Свети Кирил Ерусалимски: Ересите

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 0 seconds


1452374331_164696-pСВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЕРЕСИТЕ

Ѓаволот ги победил преку ереси не само многубошците. Мнозина веќе и од лажноимените христијани, кои недостојно го носат пријатното име Христово, се осмелуваат нечестиво да Го разделат Бога од тварите, создадени од Него. Ги разбирам злоимените и безбожни еретици – оние кои се преправаат дека се христољупци и оние кои совршено Го мразат Христа. Кој Го хули Отца, тој е непријател и на Сина. Тие еретици се осмелуваат да тврдат дека, има два бога – едниот добар, а другиот – зол. Каква голема заслепеност! Тие ги именуваат двата бога како два извора на доброто и злото, и тврдат дека и двата се неродени…

Пронаоѓач на сите ереси е Симон маѓесникот – оној кој се обидел да ја откупи со пари непоткупливата благодат на Светиот Дух. Штета на Црквата ѝ нанеле и Керинт, Менандар, Карпократ, Евиониј и Маркион – оние усти на безбожието, кои проповедале различни добри и зли богови. Следбеник на Маркион бил злоимениот Василид, човек ужасен по карактер. Поборник на злобата бил и Валентин – провозгласникот на 30 богови. Бегај од сите еретици, особено пак од оној, кој е едноименик на лудилото – манијата, по име Манес – тој е пронајдувач на злобата, живеалиште на секаква нечистота и тиња на сите ереси! Во Египет бил некој си Скитијан, сарацен по раѓање, кој немал ништо заедничко ниту со јудејството, ниту со христијанството.

Нека нè избави Господ од такви заблуди. На вас пак, да дарува сила против змијата, та кога таа ќе се обиде да ја касне петата ваша, да ѝ ја згмечите главата. Задржете ја во своето сеќавање нашата проповед. Може ли да има согласност меѓу Евангелието и нивното учење? Може ли да се спореди светлината со темнината? Што има заедничко меѓу благоредието на Црквата и подлоста на манихеите? Во Црквата има поредок, има познание на вистината, има непорочност; во неа и погледот кон жена со желба е осудителен, и бракот е чесен, и воздржанието е постојано, и девството е рамноангелско; тука храната се јаде со благодарност, тука се оддава признание кон Творецот на сè, тука се поклонуваат на Отецот Христов, тука се учат на страв и трепет пред Оној, Кој дава дожд, тука се оддава славословие кон виновникот на секое добро!

Присоедини се кон овците и бегај од волците. Не се одделувај од Црквата. Отстранувај се од оние, кои некогаш биле подозриви во такво нешто. Ако времето не ти го покаже нивното покајание – не им се доверувај необмислено. На тебе е соопштена вистината за единоначалието на Бога. Распознај ги билките на учењето. Биди опитен трговец, избирај го доброто, клони се од секакво зло (1. Сол. 5, 21). Ако пак и ти самиот некогаш си бил еретик – тогаш, откако ќе ја познаеш својата заблуда, презри ја. Бог нека ве запази сите непоколебливи, несоблазнети и утврдени во верата на Христа, Кому е слава во вековите – амин.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2016/09/22/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%ba%d0%b8%d1%80%d0%b8%d0%bb-%d0%b5%d1%80%d1%83%d1%81%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b5%d1%80%d0%b5

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Кирил Ерусалимски: Еретиците

СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЕРЕТИЦИТЕ Порокот ја подражава добродетелта, и плевелите се обидуваат да се наречат пченица – и по вид тие прилегаат на пченицата, меѓутоа, по вкус тие се изобличуваат од оние, кои умеат да ги разликуваат. И ѓаволот се преобразува во светол ангел, не за да се врати таму, кад...

Image Description
3 years ago

Светиите како учители по патот, кој води во вечниот живот

СВЕТИИТЕ КАКО УЧИТЕЛИ ПО ПАТОТ, КОЈ ВОДИ ВО ВЕЧНИОТ ЖИВОТ Секоја година, на денот кога го славиме споменот на светите Апостоли, собрано е сето христијанско потомство и има можност во еден ден, во еден празник, да ги сконцентрира сето свое минато, сегашноста и иднината. Така, светиите составуваат год...

Image Description
3 years ago

Свети Јован Златоуст: Воскресение и суд

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ВОСКРЕСЕНИЕ И СУД Да не мислиме, дека делата ни се ограничуваат само во пределите на земниот живот – да почнеме да веруваме, дека задолжително ќе има суд и награда за сите дела што тука го вршиме! Тоа е толку јасно и очигледно за сите, и за Јудеи, и за јазичници, и за еретици,...