Свети Кирил Ерусалимски: Еретиците

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 0 seconds


shop7902-1СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЕРЕТИЦИТЕ

Порокот ја подражава добродетелта, и плевелите се обидуваат да се наречат пченица – и по вид тие прилегаат на пченицата, меѓутоа, по вкус тие се изобличуваат од оние, кои умеат да ги разликуваат. И ѓаволот се преобразува во светол ангел, не за да се врати таму, каде што бил, а за да ги покрие со мракот на слепотијата оние, кои водат рамноангелски живот, и да ги воведе во заразата на безверието. Многу волци одат во овчи кожи – кожите им се овчи, но не и копитата и забите! Нешто повеќе – бидејќи облечени со кожи на кротки животни и измамувајќи ги со надворешност незлобивите души, тие испуштаат од своите заби гнилежен отров на нечестието. Од таа причина, нужни ни се божествена благодат, трезвен ум и будни очи, та јадејќи плевели за пченица, да не претрпиме некаква штета; и примајќи го волкот за овца, да не му постанеме плен; и сметајќи го погубниот ѓавол за благотворен ангел, да не бидеме проголтани од него, зашто Писмото вели: „Ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта“ (1. Петр. 5, 8). Имено, затоа Црквата напомнува, затоа се чита Светото Писмо, затоа се приложуваат проповеди.

За благочестив живот потребни се две работи: благочестиви догми и добри дела – и догмите без добри дела не Му се благоугодни на Бога; и делата, извршувани без благочестиви догми, не се примаат од Бога. Каква е ползата добро да ги знаеш догмите, и во исто време срамно да блудствуваш?! Исто така – каква е ползата да бидеш целосно целомудрен и во исто време нечестиво да хулиш?! Од таа причина, голема придобивка е да ги изучиш догмите, но за целта е потребна трезвена душа, зашто многу се оние, кои вовлекуваат со философија и празна измама. Многубошците вовлекуваат со своето слаткоречие, зашто прилегаат на блудница, на која од устата ѝ тече мед (Изрек. 5, 3). Тоа се оние, кои од обрезанието, од детство, па до старост, поучувајќи се во Божествените писма, и остарувајќи во незнаење, ги измамуваат оние кои доаѓаат со неправилно толкување на тие Писма. Еретиците, со Христовото име, со добри слатки зборови како мед, ги воведуваат срцата на простите луѓе во заблуда, прикривајќи го отровот на своето злочестиво учење. За сите нив во целина Господ говори: „Пазете се, да не ве излаже некој“ (Мат. 24, 4).

Бегај од секое соблазнително влијание и не му се доверувај на лукавиот! Не обраќај внимание на ѕвездоброењето, на гатањето, на баснословните многубожечки предзнаци и претскажувања, а пак маѓесништвото, волшепството и пребеззаконото извикување на мртви – не го допуштај ни до својот слух! Над сè, презри ги сите еретички собранија и секако запази ја својата душа со пост, милостина и читање на словото Божјо, та со добри дела и благочестиви догми да го поживееш останатото време во плотта и да добиеш небесен венец во Христа – амин.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2016/07/04/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%ba%d0%b8%d1%80%d0%b8%d0%bb-%d0%b5%d1%80%d1%83%d1%81%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b5%d1%80%d0%b5

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздаден...

Image Description
3 years ago

Светиите како учители по патот, кој води во вечниот живот

СВЕТИИТЕ КАКО УЧИТЕЛИ ПО ПАТОТ, КОЈ ВОДИ ВО ВЕЧНИОТ ЖИВОТ Секоја година, на денот кога го славиме споменот на светите Апостоли, собрано е сето христијанско потомство и има можност во еден ден, во еден празник, да ги сконцентрира сето свое минато, сегашноста и иднината. Така, светиите составуваат год...

Image Description
3 years ago

Црквата како заедница на Божјиот народ

ЦРКВАТА КАКО ЗАЕДНИЦА НА БОЖЈИОТ НАРОД Старозаветниот израилски народ бил праслика на Божјиот народ – новозаветната Христова Црква. Искупителниот подвиг на Спасителот Христос го поставил почетокот на постоењето на Црквата како ново човештво, како духовно потомство на праотецот Авраам. Со Својата Крв...