Свети Апостол Јаков Зеведеев

Example User · 3 years ago

    1 minute, 54 seconds


p190hj1f6vp3p1np41r071p9u15td4

СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ ЗЕВЕДЕЕВ

Свети Јаков Зеведеев, познат уште и како Стари (грчки: Ιάκωβος, латински: Iacobus) е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец.

Апостол Јаков е роден во Палестина. Јаков заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој бил голем преврзаник на Исус Христос. Во Евангелието се вели дека Јаков бил еден од тројцата апостоли на кој Исус Христос им ги откривал најголемите тајни. За него се вели дека целиот живот не јадел ниту маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода и дека бил девственик до крајот на животот. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли.Според преданието, тој и во Мисир одел заедно со Дева Марија и со Јосиф кога Ирод барал да се убие новородениот Цар. По воскресението, Исус Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Свети апостол Павле (1 Кор. 15). Со указ на Господ ја составил првата Литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст ја скратиле и преработиле.

Свети Јаков проповедал по најразлични држави, се до Шпанија. По враќањето од Шпанија, се состанувал со многубројни Евреи со кој дискутирал на различни теми од реклигијата, па затоа Евреите, не можејќи да му одолеат, го најмиле магионочарот Хермоген. Но и самиот Хермоген, па и неговиот ученик Филип, кога го слушнале како проповеа, се покрстиле и преминале во христијанската вера.

Тогаш Евреите го обвиниле пред Ирод и го наговориле Јосиј да го наклевети апостолот пред царот. Кога Јаков бил осуден на смрт, и самиот Косиј бил исто така осуден на смрт. Одејќи кон бубилиштето, Јосиј му се молел на Јаков да му прости за клеветата. Јаков го прегрнал и му рекол: “Мир во тебе, нека е простено“.

Јаков бил убиен во 44 година во Ерусалим. Неговото тело било пренесено во Сантјаго де Компостела во Шпанија, каде на неговиот гроб до ден денеска се случуваат различни чудни работи. Во 11 век, Сантјаго де Компостела станал еден од најзначајните места во христијанство|христијанството, по Светата земја. Во неговата чест, многу други градови Латинска Америка и Шпанија го носат неговото име, како што се Сантијаго де Чиле (главниот град на Чиле), Сантијаго де Гвајакил (најголемиот град во Еквадор), Сантијаго дел Eстеро (најстариот град во Аргентина) и Сантијаго де Куба (втор најголемиот град во Куба ).

Негов брат е Апостол Свети Јован. Неговиот живот е опишан во евангелието на Матеј и Марко. Тој е единствеиот апостол чијашто смрт е опишана во Новиот Завет. Споменот на Свети Апостол Јаков, Православната Црква го слави на 30 април.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/05/13/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bb-%d1%98%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%b2-%d0%b7%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%b5

Related Posts

Image Description
3 years ago

Големиот Св. Јoван Дамаскин

Св. Јoван Дамаскин Вo пoчeтoкoт бил прв министeр на калифoт Абдалмeлeх, а пoтoа мoнах вo манастирoт “Св. Сава Oсвeштeн”. Заради oгнeнoтo застапувањe на икoнoпoчитувањeтo вo врeмeтo на икoнoбoрниoт цар Лав Исавријанин, Јoван бил накажан oд oвoј цар кај калифoт, кoј му ја oтсeкoл дeсната рака. Тoј клe...

Image Description
3 years ago

Покров на Пресвета Богородица

Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а т...