Свети Гутлак од Кроуленд

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 49 seconds


СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ГУТЛАК, ПОДВИЖНИКОТ ОД КРОУЛЕНД, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 11 АПРИЛ

(673-714; Guthlac of Croyland)

Преподобниот Гутлак[1] бил син на Мерсискиот кнез Пенвалд и неговата жена Тета, кои потекнувале од кралскиот дом на Иклинзите. Како мало дете се одликувал со крајна сериозност и сите се чуделе на неговиот карактер. Но, кога наполнил 15 години, тој се придружил на една војничка дружина. Со своите следбеници тој почнал да ограбува, да тепа и да ги пали и уништува селата и населбите во околината. Така, Гутлак поминал 9 години со разбојнички банди, сè додека неговите војници не биле вброени во војската на Етелред Мерсиски.

Меѓутоа, по Божја промисла, една ноќ, додека Гутлак мирно спиел, тој имал видение, по кое се исполнил со нескажлива љубов и сострадателност кон ближните. Утрото, кога се разбудил, донесол цврста одлука дека остатокот од својот живот ќе го посвети во служење на Бога, па се збогувал со своите ближни. Оставајќи го целото свое богатство, тој заминал во манастирот Рептон, каде што по некое време бил замонашен од игуменот Елфрит.

Пега, сестрата на Гутлак, која постанала монахиња, била причина и Гутлак да го засака начинот на нејзиното живеење. Откако добил благослов од старецот, тој заминал кај големите мочуришта на Линколншир, во областа Кембриџ, со цел да започне да живее осаменички живот. Некој човек по име Татвин, му кажал на

преподобниот дека во близината има еден остров, кој е погоден за монашки живот. Гутлак набргу се населил на островот, но неговата светост не можела да биде сокриена, па многумина се обиделе да се населат кај него и да живеат под негово духовно раководство. Но, дивиот свет на островот бил причина тие набргу да го напуштат тоа место, а светителот останувал да живее сам. По некое време, тој го напуштил островот и се населил на соседниот остров Ворон, каде што со помош на братството од Рептон, започнал да основа манастир и да ѕида црква.

Откако создал основни услови за живот, Гутлак одлучил да живее облечен само во кожа, а за храна користел само вода и јачменов леб, и тоа еднаш дневно. Меѓутоа, нецивилизираните Брити честопати го напаѓале светителот, го тепале и го потопувале во калта, но сето ова тој го трпел со благодарност. Освен нив, тој постојано бил вознемируван и од непријателот на човечкиот род – ѓаволот, кој му приредувал искушенија на севозможни начини. Еднаш, пак, неговиот слуга Бекел, завидувајќи му на светиот пустиножител, одлучил да го заколи преподобниот и да се насели во неговата колиба, па локалните жители да почнат да го почитуваат него, место светиот Гутлак. Но, светиот човек, ги прочитал неговите мисли, го укорил непослушниот слуга, а овој пак, се покајал и исповедал за страшните помисли кои ги имал.

Свети Гутлак бил висок човек, тивок, со меко срце, пријатен за разговор, скромен, смирен и трпелив. Птиците од островот слегувале на неговите дланки и се хранеле од нив. Во почетокот враните од островот му ја краделе скромната храна, но по некое време, како да се покајале за тоа, па го вратиле сето она што го украле.

По 15 години поминати на островот, свети Гутлак одеднаш изнемоштел за време на секојдневната молитва во својата скромна црквичка. Иако слугата Бекел се обидувал да му помогне на светителот, сепак, тој бил при крајот на својот живот. По 8 дена, откако на Бекел му ги дал сите детали околу неговиот погреб, светителот блажено се упокоил. Тој бил погребан до гробот на својата сестра Пега.

Во средниот век е пронајден еден свиток, кој  е наречен „Гутлаков свиток“ („Guthlac roll“), во кој е напишано илустрирано житие на преподобниот. Набргу по неговата смрт, неговите следбеници почнале да се собираат во манастирот Кроуленд, каде што почитта кон големиот светител се укажувала сè до Реформацијата. Споменот на свети Гутлак Православната Црква го празнува на 11 април според Јулијанскиот календар.


[1] Гутлак = драг, омилен.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2021/02/10/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b3%d1%83%d1%82%d0%bb%d0%b0%d0%ba-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%80%d0%be%d1%83%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b4/

Related Posts

Image Description
3 years ago

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО!

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО Спомен на светите праведни: Јосиф свршеникот, на цар Давид и на Јаков, брат Господов. Свети цар Давид Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет. Свети праведен Јосиф Обручник Праведниот Јосиф...

Image Description
3 years ago

Радувај се…! (Покров на Пресвета Богородица)

ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА Блажен е оној човекː Првиот антифон. Стихири на Господи, повикав, на 8. Глас 1. Богородице чиста, ти си голема заштита на тажните; брза помошничке, на светот поткрепа и спасение; бездна на милосрдие, на мудрост Божја извору, покров на светот; да ја воспее...

Image Description
3 years ago

32. Недела пред Богојавление!

Свето евангелие според светиот апостол Марко Јован го објавува доаѓањето на Исуса Христа. 1 Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, 2 како што е напишано кај пророците: »Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.« 3Гласот на оној, што в...