Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Example User · 3 years ago

    5 minutes, 32 seconds


 (Обновено)

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски
           
Беседа на Литургијата во манастирот на св. Наум Охридски (04.10.2004)

3.angeli.so.truba

Свети отци и маченици македонски,

молете Го Бога за нас!


Одамна, а можеби и никогаш, за ваков повод и токму овде, не се собрале на заедничка молитва сите членови на Светиот Aрхиерејски Синод заедно со претставници од епархиите и институциите на Македонската Православна Црква. Да се биде овде, во Свети Наум, покрај гробот и вечното почивалиште на големиот молитвеник, подвижник и чудотворец, да се биде на местото и во просторот по кој чекорел и во храмот чиј прв градител пред цели 1100 години бил тој самиот, да се биде овде токму и на овој ден – има особена порака и смисла. Божја милост е што сме денес овде и што можеме кај Свети Наум и со Свети Наум да го одбележиме празникот на сите македонски Светии, воедно и да се потсетиме на учесниците на историскиот Собор од 4 до 5 октомври 1958 година, во чиј спомен е востановен и денешниов празник. Македонските Светии, тие богоугодни и богоподобни рожби од нашиот народ, се наше духовно огледало, се духовна икона на Македонија. Добро е што ја имаме можноста, барем еднаш годишно, да се загледаме во неа, во тоа бројно множество светии од нашиот род, личности коишто со својот подвиг ја удостоиле нашата македонска земја на Божјата благодат и светлина, и, преку сите нив, да ја имаме можноста на овој ден да погледнеме во нашето минато, нашата сегашност и, се разбира, нашата иднината.
        Светиите се гордост за верниот народ Божји! Тие се знак дека сме близу до Бога, дека сме со Бога, иако е лично нашето припаѓање и живеење со Бога. Гледајќи го календарот на нашата Света Црква и, имајќи го предвид бројот на знајните и секако незнајните светии од нашиот род, можеме да речеме дека нашата македонска историја, нашето минато е време исполнето со светлина од светоста на тие наши светила, е време со бројни богољубиви личности коишто со своите богоугодни животи и дела посведочиле и ја сведочат вечната Вистина и Светлина.
Па, кој ќе им го паметеше споменот на Светиите доколку нивните имиња не беа запишани на небесата? Кој ќе ни кажеше, еве, за Св. Наума доколку Бог постојано во овие единаесет столетија не ни говореше за него? Зарем не е Божјо говорење за Светителот она што секојдневно се случува во оваа светиња и насекаде до каде што се почитува и повикува името на свети Наум?!
Говорење и потврдување на неговата светост, е токму светоста што зрачи од оваа светиња, е светоста што прави чуда, е светоста што лекува, е светоста што помага, е светоста што трае, а сето тоа пак благодарение на светоста на Свети Наум.
 
            Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните ученици, пустиножителите Гаврил Лесновски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски, па Нектариј и Агатангел Битолски, Никодим Прилепски и Иларион Мегленски, ново¬мачениците Злата Мегленска, Ѓорѓи Кратовски, Спасо Радовишки и многубројните само за Господа знајни – доколку Бог не ја сведочеше постојано нивната светост, како што тие Го посведочија Бога со своите овоземни животи и дела!? Бог и денес, и во овој миг, ни говори и за Свети Наума и за сите наши Светии, зашто затоа и нé повика на овој ден да се најдеме во овој непресушен извор и незаодлив исток на македонската светост.
Бог нé повика овде, кај Свети Наума, за да нé потсети уште еднаш дека сме народ на светии и дека имаме силни застапници на небото; Бог сака да нé потсети за да им кажеме на сите коишто го спорат правото на самостоен живот на нашата Света Црква, дека на тој начин тие се и против нашите Светии. - Можно ли е да се негира Црквата израстена врз посеаното еванглско семе од Светиот апостол Павле, од Светите Кирил и Методиј, од Светите Климент и Наум и сите други Светии – а да се почитува нивната светост?
 Нашите Светии се длабоко и цврсто вградени во Светата македонска Црква и секое оспорување на нејзиното право на автокефален статус е обид за разѕидување на таа богодарувана вековна градба. Лицемерно е да се признаваат Светиите од македонскиот род, а да се негира Црквата што истите ја организирале, или, по Божја волја, ја раководеле.
 Не може да се почитува свети Наум без да се почитуваат неговите дела, а сите негови дела се вградени во Црквата Христова на македонските простори! Никој нема право да ни го оспорува она што Бог ни го дал! Бог ни ги дал светиите, Он ни ги испраќал во потребното време; таков дар ни е Црквата наша, та затоа и ќе ја одбраниме од сите напади и од сите рушители, внатрешни и надворешни.  

3.angeli.so.truba
            Возљубени во Господа,
            Со таква убеденост во вистинитоста и во светоста на нашата света Црква биле и сите бранители, сите борци и сите страдалници за вистината и светоста на Охридската архиепископија и на сите учесници во нејзиното возобновување како Македонска православна црква. Зар ќе се оправдаа обидите на македонските првенци во текот на 200-те години; обидите на Григор Прличев, Теодосиј Гологоанов, Крсте Мисирков и другите; - на учесниците на Свештеничкото собрание во Издеглавје (1943); на Црковно-народниот собор во Скопје (1945); на Свештеничката конфе¬ренција пак во Скопје (1946) и, конечно, на присутните на Вториот црковно-народен собор во Охрид на почетокот на октомври 1958 година, - ако нашата света Црква ја немаше оправданоста на своето постоење во светоста на своите светии – имајќи ја како дар Божји за нашиот народ! Впрочем, таа богодарувана мисла ги исполнувала душите и срцата и на учесниците на Третиот црковно-народен собор, во јули 1967 година, кога е прогласена целосната возобновена самостојност на нашата Света Црква. И, фала Му на Бога, со таа и таква убеденост во оправданоста, во историското и канонското право на нашата Црква, се раковди и живее сиот македонски народ, и во Татковинава и насекаде по светот. Па, зар во слобода можеше некој да ни наметне нешто што не го сакаме, или нешто што не е наше?! - Не! Македонскиот православен народ, како вистински народ Божји, бил и е со својата Македонска Црква, со неа се и свештенослужителите и монаштвото, со неа се сите што ја живеат и доживуваат нејзината светост и ја почитуваат светоста на нејзините Светии.
            Возљубени браќа архиереи, нам, пак, членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, во овој историски миг, неодложна обврска ни е да го запазиме мирот и единстовото меѓу нас, да бидеме чувари на довереното ни стадо, пазејќи го од сите предавници и платеници, да правиме напори навреме да го отфрлиме „каколот од житото” – секогаш водејќи грижа за светоста на нашата Црква којашто Бог ни ја доверил преку нашите Светии и преку сите претшественици коишто достојно ја живееле и ја живеат светоста на Црквата Христова.
            Свети Науме, моли се за твојата Црква, за твојот народ, за сите нас - Господ дарителот на љубовта и изворот на светоста нека ни дарува и мудрост и трпение за да истраеме на патот до конечното целосно прифаќање на Македонската Православна Црква во заедницата со сите помесни Православни Цркви.
 
      Soborna.Makedonski.svetiteli

      Нека ни е честит празникот на македонските Светии и вечен споменот на учесниците на Третиот црковно-народен собор. Амин!

Подготви. Дејан Блажески

 Друго:

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23528-stefan-arhiepiskop-ohridski-i-makedonski

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

† БЕСЕДА ОД МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА СВ. СВЕШТ-МЧ. ХАРАЛАМПИЈ

Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог ви ја пренесуваме беседата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Беседата е напишана по повод празникот на светиот свештеномаченик Харалампи...

Image Description
2 years ago

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

    Ангeл Гoспoдoв застанува oкoлу oниe кoи сe бoјат oд Нeгo, и ги спасува (Пс. 33:7).Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил Исуса Навина. Ангeл вoјувал за...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Митрополит Струмички Наум:Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 15:29) Евангелската случка со бурата на морето и одењето на Петар по водата е веќе толкувана, и ако добро се сеќавам, објаснувањето се сведува на тоа дека бродот ја симболизира Светата Црква, дека бурата ги симболизира искуше...