Светата првомаченичка Текла рамноапостолна ( „Слугинка сум на живиот Бог.“)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 50 seconds


Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци.

Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието.

Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се заветува да живее во девственост.

Мајка ѝ , штом виде дека таа веќе ни не гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад.

Најпосле ја предаде на судија и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена.

Тогаш Текла тргна по Светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија.

Привлечен од нејзината надворешна убавина еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак.

Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на Светата девица.
Восхитен од ова, кнезот ја праша:

„Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“

Текла му одговори:

„Слугинка сум на живиот Бог.“

Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена.

Потоа Текла, со благослов на Св. апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија.

Овде таа се подвизуваше долго и исцелувајќи болни со чудотворната благодат мнозина ги обраќаше кон христијанство.

Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ.

Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб.

За оваа чудесна светителка Св. Јован Златоуст вели:

„Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на
Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.“

Тропар:

Поучувајки се од Павловото словење и утврдувајќи се во верата од Петар, ти од Бога повикана Текло, невесто Божја,
се јави како првомаченица и првострадалница помеѓу жените:
поита во пламенот, како на место расцветано, ѕверовите, јунците,од тебе вооружена со Крстот истапија.

Затоа, ти која благодариш за сѐ на Христа Бога, моли се да се спасат нашите души.

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/06/29548/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Од Православниот календар – Подвигот на Преподобен Мојсеј Мурин

Преподобен Мојсеј Мурин Вистинскиoт христијанин ја избeгнува чoвeчката пoфалба. Нe самo штo ја избeгнува, туку има и вистински страв oд нeа. Св. Сава Пскoвски ги oставил и игумeнствoтo, и манастирoт, и дoбритe браќа вo манастирoт и пoбeгнал вo eдeн пуст прeдeл, самo да ја избeгнe пoфалбата oд луѓeт...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Со љубов и почит за НЕА – Великата руска кнегиња Елисавета

   (Обновено) Колку ли можеме да простуваме? Некоја навреда, можеби? Неисполнето ветување? Лажно обвинување? А можеме ли да простиме убиство на некој што ни е многу близок, како што прости ТАА? Колкава ли жртва можеме да направиме за другите? Да се откажеме од нешто што ни припаѓа, можеби...

Image Description
3 years ago

21. Недела по Педесетница – Кој има уши да слуша, нека чуе!

Свето евангелие според светиот апостол Лука 8:5-15 5. Излезе сејач на семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа; 6. а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага; 7. едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; 8. а...