна возраст, Вартоломеј тргнал на училиште. Тој со сета душа жедн...