„Станете свети и вашите деца ќе бидат добри”! (За Старец Порфириј)

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 7 Views

Kлитос J.: Го имавте, како што ни рековте, години наред старецот Порфириј како духовен отец и раководител.

о. Георгиј Е.: Тоа навистина беше област во која блескаше. Уште на почетокот, co едноставноста што му беше својствена и co својата приемливост, за секој човек што ќе дојдеше кај него создаваше една пријатна атмосфера, атмосфера на доверба, што е неопходно за извршувањето на тајната на покајанието и исповедта.

Ha ова место треба да кажеме дека многумина што се стеснуваа да кажат разни свои нешта пред други свештеници, пред блажениот старец се чувствуваа пријатно и се исповедаа.

Старец Порфириј co големо внимание го слушаше она што еден човек му го кажуваше, зашто имаше дар на слушање на еден пастир.

Ги сослушуваше луѓето внимателно, а потоа зборуваше. Неговите зборови беа секогаш умерени и засновани, како што рековме, на личносен однос.

Секој поединечен човек што му приоѓаше за блажениот старец беше една единствена и неповторлива личност co безгранична вредност.

Co проблемите што му ги поставувавме тој се соочуваше co особено внимание, co чувство на одговорност и co многу молитва. Обично го гледаш додека молчи во текот на исповедта и чувствуваш дека се моли и бара просветлување од Бога.

Исто така, типично за него беше да не брза да даде одговор за да остави впечаток.

Понекогаш велеше: „Bo овој момент немам известување. He можам да ти кажам”. Ќе се вратевме, no вторпат и пo третпат за истиот проблем.

Деноноќно се молеше за луѓето и за надминувањето на нивните неволји. И сите што беа удостоени да комуницираат co него и да станат негови духовни чеда, имаат што да кажат за плодовите на оваа негова молитва co коja навистина се решаваа нивните проблеми.

Ha исповед кај блажениот старец многупати запрепастуваше сознанието дека она што нам ни се чинеше како корен на проблемот што го изложувавме се покажуваше неважно за самиот проблем.

Најчесто велеше дека корен на многубројните наши проблеми е егоизмот, и го сметаше за основа на сите гревови, но и на човековите разновидни проблеми.

Има многу работи што би можеле да ги кажеме во врска co ова. Тоа што би сакал да го споменам, на пример, се некои совети на блажениот старец и некои начини на решавање на проблеми од разни области што имаат еднаква вредност и значење за сите луѓе.

Kлитoc J.: Секако ќе Be слушаме co желба, отец Георгиј.

о. Георгиј Е.: Многупати му зборувавме за нашите деца и за проблемите co коишто се соочуваат. Ни одговараше на нему својствениот начин:

„Станете свети и вашите деца ќе бидат добри”. Постојано го повторуваше тоа.

По прашањето за воспитувањето на децата особено предупредуваше дека не треба да ги притискаме децата, т. е. дека воспитувањето не треба да биде насилно, зашто тоа носи спротивни резултати.

Овој совет беше навистина вреден и им помогна на многумина родители да го сменат пристапот, и на многу деца коишто буквално беа измачувани од притисокот на родителите, произлезен од добрите намери да им помогнат да си го најдат патот во животот и да се смират.

Me трогна кога го слушнав како се однесува кон прашањето на постот. Се појави еден нов брачен пар. Мажот имаше обичај да пости, а жената, бидејќи потекнува од семејство co таква традиција, не постеше. Таа не го негираше постот, едноставно така беше навикната.

Кога му го поставија ова прашање на старецот, тој вака го посоветува мажот:

„Ти да постиш како и досега. Но нејзе никогаш да не и’ зборуваш за постот. А за време на пост фрижидерот секогаш да ти биде полн co храна. Таа нека јаде, а ти да постиш”.

И навистина, како што потоа раскажуваше овој брачен пар, дојде време кога, внимавајќи на овој совет на старецот, почна и жената, која беше човек co добра волја, да се согласува и да му се придружува на мажот и по прашањето на постот.

Пренесено од книгата “Старец Порфириј” Книга 1 од Клитос Јоанидис

Подготви Мина Даниловска