Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Во гробот телесно, во адот со душата како Бог, во рајот со разбојникот, и на Престолот Си бил Христе со Отецот и Духот, сè исполнувајќи, Неопислив

 

На 07. 04. 2018 година, во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува и за Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение со протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протојереите Наум Деспотовски и Александар Ивановски, јереј Игор Младеновски (старешина на храмот) и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски отслужи Света Василиева литургија.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата се оржа свечена тршеза.