Title : Свети Ерконвалд, епископот на Лондон

Свети Ерконвалд, епископот на Лондон

Example User · 6 months ago

    0 minutes, 3 seconds


SVETI ERKONVALDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЕРКОНВАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЛОНДОН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 30 АПРИЛ

(630-693; Erkenwald of London)

Свети Ерконвалд[1] по потекло бил од царското источноанглиско семејство Офи.

Скромните житијни податоци сведочат дека тој основал редица на познати манастири во Англија, меѓу кои е и манастирот во Чертси,[2] во денешната грофовија Суреј, каде што тој, откако се откажувајќи се од игуменските должности, се подвизувал до 675 година. Таа година, по смртта на епископот Вини, Ерконвалд бил ракоположен за епископ кај источните Саксонци, со епископско седиште во градот Лондон. Ракополагањето го извршил свети Теодор од Тарс, архиепископот на Кентербери, со дозвола на кралот Себи.

Свети Ерконвалд надалеку се прочул со светоста на својот живот. Во 686 година тој учествувал во помирувањето на архиепископот Теодор од Кентербери со епископот Вилфрид од Јорк. Во преамбулите на своите закони, кралот Ини го нарекувал светителот „мојот епископ“. Во времето на неговото епископско управување, бројот на цркви се преумножил, со зголемил приходот на епархијата, а Британската Црква се стекнала со многу кралски привилегии.

Според една древна епитафија, свети Ерконвалд со Лондонската епархија раководел 11 години, по што се оддалечил и осамостоил во манастирот во Баркли, каде што се подвизувала неговата сестра, света Етелберта, која таму била и игуменија. Во тој манастир, на 30 април 693 година, блажено се упокоил во Господа.

Свети Ерконвалд бил погребан во црквата на Свети Павле. По смртта, тој се прославил и како чудотворец, а неговите чудотворства се опишани во средновековната англиска поема St. Erkenwald.

Во 1087 година се случил страшен пожар во црквата, каде што се наоѓа неговиот гроб. Иако црквата била целосно изгорена, сепак, неговиот гроб останал недопрен од огнените јазици. По реновирањето на црквата во 1148 година, бил изработен и нов саркофаг, каде што и денес почиваат неговите свети мошти.

Свети Ерконвалд молитвено го повикуваат сите оние, кои имаат здравствени проблеми со коските, а Православната црква неговиот спомен го празнува на 30 април според Јулијанскиот календар.

[1] Ерконвалд = миленик.

[2] Во манастирот во Чертси, во 870 година, маченички пострадале сите монаси, кои биле убиени од данските јазичници. Манастирот бил урнат од Хенрих VIII.  На празникот Богојавление, монасите од православниот манастир на Свети Едвард Англиски во Бруквуд, во областа Суреј, на местото од некогашниот манастир Чертси, секоја година извршуваат Голем Водосвет, во присуство на голем број православни верници.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/07/21/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b4-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%be%d1%82-%d0%bd

Related Posts

Image Description
4 months ago

За Светиот апостол Тома!

Светиот апостол Тома Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја...

Image Description
6 months ago

За ава Ор (7/20 август)

Еднаш ава Ор како поука на браќата им го раскажа ова: Во пустината видов еден човек кој три години не вкуси ништо од земната храна; секој трет ден ангел Господов му донесуваше небесна храна, која во исто време му беше замена и за водата. Но, меѓу монасите знам и за таков човек, кај кого ѓаволите дој...

Image Description
3 months ago

Вечна слава! Вечно име!

Веќе навлеговме во периодот кога се менува времето, кога дрвјата се оголуваат а ние се наоблекуваме, почнува периодот на домашни слави и имендени. Како по обичај, на оние кои слават некој празник им велиме: Вечна слава или вечно името! А што значи тоа? Да трае софрата...