Свети Дионисиј од Закинтос, архиепископ Егински  (1547 – 1622)

Свети Дионисиј од Закинтос, архиепископ Егински (1547 – 1622)

Свети Дионисиј од Закинтос, архиепископ Егински  (1547 – 1622)

Свети Дионисиј од Закинтос, архиепископ Егински (1547 – 1622)

Posted on Updated on

Во светот Драганиг Сигур, се родил во 1547 година на островот Закинтос во Јонското море. Според родовата линија на татко му произлегувал од аристократски нормандски род. Неговите предци се преселиле од Нормандија (Франција) во Италија, а потоа на островот Закинтос, каде станале владетели на земја на југо-запад на островот и повеќето примиле Православие. По мајка му припаѓал кон познатиот венецијански род Валви.

Според преданието, кум на крштението на светиот му бил преподобниот Герасим Кефалониски. Основното образование Драганиг го добил при учителот Николај Керофалис. Подоцна, најверојатно, се образовал при познати европски учители  богослови, кои во тоа време живееле во Закинтос. Многу добро го знаел старогрчкиот, латинскиот и италијанскиот јазик, го изучувал Светото Писмо и делата на отците на Црквата. Од неговите писма е познато дека тој се занимавал со толкување на делата на свети Григориј Богослов. Од самата младост него го привлекувал црковниот живот.

На 21 годишна возраст,  го предал целото свое наследство на помладиот брат и сестра, а самиот отишол во манастир. Во 1568 година примил монашки постриг со името Дaниил во Старофадскиот манастир на островот Строфадес, недалеку од Закинтос. Како млад монах успеал да го достигнe богословието, неговите зборови како на духовен раководител почнале да растат и да се распространуваат. Во 1567 година бил ракоположен во ѓакон, а во 1570 година на само 23 години за свештеник од епископот Кефалониски и Закински Филотеј Ловердосом. По неколку години нему му предложиле да стани игумен на Строфадискиот манастир на западниот брег на Закинтос и тој станал еромонах Закински и Строфадиски. Во јуни 1577 година, отишол на поклоничко патување во Ерусалим, но во Атина за време на визитата кај митрополитот Атински Никанор, го примил неговиот итен предлог да ја земи архиепископската катедра на островот Егина. При ракополагањето го добил името Дионисиј во чест на покровителот на Атина светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит. Живеел строг аскетски живот, јавувајќи се како жив пример и духовен отец за многу христијани. Многу луѓе ги барале неговите совети. Но свети Дионисиј после две години од архиерејската хиротонија, се откажал од епископскиот чин, мислејќи дека многубројните пофалби за него можат да го доведат кон гордост.

Во 1579 година свети Дионисиј се враќа во манастирот на Пресвета Богородица Анафонитри и бил поставен од патриархот Константинополски Еремија II за викарен епископ Закински. Свети Дионисиј активно учествувал во црковниот живот, обучувајќи ги и ракополагајќи ги клириците. Клириците престанале да патуваат за ракополагање до Кефалонија, и епископот Кефалониски и Закински испратил во Венеција, која тогаш припаѓала под Закинтос, жалба дека свети Дионисиј се меша во неговите работи. Во 1581 година управителот на Венеција Николај Депонте издал указ, со кој му ја забранува на свети Дионисиј секоја дејност на територијата која припаѓала под јурисдикција на епископот Кефалониски и Закински. Во следните години свети Дионисиј бил поставен за старешина при храмот на свети Никола Чудотворец во Закинтос.

После смртта на епископот Кефалониски, свети Дионисиј станал еден од кандидатите на таа катеда. Сепак за нов епископ бил избран двадесет и пет годишниот Неофит Колокифас. Свети Дионисиј станал игумен на манастирот Пресвета Богородица Анафонитри.

Повеќе од 40 години свети Дионисиј ги пасел словесните овци на островот Закинтос. Се упокоил во Господа на 17 декември 1622 година. Свети Дионисиј бил погребен во манастирот на островот Строфадес, во храмот на светиот великомаченик Георгиј. Кога по неколку години според обичајот на манастирот неговите мошти биле извадени го гробот, тие се покажале нетлени и миомирисни, и биле поставени во храмот на почесно место. Во 1703 година монасите и општината на островот Закинтос испратиле до Константинопол молба за причислување на свети Дионисиј кон ликот на светиите. Патријархот константинополски Гаврил III издал синодални указ, во кој било изложено житието на светиот и денот на неговиот спомен. Житието на свети Дионисиј Закински и неговата служба биле напишани од Георгиј Сипандром.

За време на пиратскиот напад во 1717 година, двете раце на светителот биле отсечени од пиратите, но неговите мошти чудесно биле сочувани неповредени. Во 1717 година монасите на Строфадискиот манастир ги пренеле моштите во Калитерското подворје, за да ги заштитат од слични напади и ситуации. Подоцна во чест на свети Дионисиј бил подигнат храм во областа Амос, каде се чуваат моштите на свети Дионисиј сè до 1893 година, кога поради замјотрес храмот бил разрушен, а моштите биле пренесени во привремен храм. Меѓу 1925 и 1948 година бил изграден нов храм, а во 1956 бил обновен манастирот, добивајќи име Строфадиско-Дионисевски манастир. Неговите мошти до денес почиваат во таа обител, во параклисот на свети Георгиј, во специјално изработен кивот од сребро во 1829 година.

Во неговото житие се вели дека тој ја достигнал височината на простувањето и човекољувието. Еден ден во манастирот каде престојувал свети Дионисиј дошол некој човек во неговата келија со молба да го сокрие него од неговите гонители. Кога свети Дионисиј го запрашал по која причина го гонат, човекот одговорил дека убил монах. Од разговорот кои го воделе свети Дионисиј дознава дека убиениот монах е всушност неговиот брат. Свети Дионисиј ги примил тие вести со голема жалост, но не го избркал убиецот, туку го скрил и не го предал во рацете на неговите гонители. Убиецот потоа длабоко се покајал и како последица на тоа станал монах, а свети Дионисиј го испратил во Пелопонез.

Свети Дионисиј се почитува како голем чудотворец. Понекогаш неговиот кивот не можат да го отворат. Но кога тоа е возможно, се покажува дека неговите папучи се износени и валкани, и затоа од време на време ги менуваат. За тоа чудо свети Дионисиј го нарекуваат „светител кој оди“, односно кој продолжува да оди по островот и да прави чудеса. По неговите молитви се случуваат многубројни чудеса: он исцелувал од различни болести, им го врќал видот на слепите, им помагал на парализираните да станат на нозе, предупредував при пожари, спасувал при несерќи, го смирувал морето, го спасувал островот од пирати и.т.н.

Кога грчкиот храм посветен на свети Георгиј во Њујорк бил разрушен од страна на терористите на 11 септември 2001 година, неповредени во храмот останале само два предмета – крстот и книжната икона на свети Дионисиј.

подготвил:

Петар М. Петковски,

дипломиран теолог

Advertisements