Свети Георгиј и змејот во иконографијата

Example User · 3 years ago

    8 minutes, 9 seconds


rsz_georgij

Богатството на образи претставено на светите икони е преголемо, но изгледа само едно нешто ги соединува сите нив. Иако не секогаш се претставува на еден натуралистички начин, тие секогаш имаат за цел да ја претстават реалноста. На иконите од животот на Христос, Неговите светии или други историски настани, секогаш ни се презентира она што се случило, како и значењето зад она што се случило.

Претставата на свети Георгиј како го убива змејот се чини како да наликува на бајка, и навистина оваа претстава е популарна во детските книги.

Зошто постојат илјадници зачувани свети икони на свети Георгиј како го убива змејот, во сите делови од христијанскиот свет и во сите векови во минатото?

Георгиј – светец и маченик

Георгиј бил римски војник, роден при крајот на 3 век по Христа, во Кападокија, воспитан како христијанин од страна на својата мајка вдовица, во нејзиниот град Лида, во Палестина.

За време на владеењето на императорот Диоклецијан, настанало гонење на христијаните, и како римски заповедник во тоа време, Георгиј имал наредба да делува. Тој одбил и ја исповедал својата вера. Следеле многу ужасни, но неуспешни тортури, за да го надвијат младиот Георгиј (тој сè уште бил во своите дваесетти години), но се случило спротивното, во Христијанство биле преобратени некои од оние што го сведочеле неговото исповедање, вклучувајќи ја и сопругата на Диоклецијан, царицата Александрија. Конечно, Георгиј бил обезглавен. Годината на неговото мачеништво била 303 по Христа.

Само една генерација подоцна, кога христијанскиот император Константин владеел со Римската империја, била изградена црква посветена на св. Георгиј во Лида, каде што биле чувани неговите мошти, почитувани од локалните христијани.

Со ваквото рано и брзо распространување на почитувањето на св. Георгиј, се појавила негова икона, која останала конзистентна, и се базирала на неговата реална физичка појава во светот. Тој е прикажан како младо голобрадо момче, со прамени на кадрава кафеава коса. Тој е облечен како војник, а и оние икони што го претставуваат како јава на бел коњ, исто така датираат од првиот милениум. Понекогаш е прикажан како носи украсена дијадема на својата глава, еден вид блискоисточна верзија на царска круна, која се однесува на неговиот „маченички венец“.

rsz_george

Чудото на свети Георгиј со змејот

Св. Георгиј е познат како великомаченик, победоносец и чудотворец. Ова сведоштво не се однесува само на неговиот живот и смртта (со која ја стекнал титулата великомаченик), туку и на чудесата што Бог ги извршил преку него по неговото мачеништво. Историјата на Црквата е преполна со постхумни појавувања на Христовите светии, коишто не се јавуваат само како гласници, туку и како заштитници и чудотворци за христијаните што се борат на земјата.

Избавувањето на принцезата и градот од пустошот на рептилниот ѕвер е едно чудо што му се припишува на св. Георгиј.

Постојат повеќе варијанти, но најраспространетата се однесува на градот наречен Силена, близу едно езеро во Либија. Во езерото живеело едно чудовиште, опишувано различно и како змеј, и како џиновска змија или дури и како крокодил. Ѕверот им попречувал на жителите на Силена слободно да црпат вода од езерото и воглавном го тероризирал градот. Како пагани, суеверните граѓани биле под заблуда и принесувале млади девици, што ги избирале со ждрепка, како жртва на чудовиштето за да не го уништува градот. Неизбежно, ждрепката паднала на царската ќерка (идентификувана како Елизабета во неколку руски икони). И покрај молбите на владетелот, неговата ќерка била испратена кон езерото.

Стариот змеј се појавил од водата, подготвен да ја проголта принцезата, кога одеднаш св. Георгиј се појавил на светол бел коњ, наоружан со копје, штит и меч. Творејќи го знакот на крстот и во името на „Отецот и Синот и Светиот Дух“, св. Георгиј го покорил змејот на земја со своето копје, додека неговиот коњ ја згазнал змијата со своите копита. Св. Георгиј ѝ заповедал на принцезата да го врзе вратот на змејот со нејзиниот појас и го одвел ѕверот назад во градот. Таму, пред запрепастените граѓани и благодарниот цар, св. Георгиј го убил змејот со својот меч.

Чудесната интервенција на Георгиј довела до преобраќање на целиот град во христијанската вера.

Некои детали од приказната варираат во раскажувањето, што сведочи дека веста за настанот првично се пренесувала усно (најраните писмени забелешки датираат од 11 и 12 век). Во секој случај, главните делови на приказната: принцезата, змејот врзан со појас, криењето на паганите зад ѕидовите на нивниот град, како и самиот св. Георгиј, се појавуваат во многу фрески и икони што датираат од 12 век. Оваа резба на камен ковчег од Конисбург, Англија, има резба на Георгиј како се бори со змејот (долната слика) и датира од 11 век.

Змејот: чудо, мит или симбол?

Додека е несомнено тоа дека војникот и маченик Георгиј постоел, современиот ум се мачи со настанот на убивање на змејот и спасувањето на принцезата. Премногу личи на бајка и тука е искушението фокусот да биде пренесен на симболичното значење на приказната.

Симболизмот на приказната и нејзините икони

Навистина, зад приказната и иконата на св. Георгиј, каде тој го убива змејот, постои силен симболизам. Змејот и змијата се два описа што му се даваат на ѓаволот од страна на св. Јован во Откровението (12,9). Каква и да е вистинската природа на ѕверот, во најраните писмени сведоштва тој е опишан како змеј, а во најстарите зачувани претстави тој се прикажува како змијолик змеј, за намерно да се евоцира образот на ѓаволот.

Појавата на св. Георгиј, исто така, намерно го евоцира библискиот симболизам. Повторно, во Божественото Откровение св. апостол Јован пишува: И видов, ете, бел коњ, и на него јавач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи (Откр 6,2).

Победоносен војник на светол бел коњ е токму начинот на кој св. Георгиј се прикажува и во писмените и во иконографските претстави на чудото. Иконите на чудото, исто така, честопати прикажуваат како венец од небото му се полага на главата на св. Георгиј од страна на ангел. Некои икони, особено од Грција, го прикажуваат Георгиј со лак и стрели близу неговото седло, комплетирајќи ја споредбата со коњаникот од Откровението.

Ова е претставата и иконата што ни го предаваат чудото на св. Георгиј: маченик што станал победоносен херој. Св. Георгиј е седнат на победоносен бел коњ, зад него се вее црвено платно како знак на мачеништвото, и благословот на Исус Христос што се прикажува со раката која излегува и благословува. Тој јава напред победувајќи: најпрво ѓаволот во форма на змеј, а потоа и жителите што се кријат зад градските ѕидини. Пикнати во својата тврдина, тие плашливо гледаат бидејќи се победени од св. Георгиј: не преку сила, туку со своето обраќање во Христијанство, по видените чудеса извршени од Бога преку него.

Новгородскиот стил на претставување на свети Георгиј

ИкIcon-St-George-and-the-Dragonонописците од Северна Русија сликале на еден минималистички начин, оттргајќи сè, освен главните детали на сцената што се изобразува. Совршен пример за ова е иконата на Авраамовото гостопримство од Андреј Рубљов, кој отстранил сè од сцената, освен Тројцата Ангели и трпезата на којашто седеле, произведувајќи образ на Света Троица.

Св. Георгиј е еден друг пример. Во иконите на северот од текот на 15 век, што го претставуваат него, се отранети принцезата, градот, па дури и езерото. Она што останало е маченикот Георгиј на коњ, како одозгора го прима благословот од Христа. Тој е сам во пустина со змијоликиот змеј, кој се појавува од јама, а не од езеро, и тука тој се бори со ѕверот. Како што Георгиј е победоносен во приказната, змејот е прободен во устата, и тука образот станува повеќе како генерална слика на победата на светецот над страстите, коишто се борат во самотијата на внатрешното срце (т.е. пустината од иконата).

Претераното сфаќање на симболизмот

Очигледно, приказната и претставата на св. Георгиј кој го убива змејот уште од почеток се разбирала симболично, добивајќи го својот иконографски зенит во 15 и 16 век. Затоа, воошто не е „модернистички и ренесансно“, од една страна, ниту пак „хиперрационално и критичко“, од друга страна, да се придава ова симболичко значење на иконите на св. Георгиј кој го убива змејот: и средновековните христијани пред нас го разбирале тоа.

Како и да е, постои искушение сосема да се занемари сведоштвото за оригиналното чудо, дека првично се појавил симболот на Георгиј кој го убива змејот, а потоа се додале принцезата и либиските пагани како приказна, за да се воплоти симболичкиот образ. Ова не е случај тука, затоа што некои од најстарите претстави на св. Георгиј кој го убива змејот (11 и 12 век) вклучуваат детали, како што е, на пример, принцезата како го води змејот со својот појас: детали што не е лесно да се интерпретираат симболично. Добар пример на рани претстави на „комплетното“ чудо е фреската од црквата Св. Георгиј во Стара Лагода, Северна Русија, која датира од 1160 година.

Можеби змејот е опис даден на суштество, многу попрепознатливо за нас што живееме денес, иако другите аспекти од сторијата: жртвувањето од страна на паганите на свои сограѓани на ѕверот, избавувањето од св. Георгиј, и подоцнежното обраќање на паганите треба да се земе како веродостојно. Се случиле многу повеличествени чудеса во името на Бога, и ако своеволно дозволуваме да изгледаме лековерни и будалести за светот, затоа што веруваме во Воскресението и дека опишаното во Делата апостолски навистина се случиле, тогаш нема никаква грижа да го сториме истото и за ова чудо.

Сепак, поважно е да се разбере смислата на чудото. Најверојатно, историското чудо и симболичката интерпретација настанале истовремено. Истото се случило и во Писмото: чудото не се твори само за да се направи чудо, туку за да се прослави Бог и со тоа да биде прославен Синот Божји (Јн 11,4 и на некои други места особено во Евангелието според Јован).

Јавачот на бел коњ од Откровението е образ даден на христијаните од првиот век, како знак на надеж, дека со останувањето верни, ќе бидат победоносни среде гонењата. Образот на св. Георгиј кој го поразува змејот е даден на христијаните од подоцнежните времиња, кои исто така тогаш имале потреба од надеж. Иако Византиската Римска империја била христијанска до крајот на првиот милениум, нејзината земја била под закана од сите страни од разновидни нехристијани: пагани, муслимани, па и христијански еретици како аријаните. Св. Георгиј се појавува како победоносен херој на христијаните под опсада, за да се зацврсти нивното исповедање.

Св. Георгиј како „Победоносец“ и „Змејопоразувач“ продолжува и денес да биде крепок образ за христијаните, мачени од надворешни или внатрешни напади. Причината е двократна. Прво, образот на Георгиј и змејот е поразувачки, и несомнено многумина иконописци со задоволство го сликале светецот во една ваква необична поза; сепак, ова не би било доволна причина, доколку чудото на св. Георгиј било мит. Затоа, втората и поважна причина зошто образот се запазил е затоа што Бог продолжува да твори чудеса преку застапништвото на св. Георгиј дури и денес, за оние верни христијани што се обраќаат кон него за помош.

Георгие, Бог те издигна како Негов градинар,

Зашто ти за себе собра плодови на добродетели.

Сеејќи во солзи, сега жнееш со радост,

Ја пролеа својата крв во борба и Го здоби Христа како свој венец.

По твоите молитви, на сите ни се дарува прошка на гревовите.

Извор: iconreader.wordpress.com

Подготвил: Георгиј Глигоров

Source: http://mistagogia.mk/sveti-georgij-i-zmejot-vo-ikonografijata/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Финан, епископот на Линдисфарн

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ФИНАН, ЕПИСКОПОТ НА ЛИНДИСФАРН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 17 ФЕВРУАРИ (?-661; Finan of Lindisfarne) Свети Финан[1] бил Ирец, кој се замонашил во манастирот на Свети Колумба во Јона, а се пр...

Image Description
3 years ago

Fr. Georgij Gligorov: The Macedonian focus on Christmas

From an interview with a local journalist on the celebration of the Macedonian Orthodox Christmas, conducted in December 2018 Q: Does the Macedonian Church do anything special to observe Advent? Fr. Georgij: The Macedonian Orthodox Church is united in the Faith with all other so called Eastern...

Image Description
3 years ago

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО!

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО Спомен на светите праведни: Јосиф свршеникот, на цар Давид и на Јаков, брат Господов. Свети цар Давид Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет. Свети праведен Јосиф Обручник Праведниот Јосиф...