Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи…!

Example Admin User · 3 years ago

    6 minutes, 59 seconds


СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН

УТРЕНА

Тропар, глас 8.

Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи; бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Седален, глас 4.

Откако во светот стекнавте богоугоден живот, богосветли Козмо и Дамјане, нам, кои се научивме чесно да го примаме сведоштвото на светите, ни ја давате радоста на лекувањето, оти се покажавте преславни лекари на болните, пеејќи Му на Христа, свети бесребреници.

Седален, глас 8.

Правејќи чуда од бесплатните ризници на пречистите благодатни дарови, покажавте љубов чесно, откако го примивте богатството небесно, и ја оставивте славата земна; затоа Му принесуваме песна на Создателот на сите, Кој ви ја дарува благодатта на исцеленија.

Величаниеː

Ве величаме, чудотворци славни, Козмо и Дамјане, и ги почитуваме вашите чесни страдања, што за Христа сте ги претрпеле.

По полиелејните псалми, седален, глас 8.

Чудотворци и податели на исцеленија и чуда, светилници светлоприемни, на сите им се јавивте со духовната благодат, зашто пламенот на страстите со вера го разладувате, и во неа умот на верните го загревате; затоа, откако се здобивте со духовното лекарство, приоѓајќи во црквата ваша божествена, викамеː Богоносци бесребреници, молете Го Христа Бога, прошка на гревовите да им дарува, на оние што со љубов го слават вашиот свет спомен.

По 50-от псалм стихира, глас 2.

Ете, колку е добро и красно, браќата да живеат заедно, во Светиот Дух, како што рече Давид, со љубов нелицемерна и вера несомнена, со збор вистински, како златен вез едни други подражавајќи се!

Дојдете сега, да Го благословиме Господа Кој ни ги даде своите свети бесребреници, Козма и Дамјана, лекари на болните, светила на темните, прогонители на демоните, со кои болните се лекуваат, мртвите воскреснуваат, лепрозните се очистуваат, бидејќи, според гласот Господов, бесплатно примија, бесплатно и на болните им даваат исцеленија.

По нивните молитви, Христе Боже, просветли ги душите наши.

Канон на светите, чиј акростих е:

Со песни ги почитуваме мудрите бесребреници.

Творба на Јован Дамаскин глас 1.

Песна 1.

Ирмосː На оној што г о ослободи израилскиот народ од горчливото ропство на фаронот, и го преведе како по суво низ морското дно, да Му пееме песна победничка, зашто се прослави.

Осветлени од благодатта на првоначалната Троица, чудната и чесна двојка непрестајно им дава исцеленија, на сите што приоѓаат со вера.

Тајно научени од живоносните зборови, откако во светот болснавте како светила, со топлината на верата лесно ја растерувате маглата на страстите, себлажени.

Сеславните и пречудесни (бесребреници), покорувајќи се на законот на Спасителот, го отфрлија телесното сладострастие, и светеа во овој свет, бидејќи нивните души светло зрачеа од добродетели.

Богородиченː Безлетниот и пребожествен Син, Кој засветли од Отецот, и Кој се всели во твојата утроба, Богородице мајко, неискажливо се облече во целиот човек. Нему да Му запееме, зашто се прослави.

Песна 3.

Ирмосː Утврди ме, Христе, на неподвижниот камен на Твоите заповеди, и просветли ме со светлината на Твоето лице, зашто никој не е посвет од Тебе, Човекољупче.

Сите ние достојно да ги воспееме изворите на лекарства и реки на божествени дарови – најсветлите пристаништа на нетварната светлина.

Како лекари на телесните и на душевните страсти, и сега усрдно ги лекувате болестите на оние што ви приоѓаат вам, како на добротвори, сечесни (чудотворци).

Украсени со плодни добродетели, јасно отфрливте секаква распадлива животна наслада, гледајќи непрестајно кон Божјата добрина.

Богородиченː Порано Невидливиот, во нашиот лик се јави, о Богородице, кога Божеството прими тело во твојата пресвета утроба, Богоневесто.

Седален, глас 8.

Откако богодолично нацрпивте реки на чудеса од Изворот на бездната – Иисуса, со тајни дождови ги растерувате мрачните облаци на страстите, и на болните луѓе исцеленија им давате. Затоа, откако преку вас примивме вистинско здравје, преславни, восхитени викамеː Богоносни бесребреници, молете Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите, на оние што со љубов го празнуваат вашиот свет спомен.

Песна 4.

Ирмосː Ја разбрав, Сесилен, Твојата промисла, и со страв Те прославив, Спасителу.

Јасно следејќи ја љубовта кон Бога, не ги стекнавте ни блесокот на златото, нити сребро, божествени (бесребреници).

Светлејќи со божествени чудеса, бесребрениците прават секакви добра, раздавајќи ја благодатта.

Се покажавте како лекари на страсните болести, пружајќи ги рацете исцелителни, мудри (бесребреници).

Богородиченː Сега нека бидат обезличени, оние што не те признаваат за Богородица, Пресвета Владичице.

Песна 5.

Ирмосː Од ноќта подранувајќи, Ти пееме, Христе, собеспочетен на Отецот, и Спасител на душите наши; мир на светот подај му, Човекољупче.

Како боготечни потоци, на верните им точите води на добри дела, лекувајќи ги и душевните и телесните болести, славни бесребреници.

Одврзувајќи го изворот на благодатта, чесни бесребреници, здравје им раздавате на сите, кои со вера и со љубов приоѓаат кон вас сега.

Светлите и семудри ѕвезди, кои земјата јасно ја направија небесна, со подобието на светлоста ангелска и нас нѐ озаруваат непрестајно.

Богородиченː Се покажа повисока од сите, Мајко Дево, кога Го зачна Творецот, Кој е собеспочетен на Отецот, и на светот му Го роди Спасителот и Господа.

Песна 6.

Ирмосː Си го спасил пророкот од китот, Човекољупче! Се моламː И мене изведи ме од бездната на гревовите.

Спасоносните исцелители, богомудрите добротвори – божествените Козмо и Дамјан – усрдно да ги почитуваме.

Откако целомудрието го запазија, и со разум украсени, божествените Козма и Дамјан се радуваат со Христа.

Откако поживеавте едномудрено, и постевте еднодушно, заедно ни бевте доверени (од Бога), да ни давате лекарства.

Богородиченː Пречиста (Дево), си Ја родила по тело непристапната Светлина, Која со зраците на божеството ја просветлува целата вселена.

Кондак, глас 2.

Откако примивте благодат за исцеленија, им давате здравје на оние што се во неволја, лекари и чудотворци преславни! Но, со вашата посета, соборете ја дрскоста на воините, лекувајќи го светот со чудеса.

Икосː Дијагнозата на овие мудри лекари надминува секаков разум и мудрост, и на сите им даваат знаење. Оти, откако примија благодат од Севишниот, невидливо им даваат здравје на сите.

Оттаму ми се дарува и мене благодатта, за да умеам да ги воспеам како богоносни угодници Христови и служители, кои даваат мноштво исцеленија, бидејќи избавуваат од сите болести, лекувајќи го светот со чудеса.

Песна 7.

Ирмосː Тебе Богородице, ние верните те гледаме како духовна печкаː и, како што Севишниот ги спаси трите момчиња, така и целиот свет го обнови во твојата утроба, фалениот и најславен Бог на нашите татковци.

Вие, сеславни, целосни и богомудро се покажавте живеалиште на Бога, бидејќи целиот свет го оставивте заради Бога, одејќи по стапките Спасителеви, за да Го славите достојно Бога на (нашите) татковци.

Како одлични лекари, со вашите таинствени операции ги лекувате сите рани на болните, црпејќи лекарства од Спасителните божествени ризници, и воспевајќи Го Бога Преславниот.

Со венецот на Твоето царство, Владико, и со светлата багреница, достојно си ги украсил оние што ја возљубија, повеќе од сѐ, недостижната добрина на Твојата красота, Христе, и нив си ги покажал како заеднички добротвори на верните.

Богородиченː Пречиста (Дево), ти се покажа како прекрасна и сесветла врата на Оној што (преку тебе) се јави на земјата, озарувајќи го светот со зраците на чистотата, и на верните испраќајќи им постојано зраци на чудеса.

Песна 8.

Ирмосː Во печката, како во огниште, младите момчиња Израилеви болскаа повеќе од чисто злато со добрината на својата набожност, говорејќиː Сите дела Господови, благословете Го Господа, пејте Му, и превозносете Го во сите векови.

Мртви за убавините на овој свет, и ослободени од болеста на среброљубието, бевте именувани мудри бесребреници од сите оние што викаатː Сите дела, пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови.

Вие очигледно станавте учесници во вечниот живот, бидејќи сите убавини на распадливиот живот ги оставивте, согласно викајќиː Сите дела, благословете Го Господа, пејте Му, и превозносете Го во сите векови.

Владико Христе, избави ги сите од тешките болести, по молитвите на бесребрениците, и удостој ги секогаш да Ти викаат согласноː Сите дела, благословете Го Господа, пејте Му, и превозносете Го во сите векови.

Богородиченː Сите ние верни, избавени со твоето раѓање, Чиста Мајко Дево, радувајќи се, и со благодатта крепени, непрестајно викамеː Сите дела, благословете Го Господа, пејте Му, и превозносете Го во сите векови.

Песна 9.

Ирмосː Тебе, светлата свеќа и Мајка Божја, пречудната слава повисока од сите твари, со песни те величаме.

Мудрата двојка која сјае со духовна светлина, и која на сите им дава просветлување, непрестајно со песни ја славиме.

Давајќи им на верните крепкост на душевното здравје, како спасители ги лекувате и страдањата на вам доверените. Затоа и сте воспевани од нив постојано.

Богосветлите светила, кои со излевање светлина умно го осветлуваат небото на чесната Црква, и сега давајќи светлина, зрачат непрестајно.

Богоповиканата двојка, фалена од Чесната Троица, на сите што бараат и со љубов ја слават, им дава исцеленија.

Богородиченː Тебе, светлиот облак и светиот ковчег, и сесветлата врата на духовното Сонце, како Богородица, со песни те величаме.

Светилен.

Откако примивте од Бога благодат за лекување, блажени бесребреници, вие лекувате болни и верно ги исцелувате сите кои приоѓаат кон вашиот божествен храм; затоа согласно и достојно го славиме вашиот чесен спомен.

Изворː ИЗБОР на месечни и празнични богослужби. Прв том, Септември – јануари (препев и превод од црковнословенски јазик протојереј – ставрофор Јован Таковски).

– Битолаː Преспанско-пелагониска епархија, 2008.

Подготви: Светланка Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/11/12090/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Што празнуваме во Великата Седмица?

Која е Велика Седмица? Великата Седмица е неделата пред Пасха (од неделата на Цветници па до Велика Сабота) и се нарекува „Велика“, не затоа што има повеќе денови или часови од другите седмици, туку затоа што настаните кои се празнуваат и доживуваат во светите храмови се с...

Image Description
3 years ago

Од православниот календар -Кој бил Светиот пророк Самуил

Светиот пророк Самуил Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и што...

Image Description
3 years ago

Троен празник

(Нова година – Обрезание – Свети Василиј Велики) Денес празнуваме троен празник, во кој си спомнуваме за два црковни празници, и еден секуларен. Најпрво би зборувал за Новата година, којашто по кој и да е календар, секако е секуларен празник, и уште свети Јован Златоу...