СВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА  Свети Игнатиј Брјанчанинов (Верувајте и надевајте се во покајанието, па „Божјото само по себе ќе дојде” кај вас…)

СВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА Свети Игнатиј Брјанчанинов (Верувајте и надевајте се во покајанието, па „Божјото само по себе ќе дојде” кај вас…)

СВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Покајанието се состои во свест за своите прегрешенија и за својата гревовност, во тага заради нив, во принесување на таа свест и на таа тага, со помош на искрена исповед и усрдна молитва пред лицето Божјо, co одлучност и ветување дека ќе се остави гревовниот живот и дека за правило на однесување ќе се земат евангелските заповеди.

За таквото покајание следува простување на гревовите, помирување co Бога, станување блиски co Бога, според јасното сведоштво на Светото Писмо.

…Спасоносниот Божји дар – покајанието – бара да го прифатиме со најголема побожност и внимание. За несреќа, co големиот дар на покајание многумина постапуваат крајно негрижливо и неуко!

Тие не сакаат да сфатат дека покајанието е неспоиво co гревовниот живот. Живеејќи гревовно и чувствувајќи наклонетост кон таквиот живот, тие во одредено време прибегнуваат кон покајание, за да се измијат за миг и веднаш потоа, повторно потонуваат во гревовна нечистотија. Колку страшно се залажуваат себеси!

Последното ќе им биде полошо од првото (2. Петр. 2,20-21).

Да го засакаме покајанието и ќе добиеме спасение. Да го примиме од рацете Господови доживотниот дар на покајание и во свое време ќе добиеме вечен дар на спасение. Себлагиот Бог ќе им даде блаженство на вечноста на оние кои вистински се каат, кои се помириле co Hero и станале Негови.

Ако постојано очекуваш благодат -внимавај: ce наоѓаш во опасна положба! Таквото очекување сведочи дека за себе скриено сметаш дека заслужуваш почести, а пак тоа покажува дена во тебе тлее гордоста.

Покајното чувство на плачот треба да биде својствено на карактерот на христијанинот кој се кае. Оставањето на плачот е знак на измама и заблуда.

Трезвеноста се стекнува постепено: се стекнува долго и напорно; се раѓа првенствено од внимателно читање и молитва, од навика да се внимава на себе, да се бдее, секој збор и секое дело претходно да се промислува, да се внимава на сите свои помисли и чувства. да се внимава на себе, човекот на никој начин да не стане плен на гревот.

За престојување во трезвеност треба внимателно да се чува свежината и светлината на умот. Умот се помрачува од неблагоразумна употреба на храна, спиење, од многуглаголивост, расеаност и секојдневни грижи.

Сите облици на демонска прелест никнуваат од тоа што во темелот на молитвата не е положено покајанието и тоа не станало извор, душа и цел на молитвата.

Прелест е повреда на човековата природа co лага. Прелест е состојба на сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите прародители. Сите ние сме во прелест.

Свеста за тоа поетставува најсигурна заштита од прелеста. Најголема прелест е да се сметаш себеси слободен од прелеста.

Потребно ни е ослободување од лажната состојба во која се наоѓаме, потребна ни е Вистината. Вистината е нашиот Господ Исус Христос (Јован 8, 32; 14, 6).

Да влеземе во таа Вистина co вера во Hea; co молитва да воскликнеме кон Неа и Таа ќе не’ извлече од бездната на самоизмама и демонски лаги.

Има многу заразени co прелеста „мнение”. Секој што нема скрушен дух и кој си припишува какви било вредности или заслуги, секој кој не се држи непоколебливо до учењето на Православната Црква, туку за кој било догмат или предание расудува произволно, според сопствено мислење или според инославно учење, се наоѓа во таа прелест.

Свети Исак Сирин

Подобра е смртта во подвиг, отколку животот во пад.

Верувајте и надевајте се во покајанието, па „Божјото само по себе ќе дојде” кај вас.

Свети Теофан Затворник

Важно е срцето да се направи чисто. Тоа е нечисто од себељубие. во кое живеат и делуваат страстите.

Срцето држете го настрана од задоволствата на светот, кои го заведуваат и го опиваат.

Bo срцето треба да се роди чувство кон Бога… некогаш страв, некогаш надеж, некогаш љубов, некогаш благодарност… Целото внимание треба да се задржи на тоа, пa другите помисли ке отпаднат сами од себе. A чувството кон Бога ја раѓаБожјата благодат.

Без разлика дали живеете во пустина или во манастир или се спасувате во светот – за секого важи законот, срцето да се чисти од страстите.

Пренесено од списанието “Премин” двоброј 61/62, ноември/декември 2009